Така е... но истите тие бубуљичави тинејџери што дремат на фритеза во Wendy's или шиткаат карти за тобоган во аквапарк земаат од 8 до 11 долари по час (430 ден. - 600 ден. минималец!), просекот per hour wage во US е некаде 25-30$ (1350 ден. - 1650 ден.)... во зависност од работното место и државата секако.filipv wrote:Лани и преклани во америка бев фрапиран од тоа колку млади работат. Бубиљичави тинејџери, испирсани адолесценти, бунтовни и збунети гето фраери и фраерки... с и т е р а б о т а т. Метат во музеи, растовараат камиончиња, продаваат карти во театар, сецкаат кромид, собираат лежалки по плажи, ама р а б о т а т. Пола (ПОЛА) дуќани се со "now hiring" табли на нив.
Преведено на нашки, 16-17 годишен адолесцент од Ајова, за саат време заработува просечна Скопска дневница за еден час... ја земам Скопската бидејќи е условно највисока во МК, неќам ни да се обидам да направам споредба со некоја работничка во конфекција негде во Виница или Штип каде работат 12 часа на ден за 7-8000 денари месечно (разликата од минималецот на Заев ја враќаат отпосле на рака секако). И во градчињава во источна Македонија верувам дека има табли "now hiring" пред погоните, но само затоа што работнициве им умираат од срчка на машина во тоа неклимитизираните халишта (сум бил, сум видел, сум помирисал) па им треба ново "месо" да ги заменат.
Кај ќе се вработат сите тие правници и економисти, кој ќе им дава плата од 30-40,000 (под услов да ги бива секако)? Адвокати има да ги ринеш, еве јас знам неколку кои после сите давачки кои ги имаат кон државата секој месец крпат крај со крај... Економисти исто, колку фирми функционираат во МК за да на сите тие им се најде работа? Или колку економски самостојни бироа може да функционираат во килава македонска економија / илити пазар од 1,5 милиони?filipv wrote:Кај нас? Сите дипломирани правници и економисти, спијат до 12 кај мама и тато дома а после до 3 сабајле тегнат пијачки у кафани. И после чорба, немало пари. Епа нема ебате. Кој работи тој има. Кој не работи.... ќе му бидат криви нато, ммф и медлин олбрајт.
Секако, хипер продукцијата на овие кадри на 100-тиците универзитети кои никнаа во последниве 10-тина години го усложнија уште толку проблемот, додека електро-техничките факултети до пред некоја година молеа да им се запишат студенти (сега верувам дека е нешто подобро, но само затоа што тие кадри се бараат надвор, па практично студентите се едуцираат овде за да после му ја скубнат надвор).
Значи, кој работи било каква работа во МК може на крај на месецот да се поднови со патики од кинеска продавница или пазарче.. бидејќи оригинал Nike во радња се од 100 евра нагоре (2/3-тини од минимална плата), додека бубуљичавиот хорни тинејџер што флипа бургери за пар месеци може да си купи половна Toyota Corolla, iPhone или MacBook. Summa summarum, така јас ја гледам споредбата помеѓу US и MK (без исклучок секогаш смешна).