Iko wrote:filipv wrote:Јас не зборував за процент од БДП, туку за апсолутна сума.
A kade jas go osporiv istoto?
Извини, не мислев дека некаде си го оспорил, но ниту пак реков дека некаде си го оспорил.
Само почнав да го читам постот и забележав излагање за
односот на собрани даноци и БДП, што беше надвор од мојата поента, бидејќи јас зборував кој од колкаво купче мож да заграби и да интервенира во системот, без воопшто да навлегувам како (со колкави даночни стапки) тоа купче настанало. Лихтенштајн може и 70% од приходите да даночи, но тешко дека ќе имаат доволна сума да интервенираат на светските пазари на валути и/или хартии од вредност. Кина, од друга страна, може и само 5% (тропам на памет) да даночи, па пак ќе има позамашна сума за такви директни, „вештачки“ интервенции на пазарите.
Тоа ти е ко, шознам, вода за гасење пожари. Кога има пожар, единствено ти е битно колку литри вкупно имаш, без оглед со кое темпо и колку време се собирале.