Нуклеарка во Македонија

Неврзани работи кои и немаат баш многу врска со авијацијата.
Simple chit chat for things that may not really correspond with aviation.

Дали сте за изградба на нуклеарка

Poll ended at 29 Sep 2013, 18:05

Да
8
36%
Не
14
64%
 
Total votes: 22

User avatar
Makedon
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1486
Joined: 11 Jan 2011, 20:42
Location: Skopje, Macedonia
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Makedon »

Флуг убаво кажа, а и јас да спомнам 2-3 збора. Точно на факс имавме предмет нуклеарни централи никој не го одбираше, јас сакав ама заради мал број на студенти не можав да го слушам.

Прво и основно Македонија е трусно подрачје, така да шансите за хаварија се зголемуваат.
Второ (Вардар е мал за таа намена) Црна да ја лади не ме зезајте, за споредба Козлодуј во Бугарија ја лади Дунав. И оној муабет дека радиоактивната вода е затворен циклус, точно но што се случува во случај на хаварија (Фукушима, Чернобил......).
Трето на Иран не му дозволуваат да гради, а не пак на нас двамилионска Македонија во нестабилен Балкан.
Четврто имате ли претстава колку чини една нуклеарна централа со еден блок и тоа со средна моќност до 500 MW, грдни пари за кои ние можеме да сонуваме (Белене не се гради заради недостаток на средства, па затоа бугариве молеа по балканциве сите да се вклучат во изградбата)
Петто, ние немаме нуклеарни инженери, немаме ни факултет за тоа, а најмалку искуство со нуклеарна енергија.
Шесто и најбитно нукларна централа не се гаси, освен во случај на хаварија и ремонт. Значи со оваа централа Македонија ќе има премногу количество на енергија, која не можеме да ја продадеме заради слаба далноводна мрежа (која е оптеретена до максимум и со сегашните услови)
. Значи таа би требало да работи само зимно време (4-5 месеци), со тоа ти имаш наново голем загубар но сега е крајно опасен. Со пуштање и запирање на производство се зголемува шансата за хаварија за едно 50%.

Да не паламудам, уште многу имам да пишувам на темава зошто не ни треба нуклеарка и сум крајно против (момци една Јапонија ќе се откажува од нуклеарките, Германија веќе ги исклучи ние сега ќе се правиме паметни).

Македонија има одличен воден потенцијал кој и те како не е искористен (Чебрен и Галиште треба да бидат хидроелектрани со средна моќност заедно некаде околу 300 MW) плус изградба на останатите мали хидроелектрани по Вардар и текако ќе си подобриме сликата за енергија во иднина.
Тука ја вметнувам ТЕЦ Неготино пренаменета на гас, плус ветерници и горе доле тоа е потрошувачката на енергија за Македонија.
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Зоран »

Makedon wrote:Флуг убаво кажа, а и јас да спомнам 2-3 збора. Точно на факс имавме предмет нуклеарни централи никој не го одбираше, јас сакав ама заради мал број на студенти не можав да го слушам.

Прво и основно Македонија е трусно подрачје, така да шансите за хаварија се зголемуваат.
Второ (Вардар е мал за таа намена) Црна да ја лади не ме зезајте, за споредба Козлодуј во Бугарија ја лади Дунав. И оној муабет дека радиоактивната вода е затворен циклус, точно но што се случува во случај на хаварија (Фукушима, Чернобил......).
Трето на Иран не му дозволуваат да гради, а не пак на нас двамилионска Македонија во нестабилен Балкан.
Четврто имате ли претстава колку чини една нуклеарна централа со еден блок и тоа со средна моќност до 500 MW, грдни пари за кои ние можеме да сонуваме (Белене не се гради заради недостаток на средства, па затоа бугариве молеа по балканциве сите да се вклучат во изградбата)
Петто, ние немаме нуклеарни инженери, немаме ни факултет за тоа, а најмалку искуство со нуклеарна енергија.
Шесто и најбитно нукларна централа не се гаси, освен во случај на хаварија и ремонт. Значи со оваа централа Македонија ќе има премногу количество на енергија, која не можеме да ја продадеме заради слаба далноводна мрежа (која е оптеретена до максимум и со сегашните услови)
. Значи таа би требало да работи само зимно време (4-5 месеци), со тоа ти имаш наново голем загубар но сега е крајно опасен. Со пуштање и запирање на производство се зголемува шансата за хаварија за едно 50%.

Да не паламудам, уште многу имам да пишувам на темава зошто не ни треба нуклеарка и сум крајно против (момци една Јапонија ќе се откажува од нуклеарките, Германија веќе ги исклучи ние сега ќе се правиме паметни).

Македонија има одличен воден потенцијал кој и те како не е искористен (Чебрен и Галиште треба да бидат хидроелектрани со средна моќност заедно некаде околу 300 MW) плус изградба на останатите мали хидроелектрани по Вардар и текако ќе си подобриме сликата за енергија во иднина.
Тука ја вметнувам ТЕЦ Неготино пренаменета на гас, плус ветерници и горе доле тоа е потрошувачката на енергија за Македонија.
@ Makedon

Хипотетички ако ја имаме нуклеарката и имаме вишок струја мада 500 мега вати се два Блока од РЕК немора да се гаси нуклеарката тук блоковите на лигнит.
За жал Македонија е сиромашна со ресурси.
А за дистрибутиваната мрежа дека е лоша не се согласувам со тебе, секое лето ЦЕЛОКУПНИОТ увоз на Грција оди низ нашите далноводи.
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Зоран »

Ова ги менува плановите од корен ,
http://faktor.mk/archives/74152?utm_sou ... i-opravdan" onclick="window.open(this.href);return false;

Image
User avatar
Makedon
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1486
Joined: 11 Jan 2011, 20:42
Location: Skopje, Macedonia
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Makedon »

Зоран wrote: Хипотетички ако ја имаме нуклеарката и имаме вишок струја мада 500 мега вати се два Блока од РЕК немора да се гаси нуклеарката тук блоковите на лигнит.
За жал Македонија е сиромашна со ресурси.
А за дистрибутиваната мрежа дека е лоша не се согласувам со тебе, секое лето ЦЕЛОКУПНИОТ увоз на Грција оди низ нашите далноводи.
Сигурен си Зоки дека Македонија нема ресурси??
Резерви на јаглен има Македонија уште 50-тина години, откако го отворија новиот коп во Битола.
Имаме одличен хидропотенцијал и во голема мера е неискористен.
А за далноводите, Зоки ни треба далновод за Албанија земја која има страшен недостаток на струја, па Тирана е како зона самрака постојано е со рестрикции, ни треба далновод кон Косово и да не редам.
Оваа мрежа која ја имаме ја задоволува потребата на Македонија во сегашно време, збориме за нуклеарка која ќе произведува малтене уште колку еден РЕК Битола, мрежата ќе биде преоптеретена (башка овој муабет е правен со професори од машински кои знаат побајаги од нас во оваа област).
User avatar
Makedon
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1486
Joined: 11 Jan 2011, 20:42
Location: Skopje, Macedonia
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Makedon »

Зоран wrote:Ова ги менува плановите од корен ,
http://faktor.mk/archives/74152?utm_sou ... i-opravdan" onclick="window.open(this.href);return false;

Image
А ова е интересен проект кој за Србија е добар но треба да видиме за нас колку е добар. Мислам на тоа колку бенефит ќе донесе, ама и колку штета ќе ни донесе.
Бенефит - брз транспорт на стоки и луѓе до Солунското пристаниште
Штета - колку хектари плодна почва ќе однесе долж повардарието
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Зоран »

Makedon wrote:

Македон батка ( другарче)
За со косово имаме делновод и тоа предимензиониран , Скопска железара се снабдуваше со струја од Косово ( Обилиќ 2 е направен со Македонски пари а плакан со струја)
Албанија има најголем хидро потенцијал на Балкан реки со стрмен пад ( За тоа ЕВН таму прави хидроцентрали аи дално водски сме врзани у Ринг.
Макате е кај нив кога ке има суша имааат струја на Лажиче.
А ако се направи и нуклерка тоа ке е поврзано со соодветен пренос.
И да скратам Скопје се напојува со струја од 5 страни токлу за преносот.
Да не бидам лошо сватен ништо лошо и да се Направат И Чебрен и Галиште и Реверзибилни хидроелектрани ( Ташмарунишата се викаше проектот )и Вардарска долина.
Но Како што Кажа проф Константин делимитров милсма се презиваше ни треба и силата на атомот.
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Зоран »

Makedon wrote:
Зоран wrote:Ова ги менува плановите од корен ,
http://faktor.mk/archives/74152?utm_sou ... i-opravdan" onclick="window.open(this.href);return false;

Image
А ова е интересен проект кој за Србија е добар но треба да видиме за нас колку е добар. Мислам на тоа колку бенефит ќе донесе, ама и колку штета ќе ни донесе.
Бенефит - брз транспорт на стоки и луѓе до Солунското пристаниште
Штета - колку хектари плодна почва ќе однесе долж повардарието
Не би требало да се енормно широки ако си бил на Гердап слично ке е и овде применето како решение.
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 35702
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by dragan_mig31 »

Не си прајте бајрам на памет.Каква нуклеарна централа какви бакрачи.Неписмени новинари праат спиноф на стари вести кои исто така се спиноф на уште постари.Нема да има ништо од ова.Немаме асални аутопутишта па ќе праеле нуклеарна.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
apo_bullseye
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1695
Joined: 26 Feb 2010, 13:53
Location: Скопје
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by apo_bullseye »

Image

:D
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 6117
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Trpkovski Vladimir »

Околу нуклеарката, уште во осумдесетите години се правеше муабет да се направат уште осум нуклеарки во бившата ни држава, од кои една во Македонија, и тоа во Овчеполскиот регион.
Проектот пропадна поради противењето на народот (некаде во тоа време беше Чернобил).

Што се однесува до вода за ладење на реакторот, па што мислите вие, колку вода треба за тоа ?? Доволен е најобичен поток кој би ја ладел течноста која го лади реакторот (двоен прстен за ладење) која се наоѓа во затворен круг на струење.

Најголем проблем е со складирањето на нуклеарниот отпад од нуклеарната централа. Во бившојугословенскиот проект (Кршко плус осум Н централи) за складирање на отпадот беа предвидени искористените рудници за сол во Тузла и околината, бидејќи таму радијацијата најлесно се впиваше и не излегуваше надвор.

Зоран wrote:Ова ги менува плановите од корен ,
http://faktor.mk/archives/74152?utm_sou ... i-opravdan" onclick="window.open(this.href);return false;

Image
Ај да сме живи и здрави, дојде време кинезите да ни го кажуваат она што ние самите сме го утврдиле уште пред педесет години.

Вакви иницијативи ималу уште во Кралството Југославија, додека испитувања на трасата и исплатливоста е правена уште кон крајот на педесетите и почетокот на шеесетите години во бившата ни држава. За жал, никогаш не се собраа довлоно пари и да се реализира проектот.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Зоран »

До вољата е Влатче а каналов јас мислам ке го биде.
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by kocov »

јас сум за нуклеарна централа, и со време околку таа централа да стани центар за преработка на ураниумска руда, инаку затоа е предвиден Чебрен и Галиште кој треба да обезбедат вода, иако можи во затворен систем да се користи вода за ладенје само ке треба да се лади кондезаторо, исто така на пример во Тајван се користат мали реактори од подморници за добивање на електрична енергија. На вистина немаме кадар но ке се создаде и таму нема да можи партиски да се стават работници не можиме некој си ново печен човек со сточарски факултет да го ставиме на реакторите. За зелената енергија е добра но некако бавно се развива кај нас на пример ветер кај нас е слабо искористен но и нема кузне што ветер да дува освен по вардарска долина.
Но проблем кај нас е тоа што никој не изработува ниту сончеви колектори, ниту ветерници, исто така треба да се искористи и енергијата на брановите што ја имаа во Преспанското и Охридското езеро. И гледајте на добрата страна дечки ке си правиме гранати со осиромашен ураниум
Last edited by kocov on 25 Sep 2013, 16:28, edited 1 time in total.
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by kocov »

Зоран wrote:Ова ги менува плановите од корен ,
http://faktor.mk/archives/74152?utm_sou ... i-opravdan" onclick="window.open(this.href);return false;

Image
ке се оствари соното на царска русија да го забиколат истанбул, но сега канал ке биде направен од Кинези не од Руси
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
Iko
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 45873
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Iko »

I onaka za 30-40 godini site kje govorime Kineski...
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by kocov »

тежок јазик е ама тие што ке го знаат ке бидат во голема предност
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by firefox »

kocov wrote:јас сум за нуклеарна централа, и со време околку таа централа да стани центар за преработка на ураниумска руда, инаку затоа е предвиден Чебрен и Галиште кој треба да обезбедат вода, иако можи во затворен систем да се користи вода за ладенје само ке треба да се лади кондезаторо, исто така на пример во Тајван се користат мали реактори од подморници за добивање на електрична енергија. На вистина немаме кадар но ке се создаде и таму нема да можи партиски да се стават работници не можиме некој си ново печен човек со сточарски факултет да го ставиме на реакторите. За зелената енергија е добра но некако бавно се развива кај нас на пример ветер кај нас е слабо искористен но и нема кузне што ветер да дува освен по вардарска долина.
Но проблем кај нас е тоа што никој не изработува ниту сончеви колектори, ниту ветерници, исто така треба да се искористи и енергијата на брановите што ја имаа во Преспанското и Охридското езеро. И гледајте на добрата страна дечки ке си правиме гранати со осиромашен ураниум
Значи @Kocov според тебе проблем е да се изработат сончеви колектори и ветерници, попат "зелената енергија" бавно се развивала кај нас, ама затоа нуклеарка е ситна работа!? :? Само ќе треба да набавиме реактори од подморници и здравје кадар ќе стокмиме преку ноќ - еден факултет мање-више на овие два-триста што ги отворивме со интердисциплинарни студии, ќе заврши работа ....цццц, абе нас не не бива зеленчукот да си го продадеме како што треба, секоја година се тегнат земјоделциве со државата, те за субвенции, те за откуп, те мерка за заштита на цената за житото воведувавме...., нуклеарка ќе сме правеле! Јас стварно незнам дали се читате или ние Македонците за се и со се си лечиме комплекси? Дај малку симнете се на земја, земете ги само леталата во армијава како тема на овој форум. Војската кубури со редовно оддржување, војницине немаат саглам храна и униформи, им испократија се што им следуе, нуклеарки ќе градиме. Како велат - карабина да дигнеш е најлесното кај една куќа, ама да ја стокмиш внатре и да ја оддржуваш е два пати поскапо од кревањето. Седнете си на газето и не бладајте нуклеарки и незнам ти што. Тоа се прикаски за мали деца, а ние овде треба малку пореално и посвесно да ги гледаме работите!
User avatar
rambo 2
Едриличар
Едриличар
Posts: 286
Joined: 02 Mar 2009, 21:09
Location: Skopje, Makedonija

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by rambo 2 »

Нуклерка во Македонија ова е виц на месецот ха, ха. ха. :lol: :lol: .Шала на страна другари нас дефинитивно ни треба нуклеарка ама од едно 100 мегатони да не прочисти малце :shok:
God would have mercy...John Rambo won't.
Зоран
Mодератор
Mодератор
Posts: 14550
Joined: 31 Jan 2008, 19:20

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Зоран »

rambo 2 wrote:Нуклерка во Македонија ова е виц на месецот ха, ха. ха. :lol: :lol: .Шала на страна другари нас дефинитивно ни треба нуклеарка ама од едно 100 мегатони да не прочисти малце :shok:
Нема таква нуклеарка од 100 Мегатони ( има од 100 негавати)
И кога Бугарите можат да ползуваат 4 ри нуклеарни реактори можеме и ние.
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 9689
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by Bobo »

Зоран wrote:
rambo 2 wrote:Нуклерка во Македонија ова е виц на месецот ха, ха. ха. :lol: :lol: .Шала на страна другари нас дефинитивно ни треба нуклеарка ама од едно 100 мегатони да не прочисти малце :shok:
Нема таква нуклеарка од 100 Мегатони ( има од 100 негавати)
И кога Бугарите можат да ползуваат 4 ри нуклеарни реактори можеме и ние.
Зоки да не зимаш ти процент од нуклеаркава,ептен ми ја форсираш нешто :D
Ready to take photos!
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Нуклеарка во Македонија

Post by kocov »

Никаде не реков против зелената енергија ама кај нас никој не прави ниту сончеви колектори за ел енергија ниту ветерници, иако сеуште зелената енергија не можи да ја замени енергијата што се добива од термоцентрали или хидроцентрали или нукеларни централи, лугето барат енергија да приклучат еден гајтан и да гледат ТВ , да му работи ПЦ значи не му гајле како ке дојдат до таа енергија.
За нукеларната енергија еве Пакистан во глобала е ништо повеке од една голема населба како Шутка па имат нукеларани реактори, не сум до толку алабаци да не можиме да направиме кадар за одружување на тие рекатори. Кога споредуваш за земјоделците не се за жалење ти во градот Скопје ти дава некој субвенција ? дека живееше во градот никој ти дава, на вистина имаа селани што се богати и имаа што се сиромашни но грото барем во пелагонија имат примања од најмалце од 4000 евра на година, тука е тутунот, млеко, месо барем ако не друго имаат бесплатна храна јас мора да купам храна тие не мора оти ја произведуват. А за куки па јас таква кука градам од татоми имаше направена само карабина, па дури послен 20 години со мојот татко почнав внатре да ја уредувам незнаев да малтерисувам научив, незнаев да ѕидам научив, незнав да местам ел инсталација научив бев на курс, значи ако се сака ке се научи немав пари мораше на тој начин да работам, но ништо не изгледа дека е тешко ако се сака да се направи . Нукеларнта енергија е добра барем за нас ако не друго за истражување ние сме единствени во европа која нема никаков реактор за некој си нуклеарни истражувања, и оваа со централата е предлог. Ако сами не се веруваме дека можиме нешто да направиме никогаш нема ништо да направиме.
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: Google [Bot] and 12 guests