
Тренингот и обуката на кабинскиот персонал обично се обавува во матичната авио компанија каде што се вработени. Обуката обично трае од шест недели до шест месеци во зависност од законите во секоја земја посебно и главниот фокус на обуката е безбедноста. На секои 50 патници има една стјуардеса или пак на секој излез од авионот по една стјуардеса, но тоа не е некој податок, затоа што обично авио компаниите избираат да го зголемат тој број на стјуардеси. Обуката на кабинскиот персонал опфаќа менаџмент на евакуирање на патниците во итни случаи, користење на тобоганите во случај на опасност, опремата за спасување во вода, гасење на пожари во текот на летот, преживување во џунгли, пустини, мориња и заледени предели, прва помош, слетување на вода, принудни слетувања на суво, декомпресија и друго.
Кабинскиот персонал покрај мајчиниот јазик не е лошо да знаат уште неколку. Секогаш на прво место е Англискиот јазик, но доста стјуардеси и стјуарди зборуваат и Италијански, Германски, Шпански, Француски и други.
Кабинскиот персонал, како и техничкиот персонал (пилоти, механичари, контролори), подлежи на редовни лекарски испитувања и критериуми. Кабинскиот персонал треба да има малце над просечна подобра здраствена состојба од обичните луѓе. Секако тука е пресуден и физичкиот изглед, како тежината и височината на кабинскиот персонал.

Првата стјуардеса т.е. стјуард се појавил во 1911 година на Гермаскиот цепелин LZ10 Schwaben. Чудно е тоа што оваа професија почнале да ја работат мажи. Imperial Airways од Обединетото кралство имало стјуарди во 1920 година познати како летачките момци. Првата стјурадеса била вработена во 1930 година во United Airlines и се викала Ellen Church.
Text by: avijacijamk