ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
-
- Mодератор
- Posts: 14550
- Joined: 31 Jan 2008, 19:20
ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
"Капитал" дознава: Државните електрани се подготвуваат за докапитализација
49% ОД ЕЛЕМ ЌЕ СЕ ПРОДАВА ЗА 750 МИЛИОНИ ЕВРА?!
Консултантот KPMG од Бугарија е при крај со проценката на вредноста на ЕЛЕМ, врз основа на што Владата треба да почлне постапка за докапитализација на ЕЛЕМ, најмногу 49%. Експертите се децидни - приватниот капитал значи подобро менаџирање од државниот и можното котирање на државна компанија на Македонската берза, како што е ЕЛЕМ, е потребно
Бугарската консултантска куќа KPMG ја проценила државната компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) на 1,5 милијарди евра, ексклузивно дознава “Капитал“. Тоа значи дека од продажбата на удел од 49% од капиталот на ЕЛЕМ, како што најави Владата, државата очекува околу 750 милиони евра.
Според информациите на “Капитал“, најдоцна за еден месец бугарската подружница на консултантската куќа KPMG треба да ја информира Владата за проценетата вредност на ЕЛЕМ. Веќе од следната година Владата ќе треба да ангажира консултант и инвестициска банка, кои ќе треба да ги понудат сите стратешки модели за докапитализација на државната компанија за производство на струја. Врз основа на оваа SWOT анализа Владата ќе треба да одлучи под кои услови ќе ја докапитализира ЕЛЕМ, најмногу 49% од капиталот.
Во “Манифестот за реформи и развој“ Владата зацрта за две години да ја докапитализира државната енергетска компанија, а тоа значи до 2013 година.
Ниту од Владата, ниту од ЕЛЕМ јавно зборуваат за емисијата на нови акции и приватизацијата на оваа државна компанија. Извори меѓу консултантите за “Капитал“ откриваат дека можно е ЕЛЕМ да се докапитализира преку емисија на акции кои ќе можат да ги купуваат и граѓаните. ЕЛЕМ може да се приватизира и со влез на домашен или странски инвеститор, кој нема да стане сопственик на компанијата. Потенцијалниот инвеститор може да ја докапитализира ЕЛЕМ на начин што ќе гради енергетски објекти во Македонија и на тој начин етапно ќе добива акции во ЕЛЕМ до 49% од капиталот.
ЕЛЕМ ПРОЦЕНЕТ ТРОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ГЛАВНИЦАТА
Последните официјални податоци од ЕЛЕМ покажуваат дека основната главнина на државната компанија за производство на струја е 31.738.878.000 денари (517.818.006 евра според средниот курс на Народната банка). Основната главнина е поделена на 31.738.878 обични акции со номинална вредност од по 1.000 денари...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "Капитал" од 02 ноември 2011 година (среда).
Почитувани читатели , БЕСПЛАТНО РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ТУКА за да може да ги читате сите изданија на Капитал Медиа Гроуп.

- kocov
- Капетан на SR-71 Blackbird
- Posts: 8783
- Joined: 12 Jan 2008, 18:59
- Location: Republika Bitola
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
E уште оваа требаше да го направат.
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
-
- Mодератор
- Posts: 14550
- Joined: 31 Jan 2008, 19:20
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
kocov wrote:E уште оваа требаше да го направат.
Времето на социална струја заврши.
Крај на пракса се исклучувам од паарно греење ке се грејам на струја по ефтино е!.
- IgorMKD
- Астронаут
- Posts: 15403
- Joined: 23 Nov 2006, 14:06
- Location: Автокоманда, Скопје
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Зоран wrote:kocov wrote:E уште оваа требаше да го направат.
Времето на социална струја заврши.
Крај на пракса се исклучувам од паарно греење ке се грејам на струја по ефтино е!.
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
-
- Mодератор
- Posts: 14550
- Joined: 31 Jan 2008, 19:20
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Мене ми е жал ама системот во кој живееме не е социјализам.IgorMKD wrote:Зоран wrote:kocov wrote:E уште оваа требаше да го направат.
Времето на социална струја заврши.
Крај на пракса се исклучувам од паарно греење ке се грејам на струја по ефтино е!.
Наздравје трезнење!
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35638
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Ете ви мекдоналдс,капитализам и демократија
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
-
- Mодератор
- Posts: 14550
- Joined: 31 Jan 2008, 19:20
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
И ладни домови!dragan_mig31 wrote:Ете ви мекдоналдс,капитализам и демократија
- karamba
- Капетан на Enterprise
- Posts: 14219
- Joined: 26 Jun 2009, 23:07
- Location: Skopje,R.Makedonija
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Ххмм, крајно интересантно , баш да видиме како ќе се развива ова! Вчера ги поминав сите подружници на ЕЛЕМ, без две-три, за еден ден убитачно темпо, никој се уште не беше запознаен со ова.
Поред промената на цената, друг проблем е што многу малку македонски фирми остануваат да работат со овие фирми одкога ќе влезе странски капитал како во случајот со ЕВН али ај за тоа во други прилики, да видиме како ќе заврши ова.

- KVARK
- Политички комесар
- Posts: 3753
- Joined: 06 Aug 2006, 23:39
- Location: New Foxсиче!
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
dragan_mig31 wrote:Ете ви мекдоналдс,капитализам и демократија
И во Шведска е исто, па не се жалат...
Останете желни за знаење! Останете несериозни!
Стив Џобс
Стив Џобс
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35638
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
KVARK wrote:dragan_mig31 wrote:Ете ви мекдоналдс,капитализам и демократија
И во Шведска е исто, па не се жалат...
Да али у Шведска не е западен капитализам на сила,тамо има блага верзија на социјализам
И да додадам дека во Шведска не се приватизираат сите могуќи државни природни ресурси и компании кои се од стратешко значење.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
- kocov
- Капетан на SR-71 Blackbird
- Posts: 8783
- Joined: 12 Jan 2008, 18:59
- Location: Republika Bitola
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Во ред но зошто Грција како членка на унијата не ги продава тие капацитети. Или една Франција каде поголем дел од нуклераните централи се државни, јас не сум да се продават тие сепак се наши ресурси и ке ги трошат и сега на тоа некој да ми надплајка, па не е во ред сепак тие капацитет се правени со пари на Републиката, а верувајте ме никој нема да ги купи колку што коштале еве да речиме во 1975 никоја ке се оди да се купат за бадијала па после ке ни се случува окта и ред други работи јас му против продажбата на енергетските капацитети. Да се градат приватни сум нема тука ако сака приватник нека си изгради нема што тука, ама да се продават веке државните сум против.
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
- AlexGreat
- Пилот на Су-25
- Posts: 13296
- Joined: 05 Mar 2009, 22:18
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Не ми е јасно, сите економски експерти кои се на власт и кои имаат дипломи од странски светски признати универзитети, зарем незнаат дека „златни кокошки„ не се продаваат?
Svi ruski ratni ciljevi biće ostvareni, ali postepeno. Pošto se postepeno i menjaju.
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
4 бомбастично гласни слогови: ПРО-ВИ-ЗИ-ЈА.AlexGreat wrote:Не ми е јасно, сите економски експерти кои се на власт и кои имаат дипломи од странски светски признати универзитети, зарем незнаат дека „златни кокошки„ не се продаваат?
... под закрила на либерализација на пазарот на енергетска дистрибуција.
- Bobby
- Капетан на B747
- Posts: 832
- Joined: 14 Nov 2009, 02:56
- Location: OHD - SKP
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Уште ова да се случи и од нас дефинитивно држава не бидува. Нема да коментирам зошто...
Се раководат од изреката - Кај што буши пара, бургија не буши и тераат.
Јадни ние...
Кога доагаш на власт забораваш на реалноста, а јебеш и диплома и знаење ( во случајов кај нас „знаење“).AlexGreat wrote:Не ми е јасно, сите економски експерти кои се на власт и кои имаат дипломи од странски светски признати универзитети, зарем незнаат дека „златни кокошки„ не се продаваат?
Се раководат од изреката - Кај што буши пара, бургија не буши и тераат.
Јадни ние...
To live is the rarest thing in the world, most people exist, that's all...
- Saso
- Падобранец
- Posts: 163
- Joined: 04 Mar 2008, 10:26
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
не мора да земат провизија ќе добијат 750+ м евра што ќе можат да ги потрошат на разно разни тендери за споменици, музеи и слични набавки чија заедничка карактеристика е што многу тешко им се докажува стварната цена на чинење
-
- Mодератор
- Posts: 14550
- Joined: 31 Jan 2008, 19:20
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Да тргнеме розеви очила од пред носот.
Во енергетика државата нема инвестирано 30 години, а потреби допрва ке растат.
А за инветиции дали се нопходни да неопходни се ....
А како поинаку ке ги задоволиме растечките потреби, во брзо време и Чебрен и Галиште и Луков поле нема да не крпат туку Гасна Централа во енергетика со мокност
350 Мвати.
Па се на се ете како јас би ги потрошил 750 милиони долари.
Во енергетика државата нема инвестирано 30 години, а потреби допрва ке растат.
А за инветиции дали се нопходни да неопходни се ....
А како поинаку ке ги задоволиме растечките потреби, во брзо време и Чебрен и Галиште и Луков поле нема да не крпат туку Гасна Централа во енергетика со мокност
350 Мвати.
Па се на се ете како јас би ги потрошил 750 милиони долари.
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35638
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Зоран не се сите ко тебе со овие пари е многу могуѓе да се финансира нова 2001ва
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
-
- Mодератор
- Posts: 14550
- Joined: 31 Jan 2008, 19:20
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Pu pu pu skraja da e....
-
- Mодератор
- Posts: 14550
- Joined: 31 Jan 2008, 19:20
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
И како што се плашев така и ке биде,
купите си кебе по дебело и да не е електрично...нема да ве згрее оваа зима.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp? ... 874E0C1826" onclick="window.open(this.href);return false;
купите си кебе по дебело и да не е електрично...нема да ве згрее оваа зима.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp? ... 874E0C1826" onclick="window.open(this.href);return false;
- karamba
- Капетан на Enterprise
- Posts: 14219
- Joined: 26 Jun 2009, 23:07
- Location: Skopje,R.Makedonija
- Contact:
Re: ЕЛЕМ- електрани оди на продажба
Имав неколку слики од Дебарско езеро сликани на почеток на ноември ама по грешка ги избришав, јадно и бедно изгледа како и повеќето акумулации кај нас, како мочуришта се , јбг мајка природа е тоа, пред некоја сезона па ко ќе видиш се прелеваа, вртеа турбините ко луди а со тоа и с-ката на ЕЛЕМ добро се офајди...Зоран wrote:И како што се плашев така и ке биде,
купите си кебе по дебело и да не е електрично...нема да ве згрее оваа зима.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp? ... 874E0C1826" onclick="window.open(this.href);return false;
Who is online
Users browsing this forum: Bing [Bot] and 12 guests