Гледам recap на годинава се прави па и јас што би рекле јенкиве да ги дадам моите 5 центи
Искрено мислам војнава дека е во топ најголемите глупости 1923-2023 а богами конкуренцијата е жестока
Да почнеме со влезот, јас ден денес не сум сигурен зошто го почнаа русиве нештово пошто како им оди изгледа ко тие да се нападнати а не некој да нападнале
Што планираа, дали беше некое епско обавештајно насамарување и дали ги насамарија западњациве или сами внатрешно се насамарија едни со други најверојатно децава наши ќе гледаат во документарци на дисковери или на рт1 зависно кој ќе победи по едно 40 години цирка. Генерално барем во моето око во оваа година разочарувачки перформанс и покрај тоа што од нив нешто многу искрено не очекував пошто се историски познати како епик флексери бојосувачи на 10 разни ознаки на истата ракета и помпачи холивуд вода да му носи.
Линијата многу не се помести, се влезе со едни цели,причини како сакате наречете ги, се смени планот 10 пати, и еве година подоцна пак не знаеме дали е патриотическа војна за родината против зомбифицираните нацисти од химлер, дали е спас на малцинството кога нико више нече да бије, дали е крсташка војна против еу лгбти сатаните, еве не знам ако знае некој кажувајте.
Фамозните Вундер Вафе парадирани години не ги видовме, ратникот слабо, Т14 слабо, Су57 не знам вие авијатичариве позапознати сте али мене ко лаик од страна тоа што нема аир супремарси една година не ми е за аирлија ама ајт. Пак на крај дојде да спасува газец советскиот магацин и што останало таму да не се продаде по трет свет. Колони еве т54ки на воз качени драган вика може се за продажба, може не велам не ама ако се за на фронт куку леле т62 као позадински работи ќе бркаа ама ги видовме и во прв ред, нејсе...
Сега одвај во границите на донецк и луганск кој наводно од секогаш руски си биле другото далеку од дофат барем засега.
Москва подморница, херсон вратен, харков вратен големи градови под контрола слабо.
Европејциве зимава не умревме од студ спротивно на некој морал бустер видеа што се вртеа на рускиот сител, гас имаше, нафта исто чак сега ценава подолу од пред да почне ратов а гасов наводно за брзо без пари ќе го давале барем према берзана
европа што требаше да се распадне заврши само со малце поскап кашкавал ама ајде ќе се помине некако
Во мои очи барем многу врева за ништо, Руската позиција ако сме конзервативни не е ништо подобра во светот него пред војнава а ако не сме конзервативни мноооооогу полоша да не речам колку и да е клише мечкава хартиена излезе
Западот ко запад сатанистите ние барем најдобро ги знаеме така да од нив business as usual
За украина на крај го боли колбасот искрено светов како и за сите нас нерелевантниве, битно натовци си отепаа 50к руси и им собраа неколку илјади парчиња техника без еден умрен натовец сем некој таму платеници специјалки плус си напраја еден феноменален case study за русите и до кај се стасани а ги кошташе само долари што и така кај sleepy joe во визба ги печатат
Нато не што запре да се шири туку ќе влезат уште челенки и тоа поблиску од украина
Финално ако пред една година од путин името се шепотеше сега разни прогожиновци орце камчевци со приватни војски држат предавања и на глас куну па го стројат министерство за одбрана дека гранати не пратило а пак министерството културно дава рапорт није тако друже ево колико смо вас граната послали.
Се на се мислам дека ништо не доби русија а богами и многу загуби, украина загуби најмногу ама да не мешаме сега колбаси