Тоа е Џемс, морони тешки. Навистина не знам што им е идеата за уништувањето. Го користиме сите за секого, и планинари, и велосипедисти и моторџии. И македонци и албанци и странци.
Отишле специјално за да биде уништено. Во почетокот мислев дека се кршени со камења од надворешната страна, ама го искршиле катанецот и влегле на втората страна, искршиле и украле нешто од алатот горе останат, пробале и го оштетиле генераторот со кој се работаше, подлошки од скај о од стиропор за под вреќи за спиење, ги искршиле масите и клупите на склопување на првата и втората платформа, пробале да ја запалат и првата и втората платформа со нафтата за генераторот. Искршиле десет прозори и што стигнале.
Пријателиве од Аргентус почнаа со по некое санирање, првенствено на некои од прозорите за да се заштити внатрешноста колку што може, а понатаму ќе помагаме колку што можеме. Среќа, премазот за подови што беа нанесени на платформите, си ја завршија работата, па пожарот не успеал да се прошири и оштети премнигу.
Навистина не сакам да дознаам кои се (најверојатно се работи за две лица), инаку и јас ќе заглавам робија.
Инаку, чисто за инфо, таму ја дочекав новата година лани со уште еден пријател.
Ах да, да не заборавам, колекторот за електрична енергија која ја носевме на кулата не работеше, после првата година се расипа некое реље или нешто слично и не дојде ниеден електричар за да го поправи или замени истото. Не дека правеше кој знае колкава струја, ама барем додека работеше, имаше осветлување. И не, нема доволно електрична енергија горе за камери.
П.С.
Модераторите би можеле да го одвојат овој дел и да го префрлат на темата за кулата на Титов Врв.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"