Неексполидрана авионска бомба

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.
Post Reply
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Неексполидрана авионска бомба

Post by avijacijamk »

Неексполидрана авионска бомба од Втората светка војна која 5-6 децении била на нивата од семејството Пуцакоски во прилепското село Големо Коњари, завчера е безбедно уништена од страна на стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување. Под полициско обезбедување на теренот, стручни лица уништувањето го вршеа на лице место бидејќи бомбата најголема досега откриена од Втората светска војна во земјава била активирана, но неексплодирана.
" Станува збор за бомба од 320 либри, долга 1,40 метри со 120 убоен материјал тротил", вели Љупчо Зајковски советник за неактивирани убојни средства од Дирекцијата за заштита и спасување.Неексплодираната бомба за да биде уништена 3 часа се откопуваше и со булдужер внимателно се извлекуваше..Љубопитните жители, чии број не беше мал, контролираното уништување на бомбата, го следат на еден километар оддалеченсот. Од активираната бомба шрапнели летаа и меѓу луѓето,а и искршени стакла од прозорци на куќите кои беа во близина на деактивирањето на бомбата, но за среќа повредени немаше. По експлозијата направен е кратер со гоелмина од 10-тина метри.
"Бомбата најверојатно паднала при повлекувањето на германските бомбардери и останала на нивата", вели сопственикот на нивата 77-годишниот Милан Пуцакоски.
Според неговото тврдење за бомбата повеќепати било алармирано и интервенирано кај надлежните, бидејќи сите овие години тие знаеле дека во нивната нива има бомба. Затоа како што велат во семајството Пуцакоски секоја година при обработка на нивата многу внимателно се заобиколувало местото каде што претпоставувале каде се наоѓа бомбата, која по 6 децении на 1,5 метар под тлото на нивата во саботата беше контролирано и безбеднио уништена.
(А.Ц.)
ВЕСТ
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 7 guests