Чим и јас го имам приметено истото значи стварно упаѓа у очи.
Сепак мислам дека е до невнимание при менување на масло (или сипање нафта, ако се става на истото место).... не ми се верува уште сега да протекуваат.
.......
Украинците по втор пат доцнат со испораката на автобусите
Наместо 84 автобуси, по скопските улици возат само 48. Транспорт и врски веќе осми ден и' пресметува пенали на „Лаз“
Украинската компанија „Лаз“ по втор пат го прекрши договорот тежок 11 милиони евра за производство на 84 нископодни автобуси за градскиот превоз во Скопје. По скопските улици во сообраќај се 48 нископодни автобуси иако Министерството за транспорт и врски и произведувачот се договорија до 31 јули да се реализира целата зделка. Но, Украинците и овој пат не го испочитуваа договорот, па така веќе осми ден од Министерството им пресметуваат пенали во висина од 0,1 отсто од сумата на неиспорачаните автобуси, вкупно за 36 возила. Со оваа испорака, всушност, требаше да се реализира целата зделка. Автобусите, пак, што возат низ Скопје стасаа во неколку наврати, а компанијата прв пат не беше дисциплинирана лани, непосредно пред Нова година до кога требаше да биде испорачана првата пратка од 15 возила. И во тој случај надлежните најавија санкции за компанијата исти како и овој пат. Автобусите тогаш доцнеа речиси два месеца.
Во случајов се шпекулира дури и дека „Лаз“ воопшто нема да ги произведе договорените четири зглобни возила, а надлежните немаат сознанија кога воопшто ќе биде испорачана последната тура единечни автобуси. Од ресорното министерство се оптимисти и веруваат дека компанијата, сепак, ќе го реализира договореното до крајот на месецов. Од Транспорт и од ЈСП Скопје се надеваат дека „Лаз“ ќе се дисциплинира, ќе го сработи договореното за градскиот превоз во Скопје иако, наводно, периодов фабриката е пребукирана со работа. Се зборува дека Украинците не можеле да стасаат со нашата нарачката оти приоритет им било производство на 1.000 автобуси што им ги нарачала државата за потребите на Европското првенство во фудбал, на кое в година Украина ќе биде домаќин.
Со колкави и какви се санкции ќе се соочи „Лаз“, официјална пресметка засега се' уште не постои. Инаку, Министерството за транспорт плаќањето на возилата го врши по секоја реализирана испорака. (Дс.Т.)
http://www.utrinski.com.mk/default.asp? ... A250505C27" onclick="window.open(this.href);return false;