Здраво
Ако Ви се глупи моите теми, тргнете ги. Сепак ова е форум за авијација. Кога ќе стигнам до делот со авијацијата, ќе постирам тогаш дизајни од роботи.
На сликите е мојот втор робот кој ќе биде дизајниран да решава лавиринт. Треба самостојно да го анализира лавиринтот и да пронајде кој е излезот.
Се читаме, се надевам со функционален робот, бидејќи засега работи само в глава кај мене.
Шасија за мојот втор робот
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33505
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
Re: Шасија за мојот втор робот
Слободно ставај ги проектите тука... интересни се. Здравје боже да напраиш и некое UAV.Flug wrote:Ако Ви се глупи моите теми, тргнете ги.
P.S. Ова горе ми личи на нешто од Robot Wars.
- Flug
- Капетан на B737
- Posts: 518
- Joined: 19 May 2007, 17:42
Re: Шасија за мојот втор робот
Напредок - направив прототип од очите(сензорите) преку кои роботот ќе прави 2D слика на теренот околу него. Вакви ќе има три пара. Овие очи се многу подобри отколку тие кај првиот робот - поосетливи, имаат пошироко фотометриско тело, реагираат на голема далечина итн.
- Flug
- Капетан на B737
- Posts: 518
- Joined: 19 May 2007, 17:42
Re: Шасија за мојот втор робот
Мојот втор робот.
http://www.youtube.com/watch?v=nM90WHPgdT0" onclick="window.open(this.href);return false;
Реков дека ќе решава лавиринт, ама сфатив дека е преголем залак за програмскиот јазик кој го користам. Кога ќе дојде време да користам понапреден програмски јазик, тогаш ќе бидне и таков робот.

- Столе Маф
- Капетан на SR-71 Blackbird
- Posts: 5691
- Joined: 12 Jun 2011, 16:03
- Contact:
Re: Шасија за мојот втор робот
Флуг , има овде твои прсти ?
Џини прв македонски робот .
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=55110" onclick="window.open(this.href);return false;
Џини прв македонски робот .
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=55110" onclick="window.open(this.href);return false;
- Flug
- Капетан на B737
- Posts: 518
- Joined: 19 May 2007, 17:42
Re: Шасија за мојот втор робот
Не другар, немам вмешано прсти. Ама уште правам роботи во слободно време. Еве го третиот робот, завршен годинава во месец Април. Особено сум горд на неговата механика, под црната платформа има прилично комплициран пренос за да биде изработен во домашни услови, преку зима, на -5 степени надвор.
https://www.youtube.com/watch?v=xRgIzm6NZik" onclick="window.open(this.href);return false;
Не верувам дека сте свесни колку моќна електроника и колку моќни платформи се продават во хоби продавниците. Сега сум во потрага по нова идеја за робот. Сакам да одам на помоќна платформа и да му ставам камера, препознавање на цели, пукање... листата е бескрајна.
https://www.youtube.com/watch?v=xRgIzm6NZik" onclick="window.open(this.href);return false;
Не верувам дека сте свесни колку моќна електроника и колку моќни платформи се продават во хоби продавниците. Сега сум во потрага по нова идеја за робот. Сакам да одам на помоќна платформа и да му ставам камера, препознавање на цели, пукање... листата е бескрајна.
- Flug
- Капетан на B737
- Posts: 518
- Joined: 19 May 2007, 17:42
Re: Шасија за мојот втор робот
Си го прочитав претходниот пост на темава и видов дека сум пишал дека не можело во истиот програмски јазик да го напишам кодот за робот кој решава лавиринт. Е па кодот е напишан во истиот програмски јазик за кој сум пишал дека е многу тешко да се искористи за да се напише код за лавиринт. Излегува дека не е тешко, туку во времето кога сум пишал такво мислење не сум бил доволно извежбан во тој јазик, а и плус бев врзан со време и под притисок. Кога завршија обврските, опуштено полека-полека го напишав кодот во иститот јазик. Сега фокусот ми е на Raspberry Pi Model B, сакам некое роботче со тоа да направам.
Инаку јас сум голем противник на безделничење во слободно време, односно би било попрецизно ако кажам трошење на слободното време на некреативни активности, затоа почнав да се занимавам со нешто креативно во слободно време. Никогаш не ги прифатив и нема да ги прифатам класичните начини за пополнување слободно време, кои најголемиот дел од населението во МКД ги има прифатено, ако не и најголемиот дел од светското население, а тие се: гледање серии, гледање турски серии, гледање Zvzezde Granda, Pink Zvezde, седење во кладилници, седење во слаткари, седење пред зграда и слично. Да не ме сфатите погрешно - и јас знам да изгледам филм на компјутер, ама само кога ќе ми се смачи стварно од програмирње, електроника и мајсторисување во мојата работна соба. Од луѓе со кои што конткатирам гледам дека многу луѓе грешно сфаќаат како треба да биде поминувањето на слободното време, како треба да оди личната надградба и што е уште пострашно, гледам дека не знаат што значи да си проактивен. Гледам дека не знаат дека никој нема да ги земе од дома и да им тури знаење со инка освен ако не се потрудат сами. И ми е убаво кога ќе се оградам од класичните размислувања и класичниот начин на пополнување на слободно време, кога нема да потклекнам на политиката, на религијата и на сето друго расипано што се нуди на телевизија и на вестите и на сето расипано што се нуди во државата и во светот. Со помош на интернет, книгите од било која област се само на два клика од тебе, гревота е да дозволиш да бидеш слеп и квази интелектуалец кога околу нас има знаење и информации во книгите кое е лесно достапно. Идејата да го користам слободното време како што го користам ја добив како резултат на бунт што се јави во мене откако се вратив од студии и добив културен шок - на телевизија дебилни серии, дебилни контактни емисии, дебилни вести, некоја будала те убедува дека е сето розово, смрдливи кафани наоколу, пијани, ужасен турбо фолк... Решив да не дозволам да се претопам во тоа што ми се нуди од околината, решив да не се назадам кога имам толку лесно достапни информации. И убаво ми е што не дозволив.

Со среќа Флуг , се надевам дека ќе издржиш во своите определби во оваа шума од неделкани дрвја .
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 16 guests