Натпревар во радио контролирани едрилици во Прилеп
Петок, 24 Април 2009 16:15
На 12 Април 2009 година на спортскиот аеродром "Мало Коњаре" во Прилеп се одржа Куп натпреварот во радио контролирани едрилици од категоријата Ф3Ј кој го организираше аеро клубот "Витачево" од Кавадарци. Еве ги резултатите.
Веќе подолго време во Македонија постои првиот виртуелен сквадрон. Ги замоливме момците да направат едно промотивно видео од нивните заеднички акции кои ги летаат на најдобриот симулатор за модерна борбена авијација - Lock On Flaiming cliffs. Прекрасни перспективи на камери, одбрана музика и вистинските разговори за време на акцијата. Уживајте.
На 5 Април 2009 година на спортскиот аеродром Мало Коњари во Прилеп се одржа Светскиот куп Кавадарци 2009 во слободнолетачки модели за јуниори Ф1Х, кој го организираше аеро клубот Витачево од Кавадарци.
За време на национални прослави како традиција секоја година над унгарскиот главен град се одржуваат ниски прелети со нивните патнички авиони. Овие глетки не само што се импресивни, туку се прилично уникатни. На повеќе имаме неколку фотографии.
Во 1970-тите години за прв пат на американските сателитски фотографии за прв пат се појави овој објект се мислело дека е нормален Џамбо Џет во изградба на земја, но кога подоцна бил фотографиран пловејќи во вода, американските разузнавачи биле зачудени - "што е ова?"
Стручната воздухопловна литература секогаш е вредна и тешка да се најде. Наидовме на еден куп стручни материјали од реномираниот Massachusetts Institute of Technology од областа на воздухопловните студии, астрономијата, физиката и многу други предмети.
На другата страна од војната имаше орел, сребрена птица грабливец - огромниот и прекрасниот B-29 Superfortress. Иако било тешко да се искачи огромниот авион до максималните 40 илјади стапки, кога веќе ќе бил таму, никој не можел да го допре, а со 350 км/ч ниту да го стигне.
Малку поинакви модели од досега видените. Сигурно сите како мали сте правеле авиончиња од хартија, па на повеќе ќе најдете неколку различни начини да бидете што покреативни. Триковите и советите се добиени од: Ken Blackburn, рекордер во Гинис за најдолг лет на хартиен авион, Andy Chipling, еден од најголемите професионалци во правење хартиени авиони во Велика Британија и творец на законите за летање на хартиени авиони за Гинисовата книга на рекорди, Mark Bolitho, експерт во виткање на хартија и Frank Jaeger, инжењер во Airbus.
Огнот на Свети Елмо претставува метеоролошки феномен каде блескава плазма се создава околу заземјен објект кој се наоѓа во атмосферско електрично поле, слично на она во кое се создаваат бурите со грмотевици. Поттикнато од електричното празнење помеѓу заземјениот објект и атмосферското електрично поле, се создава светлосен ефект кој прв го објаснал Бенџамин Френклин во 1750 година.
Повеќето од нас имаат видено фотографии од вонредни слетувања на вода. Слетувањето на вода во многу случаеви е доста поопасно и зема поголем број на жртви од класичните уривања на земја. Сведоци на "чудото од реката Хадсон" каде за среќа немаше жртви, историјата памети уште еден доста сличен случај, овој пат во 1963 година во Санкт Петерсбург.
Фантастични фотографии од воздух од планинските масиви низ нашата република. Фотографиите се со одличен квалитет и екстра големи димензии. Вредат да се погледнат.
Десетте авионски несреќи кои ја променија авијацијата
Недела, 23 Ноември 2008 00:29
Летањето со авион во денешно време е невообичаено безбедно. Само во САД во еден ден се остваруваат повеќе од 50 илјади летови. Споредено со бројот на несреќи кои се случуваат и бројот на превезени патници, јасно е дека летањето претставува убедливо најбезбеден начин на транспорт на денешницата. Но како воопшто стана толку безбедно?
Американски оружја во Руската армија за време на ВСВ
Четврток, 23 Октомври 2008 14:29
За време на Втората Светска Војна САД ја помогнаа Русија со многу различни оружја. Камиони, џипови, воени и карго авиони - многу различна опрема беше испратена во Русија. На повеќе следат уникатни и ретки фотографии од Втората Светска Војна направени од руски војник кој учествувал во овие мисии преку кои се остварувала оваа помош.
На 5 Јули 2008 година на охридскиот аеродром "Св. Апостол Павле" се одржа аеромитинг по повод 55 години од првиот комерцијален лет на овој аеродром. Од понуденото имаше што да се види, присутните беа задоволни од програмата, а на повеќе ќе проследиме неколку фотографии од настанот.