Потребна стручна помош од контролор или пилот за видео
- Александар Морган
- Падобранец
- Posts: 16
- Joined: 24 Dec 2009, 15:29
- Contact:

Здраво на сите, нов сум на овој форум и го најдов на Google пред десетина минути иако знаев за неговото постоење од одамна. Сега решив да се зачленам тука и да побарам совети и помош од наши македонски пилоти и контролори околу повеќе работи. Јас, инаку сум 24 годишен студент на медицина. Уште од мал моите браќа ме навлекоа на Microsoft Flight Simulator (едниот од нив е контролор), па еве до ден денес, веќе скоро 10-15 години летам на сите изданија од оваа "игра". Конечно по толку години се решив моето хоби да го заострам со соодветна опрема па си го набавив Saitek x52 Pro и морам да кажам дека сум повеќе од задоволен со тоа какво поинакво и поубаво искуство ми дава овој џојстик. Но да не тупам многу, муабетот ми е друг.
Пред некое време, шарајќи по YouTube гледајќи разноразни процедури за летање наидов на некои видеа направени од наши FSX ентузијасти со македонски цивилни авиони кои полетуваат или слетуваат на Скопскиот Аеродром. Па си реков, добар сум во видео монтажи и едитации, зашто да не направам едно убаво спакувано, што е можно пореално видео кое претставува лет од Скопје до Солун. Ем краток, ем интересен лет. Веќе имам изработено и снимено драфт верзија од летот, меѓутоа FSX има навистина на моменти, чудна претстава за некои летови и дава невообичаени упатства па сакав да се распрашам по нашите контролори и пилоти за некои процедури и постапки на нашиот аеродром. Нов сум на форумов и навистина не знам кој се членува тука, па сакам да знам дали тука има некој чие што работно место е во Александар Велики (или Охридскиот, само да е македонски, ми треба познавач на македонскиот ATC речник) во кулата или контролата или некој што има добро познавање во таа област?
Прашувам затоа што сакам да земам совет за видеото кое што ќе го правам. Исто така ќе ми треба помош и од македонски стуардеси/стуарди или некој со познавање на нивните полиња. Ако некој воопшто е заинтересиран да ми пружи било каква помош околу овој мој мал проект, па макар и најминимална би ви бил многу благодарен и секако тоа ќе го истакнам во моето видео во завршниот дел. Во главно барам некој/некои што ќе бидат расположени да одговорат на серија прашања околу некои работи пред и во текот на летот, тука на овој топик, или ако тоа на некому му смета во приватен допис. Не се грижете, добро сум упатен и запознаен со многу процедури, но како истите се изведуваат и изговараат кај нас, е тоа не знам и сакам да го дознаам за да ги претставам македонските контролори што е можно попрофесионално и пореално во видеото, наместо генеричните роботски диктати на FSX. Ќе бидам јасен во моите прашања и нема да барам реферати, само кратки и јасни одговори, така што нема да одземам многу од вашето време.
Исто така, ако некој е заинтересиран за voicecast на контролор во видеото слободно прашајте, веќе врбувам доста пријатели но имам слободни места за војскастинг на контролорите на Departure, Center и Ground Control (не знам како се викаат на македонски, меѓудругото и ова е едно од моите прашања).
Ќе се претпишам на овој топик очекувајќи и надевајќи се дека ќе добијам одговор и интерес од некој
Благодарам однапред,
Александар

- dragan_mig31
- Тест пилот
- Posts: 35463
- Joined: 04 Aug 2006, 14:01
- Location: Југославија
- Contact:
можда не е место овде,али еве да видиш какво видео изработивме ние(101 виртуелен борбен сквадрон) кој лета на локон флејминг клифс и дцс блек шарк.све е излетано од наша страна монтирање и вистински снимки од виртуелна радиостаница....
http://www.youtube.com/watch?v=q2wVfS3RJeo

♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
- avijacijamk
- Капетан на А380
- Posts: 2476
- Joined: 18 Jul 2006, 13:23
- Location: Skopje, Republic of Macedonia

Иначе на македонски контролата на летање е поделена на:
Скопје кула - Skopje Tower
Скопје приодна - Skopje Approach
Скопје радар - Skopje Radar
И за инфо ние како аеродром немаме Ground Control, Скопје кула ги врши тие работи.

Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
- Александар Морган
- Падобранец
- Posts: 16
- Joined: 24 Dec 2009, 15:29
- Contact:
@dragan_mig31: Многу добро видео друже. Супер мисија и супер момци сте се собрале. Се гледа дека сте се вежбале доста. Али видеово ви е гром и е супер изработено, од кадри до пост-продукција.
@avijacijamk: Здраво, фала на одговорот. Добро е да знам дека немаме земна, зашто веќе снимив засебен контролор на земна, но приметив дека кула и земна ги дава на иста фреквенција. Ке го средам тој дел.
Вака за прашањава можеби нема да се сетам се сега да поставам, затоа што може нешто да искрсне додека правам и додавам.
Видеото е просто: Boeing 737-800 на американската компанија Delta полетува од LWSK и слетува во LGTS. Видеото прикажува како отприлика изгледа тој лет преку очите на пилотот во вируелната кабина, со тоа што заради временскиот лимит што го наметнува YouTube планирам да биде не подолго од 20 минути така што нема да се опфаќаат сите моменти од летот, туку исечоци од најпопуларното. Целата комуникација помеѓу контролорите и авионот ќе биде снимена од различни луѓе и тука ми треба одприлика помош. Па еве што имам да прашам ако се сетам или ми притреба нешто подоцна се надевам нема да биде проблем да допрашам на топиков:
1) Кога правам план за летање и барам IFR Clearance од кулата, секогаш ми ја задаваат пистата 34 за полетување. Дали е ова исправно?
Затоа што летот е кон Солун, кон југ. Зар не би било пологично да полетам од другиот крај? Од 16? Вака многу вртење се наложува. Додуша во многу летови сум приметил долги вртења одма по полетот, но 180ки не паметам.
2) Дали само 34 има ILS маркери? Затоа што во FSX 16 нема ILS, а кога сум долетувал од север (Виена или Загреб) секогаш слетуваме без вртење одоколу. Дали ова е недостаток на FSX или така е и во реалноста?
3) Комерцијален лет од Скопје до Солун, имаме такво нешто? Ако не, заради непотребноста или заради кратката дистанца? Ако имаме или би можеле да имаме, за таа релација која е препорачаната висина за лет? Јас летав на 11.000 стапки.
4) Ако знаете, кога се преминува границата со Грција, кој ја превзема радарската контрола? Во FSX, радарот го превзема Athens Center. Можеби за Северна Грција, во реалноста има друг дополнителен центар? Како на пример Thessalonian Centar?
5) За стјуардесите ме интересира, дали има некаков транскрипт да соберам од некаде? Сакам да ставам аудио од македонски стјуардеси за време на таксирање, за време на летот и слетувањето. Но не можам да се сетам што велат точно. На интернет можам да најдам самплови за англиски и други јазици ама за македонски никаде.
6) Кога се обраќаат капетанот/офицерот на патниците? Знам сигурно пред да почне спуштањето кон дестинацијата и најавуваат дека ќе го започнат спуштањето наскоро, информираат за временската состојба и локалното време таму, нешто така, но ме интересира ако може некој да ми даде егзактен пример или транскрипт. Исто така мислам и дека пред да почне летот се обраќаат на патниците, со времетраење на летот и слично...
7) Со оглед на тоа што сите пилоти е пожелно да се слушаат и разбираат меѓу себе кога се на иста фреквенција, дали е проблем или можеби некултурно ако македонски пилот и македонски контролор си комуницираат на македонски во присуство на летови од странство?
8 ) За време на pushback (или како и да се вика на македонски), ме интересира дали овој транскрпит би бил правилен:
C:Cockpit to ground
G:Go Ahead
C:We are clear for pushback.
G:All doors are closed, aircraft cleared, chokes removed, steering pin in position, you can release parking brakes
C:Parking brakes removed.
G:Pushing back, I will call you back when cleared to start engines.
G:You are now cleared to start engines.
C:Starting number 2.
G: ok for number 2. (кога го викаат ова од возилото? Штом пилотот ќе најави дека ке го пали моторот, или откако моторот се запалил, па овие го информираат дека се е ок?)
G:Ground to cockpit.
C:Go ahead.
G:Pushback completed set parking brakes.
C:Parking brakes set. Starting numer one.
G:Ok for number one.
C:both engines started you can disconnect.
G:Steering pin removed, aircraft is clear we see on the left/right hand side for the signal. (Кој го дава тој сигнал? Возилото што го оттуркува од капијата? Пилотот треба да гледа на левата/десна страна во возилото за да го види тој сигнал? И што тој значи? Дека може да започне со таксирање или дека службата си ја завршила работата па сеа нека си тера работа авионот?)
Доста прашања али ете тоа отприлика ме интересираше. Ако се сетам за нешто друго ќе допрашам. Ако имате некој свој совет за овој лет, комотно споделете

Кога правам план за летање и барам IFR Clearance од кулата, секогаш ми ја задаваат пистата 34 за полетување. Дали е ова исправно?
Затоа што летот е кон Солун, кон југ. Зар не би било пологично да полетам од другиот крај? Од 16? Вака многу вртење се наложува. Додуша во многу летови сум приметил долги вртења одма по полетот, но 180ки не паметам.
2) Дали само 34 има ILS маркери? Затоа што во FSX 16 нема ILS, а кога сум долетувал од север (Виена или Загреб) секогаш слетуваме без вртење одоколу. Дали ова е недостаток на FSX или така е и во реалноста?
3) Комерцијален лет од Скопје до Солун, имаме такво нешто? Ако не, заради непотребноста или заради кратката дистанца? Ако имаме или би можеле да имаме, за таа релација која е препорачаната висина за лет? Јас летав на 11.000 стапки.
1) Во AIP-от на Р. Македонија за LWSK не постои процедура во IFR за полетување од писта 16, туку само визуелно ако сакаш (а тоа е ретко). За секоја пропишана процедура дали за полетување или за слетување има точно нацртана карта со траекторија на лет, висини, брзини и така натаму кои што пилотот мора да ги испочитува сем ако контролорот не му наложи поинаку. Треба да најдеш карти по нетов за процедури на LWSK и ќе ти стане јасно зошто сите полетуваат од 34 и вртат во десно одма после полеувањето.
2) Само 34 има ILS, ако влагаш во Македонија од RAXAD ти се исплати понекад ако е времето топ да бараш да ти одобрат визуелно да слеташ од 16, затоа и ти се десило тоа, а ако било времето за нигде, процедура од Велес не ти бега за ILS RWY 34.
3) Поради кратката дистанца нема потреба од таков лет, а што се однесува до висината си има исто така пропишана карта со безбедна висина која ти гарантира раздвојување од теренот и ти гарантира дека 100% ќе ги фатиш сигналите од навигациските средства и радио фреквенциите од контролорите, а за беља немам појма сеа кај ми е картата ама ќе ти кажам понатаму.
Толку за сеа мора да забегам ај поззз
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
- Loaded_Dice
- Капетан на B747
- Posts: 1256
- Joined: 04 Aug 2006, 22:48
- Location: Skopje, MK
- Contact:
Здраво Александар и добредојде на форумов . Не сум многу активен во делот на виртуелно комерцијално летање со FSX, ама оптрилика знам како се прави тоа, па со оглед на моево долгогодишно искуство со симулации можам да ти дадам неколку совети за да го спремиш поуспешно летот за твојот видео проект:
1. Ти препорачувам да инсталираш било кој од add on авионите за FSX ( Wilco 737 PIC, PMDG 747, MD11), кои се далеку пореалистични од defualt авионите што доаѓаат во FSX, и најважно од се располагаат со функционален FMC (Flight Management Computer)
2. Добро би било да ги симнеш и испринташ потребните approach и SID\STARS charts за летот што го планираш од некој бесплатен сајт како Eurocontrol или од сајтот на УЦВП.
3. Ако се занимаваш исклучиво со IFR летање, обавезно зачлени се на VATSIM мрежата каде што ќе имаш шанса да комуницираш со "вистински" контролори на летање и да ги следиш процедурите од реалниот свет
Го очекуваме твоето видео

- Mad Scientist
- On the mike at 120.3
- Posts: 773
- Joined: 05 Oct 2006, 18:42
- Contact:
Што се однесува до првото прашање морам да го коригирам avijacijamk. Имено постојат инструментални полетувања од писта 16, дотолку повеќе, попријателски се настроени кон перформансите на авионите поради тоа што имаат помал climb gradient. Еве и карта на SID-овите за писта 16:
Веројатно забуната е настаната поради тоа што за писта 16 не постои инструментален систем за слетување.
За третото прашање би додал само дека висината FSX ја определува математички но реалноста е сосема поинаква, во реалноста висината ја определува FMS-от во однос на многу параметри кои ги зема во обзир мешутоа сметам дека ниту еден млазен авион не би одел по FL170. Летовите кои преминуваат од Македонија кон Грција и се под FL230 ги превзема Солун, поточно Микра радар, така што и тоа е грешка во FS. Што се однесува до полетувањето во 16, целата работа е во тоа што има една работа што се вика писта во употреба (runway in use) што кај нас е најчесто 34 (освен во услови на јужен ветер од 10+ јазли) и тоа прави тенденција слетувањата и полетувањата да се одвиваат од писта 34. Доколку условите дозволуваат (ветер, сообраќај...) на пилотот му се одобрува писта 16, па дури и му се нуди, доколку излезната точка од Скопје FIR му е на југ.
7) Официјални воздухопловни јазици во МК се англиски и македонски и дозволена е комуникација на двата јазика. Македонски во друга држава не само што е некултурно туку е и забрането.
8- Ова ќе мора да ти го одговори marshaller а мислам дека немаме таков на форумов.

[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]
Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
- Александар Морган
- Падобранец
- Posts: 16
- Joined: 24 Dec 2009, 15:29
- Contact:
Супер, фала за корисните информации. Поседувам многу додатни авиони од многу извори. Ме плаши помислата од земање на банкарски извештај од Уни или Стопанска, затоа што со сметките од овие банки електронски се накупував преку 50тина авиони и додатоци летово, кога ми влезе филмот за легално гејмање. Тој филм, за жал ми се скрши кога ми стаса ДВДто од PMDG со Queen of the Skies, што набргу го крстив Queen of the Low Framerates. Не ни очекував дека на конфигурација како мојата, на која FSX со Real Environent X вади 30fps, со 747цата ќе вадам максимум 8fps. Но после, за инает пиратски го собрав MD11 па некако PMDG не ми изгледаа така лоши. Зборот ми е дека да, точно е дека овие додатни авиони се далеку пореалистични, ем заради централниот компјутер (наспорти стандардниот GPS на FSX), но и заради функционалноста на скоро секој систем во виртуелната кабина. Додадете го на тоа и FS2Crew и го добивате најдоброто симулаторско искуство на цивилен лет во една домашна конфигурација. Но кога би снимал видео, процес кој го црпи фрејрејтот дупло повеќе, квалитетот би бил минимален, а видеото иритирачко. Затоа се решив за 737цата што доаѓа со FSX. Иако не ја исклучувам и можноста да снимам half-speed користејќи го MD11. SID/STAR мапи обично не користам, се потпирам целосно на ATC, а каде тие не насочуваат летам "хонорарно по жеља", но исклучок може да направам токму овде. Тие мапи ги има на Џепесен и тоа во извонреден колор pdf квалитет. За Скопје и некои други балкански аеродроми за жал ги нема, така што Mad Scientist фала ти за SIDот на скопски.
Преферирам да летам во помал состав, на default multiplayer сесии на FSX и тоа стриктно за вежбање формациски состави со воени авиони. VatSIM го членувам доста време (ми го предложија "колегите" од Delta Virtual Airlines) иако не сум се прикачил таму поодамна.
Што се однесува до релацијата за клипот, сериозно размислувам да ја сменам. Би требало да биде интра-балканска, кратка реалција, но не до толку како оваа со Солун, и, заради визуелниот елемент на видеото, да пружа интересни глетки. Јадран е добар кандидат за тоа, поточно аеродромот во Пула, но тука се и други дестинации во Грција како Крит (бев на чартер на оваа реалција пред 6 лета) со супер поглед над градот при слетување, Истанбул и слични.
Фала ви многу за советите, користат и тек како. Што се однесува за маршалерите, не е ни толку важно, ќе вметнам default транскрипт што имам слушано и гледано од видеа. Но се надевам дека ќе можам да ве допрашам за конкретните вектори, коридори, ВОР станици и слично, кои авионот би ги летал и користел на полетување и заминување од Скопје кон неговата дестинација, само да одлучам која таа да биде

Дали можеби некој го има repaintot на МАТ за 737-800 и CRJ-700 (па може и за џамбото, зашто да не)? Пробав да го соберам од овде, ама за беља момците претрпеле селење на серверот и многу од фајловите ги немаат кренато на тековната адреса, меѓу нив се и МАТ текстурите. Ако некој го има на хард, дали ќе може да ми го прати на мејл или можеви да ми даде валиден линк? Само текстурите ми требаат што обично се околу 5MB.
- avijacijamk
- Капетан на А380
- Posts: 2476
- Joined: 18 Jul 2006, 13:23
- Location: Skopje, Republic of Macedonia
- Contact:
- Александар Морган
- Падобранец
- Posts: 16
- Joined: 24 Dec 2009, 15:29
- Contact:
- Александар Морган
- Падобранец
- Posts: 16
- Joined: 24 Dec 2009, 15:29
- Contact:
Океј, се припремив и ги собрав сите потребни материјали за видеово (авиони од компаниите што го користат нашиот аеродром, алатки и програми за видеото и сл.), па сега е моментот кога ќе го извршам летот. Треба да внимавам на многу работи како процедури, планирање на кадри, снимање од повеќе агли, пост-продукција и така натака. Еден од главните фокуси на видеото е реалистична ATC контрола. Затоа би замолил некој ако има време и волја да ми помогне околу тој дел, затоа што со моето скромно познавање не можам сам.
Видеото е лет од Скопје до Пула. Опремен сум со SID за RWY 34 но за овој лет не сум сигурен кои вектори треба да ги изберам.
Еве го SID-от кој го користам:
www.alexander-morgan.net/FSXVid/sliki/RWY34SID.png
A eве ја рутата:
www.alexander-morgan.net/FSXVid/sliki/LWSK-LDPL-FP.png
Значи од Скопје кон NDB Mojkovac, па VOR Mostar, па NDB VRLIKA и така натака, се гледаат точките во долниот дел на сликата. Не обрнувајте внимание на висината на овие точки, летот ке биде на 20.000 стапки и покрај тоа што таму е залистано FL 380.
Лето е, и аеродромот е зафатен со повеќе редовни и сезонски летови. Авионот кој го летам јас е втор по ред за полетување. Пред него полетува авион на Turkish Airlines кон Истанбул. А пак пред тој да полета, чека пред влезот на RWY 34 да слета авион на Czech Airlines. Откако Czech Airlines слетува и излага од пистата, кулата му вели на Turk Air да се постави на 34 и да чека. Кратко потоа, му даваат дозвола да полета. Авионот кој го летам јас (МАТ Airlines) сега се поставува на влезот на 34 и чека да полета Turk Air. Откако Turk Air е во воздух и е префрлен на Приодна (departure), по мала пауза кулата му вели на мојот авион дека е овластен да полета. Е сега, кој ќе биде диалогот помеѓу контролата и овие три авиона? Тоа ми треба, исправен и реален транскрипт од комуникацијата кој ќе корелира со настаните во симулацијата. Еве како јас со моето аматерско познавање тоа го замислувам:
http://www.alexander-morgan.net/FSXVid/ ... script.txt
Па ако некој не го мрзи, нека го прочита и пише каде е погрешно, што да корегирам (било навигација, било комуникација), што да дополнам или одзедам.

Ако сакаш да биде како во real life во нашата контрола на летање тогаш 90% е неточно затоа што е ова претежно американски стил на работење а ако не сакаш да забегуваш ондак е ок. Единствено би посочил дека не е Makavio туку Macedonian и не е TurkAir туку Turkish. Знам дека во официјални дкументи пишува така но во вистински живот никој не ги кажува така туку онака како што напишав. Транскриптот на овој начин како што е сега звучи многу америчко-флајтсимулаторски.
[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]
Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
- Александар Морган
- Падобранец
- Posts: 16
- Joined: 24 Dec 2009, 15:29
- Contact:
Да, така и си мислев. Поентата ми е приказот да е колку е можно поблиску до реалноста, но за жал немам пристап до материјали за да дознаам какво е комуникето кај нас. Знам дека е склет работа, но ако сте при слободно време, би ценел многу ако би можеле да напишете правилен транскрипт, или да го корегирате веќе постојниот, како тоа вие како контролор во кулата, приодна и радар би издале упатства за овие три авиона во таа ситуација на нашиот аеродром и што тие би ви одговориле на вашите инструкции. Еве како изгледа текот на папир:Mad Scientist wrote:Транскриптот на овој начин како што е сега звучи многу америчко-флајтсимулаторски.
Можеби е нереално за помалку од 5 минути да слетаат 1 авион и 2 други да полетаат, а па и тие два да се поредат еден зад друг, но заради визуелноста на видеото и времетраењето такво ми е сценариото.
- Александар Морган
- Падобранец
- Posts: 16
- Joined: 24 Dec 2009, 15:29
- Contact:
Re: Потребна стручна помош од контролор или пилот за видео
По неколку месеца одложување, конечно седнавме едно попладне со колегите и за некои 2-3 дена ги снимивме кадрите на прекурсорот за видеото кое го планираме. Ова е мал промотивен материјал за МАТ и сеуште не отстапуваме од идеата да направиме долгометражен филм со полна реалистичност но ќе дојде време и за тоа. Линкот за краткиот спот се наоѓа на мојот личен канал: http://www.youtube.com/watch?v=n6hbGBrWoDk" onclick="window.open(this.href);return false;
Сакам да се заблагодарам на членовите на форумот кои излегоа во пресрет на моите прашања и се понудија активно да учествуваат во правењето на главниот филм. Се надевам дека Вашите понуди сеуште ќе важат кога ќе дојде време за тоа. Исто така благодарност и до многу авијациски ентузијасти и од интернационалните сајтови и збирни форуми кои имаа свој удел во ова, дали со моделирање, предлози или техничка помош. Најмногу сакам да му се заблагодарам на Шефот на Контрола во аеродромот Свети Апостол Павле, Николино, кој ја понуди својата безрезервна поддршка за овој проект и кој дозволи да престојуваме еден работен ден во кулата на Охридскиот аеродром и детално, лично од него, да се запознаеме со неговата работа. Исто така, ние од Алвитек, се надеваме дека овластените лица од М-НАВ повторно ќе ни ја пружат таа прилика и за кулата во Скопје, па ќе можеме да ја промовираме работата и на Александар Велики на сличен начин.

- Дарко Д
- Падобранец
- Posts: 198
- Joined: 27 Jan 2010, 13:14
- Location: Куманово,Македонија
- Contact:
Re: Потребна стручна помош од контролор или пилот за видео
Sekoja cest za napravenoto
[img]http://www.danasoft.com/sig/goko.jpg[/img]
- Scylla
- Капетан на Concorde
- Posts: 4913
- Joined: 12 Jul 2006, 03:21
- Location: Лозана
- Contact:
Re: Потребна стручна помош од контролор или пилот за видео
Верувале или не сега ја забележав темава и го изгледав видеото....Секоја чест мајсторе, јас вакво FS видео досега немам видено. Немам зборови, секоја чест.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
- zdravkin2000
- Едриличар
- Posts: 232
- Joined: 02 Dec 2007, 20:00
- Contact:
Re: Потребна стручна помош од контролор или пилот за видео
Decki klipcevo e odlicno posebno mi se dopaga 747-400 so Makedonskoto zname na nego
- AlexGreat
- Пилот на Су-25
- Posts: 13296
- Joined: 05 Mar 2009, 22:18
- Contact:
Re: Потребна стручна помош од контролор или пилот за видео
FENOMENALNO!!!
Svi ruski ratni ciljevi biće ostvareni, ali postepeno. Pošto se postepeno i menjaju.
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 3 guests