Типичните одлики на фашизмот, според Умберто Еко:
1. Инсистирање на традициите. Секое фашистичко движење се повикува на традиционализмот и е полно со традиционалистички, сикретички и окултни елементи, или „традиционални вредности“.
2. Одбивање на модернизмот. Просветителството и рационализмот се сметаат за почетоци на модерното пропаѓање. Во оваа смисла, фашизмот може да се дефинира како ирационализам. „Порано бар се знаеше ред“
3. Култ кон делувањето. Делувањето е добро само по себе и треба да претходи на, а не да следи по размислувањето. Внимателноста е форма на импотентност. „Ове барем нешто прават“.
4. Несогласувањето е предавство. Критичкото мислење укажува на модернизам. Научната заедница го негува несогласувањето како пат кон напредокот. Во фашизмот, несогласувањето е - напротив - кочница на на патот кон напредокот. „Ако не си со нас, тогаш си против нас“
5. Страв од различноста. Главниот повик на фашизмот или протофашизмот е насочен против различните и инсистира на „нормалност“. „Нормалните“ секогаш имаат предност и треба да го имаат главниот збор. Со самото тоа, фашизмот е облик на расизам. „Кај ги толерираме, уште и права ќе ни бараат. Нашле па зашле“
6. Повикување на фрустрациите. Еден од најтипичните елементи на фашизмот низ историјата е обраќањето на фрустрираната средна класа, класа која страда од економската криза или која се чувствува политички понижена и исплашена од другите општествени групи.
7. Опседнатост со заговори. Во темелот на фашистичката психологија има опседатост со заговори, најчесто меѓународни.. Фашистите се чувствуваат опколени и загрозени.
8. Непријателот е истовремено силен и слаб. Со непрестано поместување на реторскиот фокус, непријателите се ем моќни и итри, ем неспособни и глупави.
9. Мирољубивоста му помага на непријателот. Фашистите не се борат за да преживеат, туку живеат за да се борат. Против некого и нешто. Целиот живот е борба.
10. Отфрлање на послабите или помалку вредните. Елитизмот е типичен аспект на секоја реакционерна идеологија.
11. Секој треба да биде херој. Во фашизмот, хероизмот е норма. Култот кон хероизмот е поврзан со култот кон смртта.
12. Мачоизам. Мачоизмот значи омаловажување на жените и нетрпеливост кон нестандардните сексуални практики како сексуалната апстиненција или хомосексуалноста.
13. Селективен популизам. Емотивните реакции на одбрани содржини на телевизија и интернет се прикажуваат како „гласот на народот“.
14. Скромен речник. Нацистите и фашистите зборуваат во реченици составени од мал фонд на зборови. Сложените реченици и богатиот речник, како инструменти на комплексното и критичкото мислење, се отфрлаат.
Одликите на фашистичките идеологии
- filipv
- Капетан на Concorde
- Posts: 4564
- Joined: 13 Dec 2017, 11:54
- Contact:
- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35662
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
Re: Одликите на фашистичките идеологии
Samo sto go opisa celiov svet u koj so ziveeme
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
Who is online
Users browsing this forum: Bing [Bot] and 17 guests