На 27 Ноември 2009 година се одржа прослава по повод постоењето на Хеликоптерската единица на МВР "Јастреби". Прославата се одржа во матичната база на оваа единица во полицискиот комплекс Идризово. Единицата е формирана во 1969 година, но првиот хеликоптер беше купен во 1970 година.
Огнот на Свети Елмо претставува метеоролошки феномен каде блескава плазма се создава околу заземјен објект кој се наоѓа во атмосферско електрично поле, слично на она во кое се создаваат бурите со грмотевици. Поттикнато од електричното празнење помеѓу заземјениот објект и атмосферското електрично поле, се создава светлосен ефект кој прв го објаснал Бенџамин Френклин во 1750 година.
Фантастични фотографии од воздух од планинските масиви низ нашата република. Фотографиите се со одличен квалитет и екстра големи димензии. Вредат да се погледнат.
На другата страна од војната имаше орел, сребрена птица грабливец - огромниот и прекрасниот B-29 Superfortress. Иако било тешко да се искачи огромниот авион до максималните 40 илјади стапки, кога веќе ќе бил таму, никој не можел да го допре, а со 350 км/ч ниту да го стигне.
Повеќе гламур и возбуда, додека денешното летање го сфаќаме како дел од секојдневието и трката со времето. Да погледнеме како изгледаа стјуардесите неколку декади порано...
Пред неколку месеци во Република Македонија за првпат во историјата на Македонското воздухопловство пристигна двомоторен авион. Овој авион пристигна од Велика Британија и е од типот Piper PA-23-250 E Aztec со регистарски ознаки Z3-DCW.
Во секојдневната комуникација помеѓу пилотите и контролорите за буквите кои се употребуваат за идентификување на воздухоплови, навигациски средства, аеродроми и слично, за подобро разбирање и да се намали ризикот на погрешно толкување се користат нивни соодветни имиња. Доколку еден воздухоплов има регистрација Z3-MKD, по радио врска таа би звучела вака: Зулу три - мајк кило делта.
Одличен ресурс за оние кои сакаат да се занимаваат со воздухопловството како професија. На повеќе ја имате најголемата датабаза на контакти и податоци која содржи повеќе од 500 цивилни воздухопловни училишта низ светот. Од механичарски курсеви преку обука за хеликоптери па се до воздухопловна медицина.
На 29 септември 1968 првиот Боинг 747 ''Џамбо Џет'' беше произведен во Еверет, Вашингтон Стејт. Беше познат по една работа - беше голем и фразите како Џамбо станаа дел од секојдневието. Имаше една причина за големината - Боинг предвиде дека кај пазарот во 1970тите е потребен огромен авион кој ќе ги задоволи потребите на авиокомпании. За многумина, Џамбо Џетот го владее небото, но денес, неговото време пополека изминува.
Капетан ги загрозил патниците за да го научи копилотот
Недела, 13 Август 2006 14:08
Истражувачите испратија критики до капетанот на Embraer EMB-120 Brasilia turboprop откако намерно дозволил леталото да се спушти на само 144 метри над вода, за време на редовен патнички лет. Целта на капетанот била да му одржи лекција на копилотот кој стажирал.
На 14 Август 2005 Боинг 737-300 на Хелиос се урна близу Атина. Погинаа сите 121 патници. Летот од Ларнака до Прага преку Атина не воспоставил комуникација со Грчката контрола на летање, со што беа испратени два борбени авиони од грчката армија.
На 9 ноември 2009 година за прв пат на скопскиот аеродром слетаа два авиони од типот АТ-802А Fire Boss кој ќе бидат во склоп на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија. Република Македонија пред една година нарача три авиони од овој тип кои храбро ќе се борат во летните месеци со пожарите кои пустошат голем процент од шумите во Македонија.
Повеќето од нас имаат видено фотографии од вонредни слетувања на вода. Слетувањето на вода во многу случаеви е доста поопасно и зема поголем број на жртви од класичните уривања на земја. Сведоци на "чудото од реката Хадсон" каде за среќа немаше жртви, историјата памети уште еден доста сличен случај, овој пат во 1963 година во Санкт Петерсбург.
Десетте авионски несреќи кои ја променија авијацијата
Недела, 23 Ноември 2008 00:29
Летањето со авион во денешно време е невообичаено безбедно. Само во САД во еден ден се остваруваат повеќе од 50 илјади летови. Споредено со бројот на несреќи кои се случуваат и бројот на превезени патници, јасно е дека летањето претставува убедливо најбезбеден начин на транспорт на денешницата. Но како воопшто стана толку безбедно?
Како се почна? Еден од првите монструозни авиони во историјата на воздухопловите е Ilya Murometz, огромното достигнување по легендарниот Russky Vitaz, првиот воздухоплов со четири мотори.
На 5 Јули 2008 година на охридскиот аеродром "Св. Апостол Павле" се одржа аеромитинг по повод 55 години од првиот комерцијален лет на овој аеродром. Од понуденото имаше што да се види, присутните беа задоволни од програмата, а на повеќе ќе проследиме неколку фотографии од настанот.
Перформанси на млазен авион, по цена на турбоелисен мотор. Вака беше претставен во 1981 година овој иновативен и интересен авион, кој може да пренесе 9 патници.
Како најексплоатиран авион во аероклубовите во Република Македонија е авионот од типот Утва-75. Сите пет аероклубови во Република Македонија имаат по еден авион од овој тип. Авионот Утва-75 е наменет за основна обука на пилоти, влечење на едрилици за општа употреба. Авионот е произведен во фабриката за авиони Утва - Панчево. Првиот лет на овој авион бил на 19 мај 1976 година, а влегол во употреба во 1978 година.
Сигурно сте се запрашале како изгледа секојдневната работа на еден цивилен пилот. Како одговор, ви подготвивме две видеа (полетување и слетување) на МАТ 220 Боинг 737-300 во Цирих. Добро слушајте ја фразеологијата која ја користат контролорите и пилотите, како и процедурите кои ги извршуваат во одредени етапи од летот.
Патот до првото полетување на ултралесниот авион Савана сопственост на дипл.инж. д-р. Дејан Трајковски и на Михајло Атанасов, професионален пилот во МАТ, беше трновит, долготраен но со успешен завршеток, што отвара пат кон нови достигнувања во областа на самоградбата на ултралесни воздухоплови.
Компанијата Боинг ќе го редизајнира и обнови својот најпродаван авион досега, познатиот 747 џамбо џет. Новиот дизајн, наречен 747-8 моментално е во тест фаза и се планирана да започне со летање во 2009. Авионот има нов облик на крилото, доста слично со она кај птиците. Новиот дизајн претставува "најбрзото крило на светот во патничкиот свет", според Боинг.
Аеро клубот "Мирко Тодоровски" од Битола по втор пат успешно организираше аеромитинг на нивниот базен аеродром Логоварди во близина на Градот Битола. Поканети беа сите воздухопловни субјекти во Република Македонија, но нај впечатливи и нај бројни беа воздухопловите на Военото Воздухопловство на Армијата на Република Македонија.
За време на национални прослави како традиција секоја година над унгарскиот главен град се одржуваат ниски прелети со нивните патнички авиони. Овие глетки не само што се импресивни, туку се прилично уникатни. На повеќе имаме неколку фотографии.
На 24 и 25 Мај 2008 година се одржа после 20 години аеромитинг на Спортскиот аеродром "Логоварди" - Битола. Аеромитингот беше вистинско доживување за младите битолчани кои немале прилика да се запознаат со македонското воздухопловство одблизу.
Кога за прв пат ќе погледнете една кабина на модерен патнички авион, едноставно останувате зачудени од бројот на контролни копчиња наоколу низ кабината. Сигурно сте се запрашале за што служат. На следната страна ќе го најдете одговорот.
Нашиот посетител Владо ни испрати еден линк со одлична содржина; сите руски авиони кои некогаш биле произведени или барем нацртани. На повеќе може да прочитате не само за проектите на Бериев низ историјата, туку и за помалку познатите проекти на Фарман, Камов и други.
Boeing business jets објави нов член на оваа фамилија
Понеделник, 23 Октомври 2006 10:55
На 19-ти октомври Boeing Businesss jets славеа 10 годишнина од своето постоење, и на таа пригода го објавија лансирањето на новиот проект - BBJ 3. Авионот базиран на 737-900ER освоил две порачки од непознати купувачи.
Прилепени за страните од авионот и инструментите залепени за магнети, тим од француски доктори во среда ќе се обиде да ја изврши првата операција во бестежинска состојба, подготвувајќи се за извршување на операции во вселената.
Првите 271 авиони Боинг 737 биле направени на Boeing Field, Seattle (BFI). Од тогаш преку 6000 се порачани а преку 5000 авиони се направени. Боинг 737 претставува најпопуларното летало со среден достиг на летање. Денес, преку 1,250 авиони од овој тип се постојано во воздух и во просек еден авион полетува на секои 5 секунди некаде во светот.