Maчките на Груман Печати
Сабота, 14 Јули 2007 12:00

Grumman F4fКорпорацијата Grumman е основана во 1929 година од Лирој Груман и Џејк Свирбул. Почнувајки скромно таа ќе се претвори во водечка компанија во производство на воени авиони. Во 1994 година Груман се спојува со Нортроп и го создаваат концептот на Нортроп Груман.

 

 

Во годините на самостојно постоење оваа компанија ќе произведе многу различни типови на авиони , секако најпознати се авионите од серијата на “мачките“ или the cats. Од периодот на Втората Светска Војна со моделите на Ф4Ф и Ф6Ф, после војната производството на авиони ќе премине во ерата на реактивните мотори со големи брзини, каде секако одговорот е со Ф9Ф Пантер за време на студената војна кој ќе ги понуди многу успешните А-6 Интрудер и Ф-14 ТомКет. Но да почнеме со ред.

Прв дизајн на компанијата е авион двокрилец кој е понуден на Американската морнарица. Тое е Груман ФФ-1, кој има можност да ги собира тркалата. Призведен е во 1930 година. Вооружувањето му се состои од 2 митралеза од 7.62мм и една бомба од 45кг. Произведени се вкупно 57 парчиња. Дел од нив се составени од Канада. Во состав на морнарицата е во служба на носачот Лексингтон. После превооружување на морнарицата авионите се распродадени дел на Хондурас, еден на Јапонија, а преостанатите се продадени на Турција, но не пристигаат, па во 1937 година се интегрирани во шпанското републиканско ВВ.

Grumman F4f

 

Продолжува со Wild Cat F4F

Иван Ефтимов