filipv wrote:доколку бројките за количеството злато во Мали кои ги презентираше Драган се точни (не ги прверив), тогаш неговата вредност во споредба со бдп на франција е ситна боранија.
Па добро, можеби златото со тие 20тина % со кое учествува во БДП на Мали кое е вкупно 10.6 миљарди долари, споредено со БДП на Франција е минорна бројка, но и те како би бил добар бизнис на мала група моќници од Франција кои ја креираат надворешната политика на земјата која и те како е неоколонијалистичка и опортунистичка.
Ја пратам темата и гледам дека упорно, како пијан за плот, се држиш до тоа дека Франција интервенира во Мали само затоа што потпишала некој договор со кој наводно се обврзува да пружа воена помош ако тоа го побара Мали. До толку си наивен да веруваш дека Франција е во Мали само заради тој договор? Зарем мислиш дека Франција се плаши во случај да не го испоитуваше договорот, дека од страна на Мали ќе биде дадена на некаков меѓународен суд? Еве на своја кожа видовме дека таквите договори не мора да бидат испочитувани од поголемите и помоќните. Па дури и кога меѓународн суд ќе пресуди во корист на помалиот и послабиот не значи дека поголемиот и помоќниот ќе мора да продолжи да го почитува договорот.
Исто велиш дека Франција не е во Мали заради ураниумот и нафтата. Исто тврдиш дека ураниумот е една од најраспространетите руди во светот и дека Франција нема потреба да војува за ураниум што според мене е чиста глупост. Годишно се произведуваат околу 57000 тони ураниум во цел свет(според википедија). Можеби изгледа многу ако го товараш рачно,
но бројката доволно говори дека тоа е и те како редок минерал за кој државите војуваат не заради тоа што како бизнис е профитабилен(не е, 57000 тони = 13 миљарди долари) туку дека како енергенс е многу битен.
ПС Во контекст на темава. Најави за испраќање на топовско месо од страна на сите бивши француски колонии во борба против бунтовниците....Нигер, Чад, Бурка Фасо, Сенегал, Гана, легионери...
http://www.loveworldtv.co.uk/first-nige ... n-in-mali/
I would rather die on my feet than to live on my knees.