ЗОРАН АЦКОВСКИ, СТЈУАРДОТ ШТО ЈА ПРЕЖИВЕА НЕСРЕЌАТА НА ФОКЕР

Овде може да пишувате се што ве интересира за стјуардесите и стјуардите.
Forum dedicated for cabin crew and their duties.
Post Reply
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

ЗОРАН АЦКОВСКИ, СТЈУАРДОТ ШТО ЈА ПРЕЖИВЕА НЕСРЕЌАТА НА ФОКЕР

Post by avijacijamk »

[img]http://www.vest.com.mk/images/{71905ACE ... aler-2.jpg[/img]
Капетанот на авионот Владо Стојчев, една недела пред несреќата им рекол на младите колеги: "Сите правила во авијацијата се напишани со крв!"



Зоран Ацковски е еден од преживеаните во несреќата на "фокерот" на "Палер Македонија", што се случи на денешен ден пред десет години. Тој трагедијата во која преживеаја само 14 лица ја опишува како животна случка, која имал среќа да ја преживее и да продолжи нормално да живее. Тешко е да се поверува, но настанот не му променил многу во животот, освен што веќе не лета секој ден. Не е веќе стјуарт, но авионот и натаму го смета за најбезбедно превозно средство.
"Откако човек ќе преживее такво нешто, во првите два-три месеци мисли дека ништо не може да го повреди. Бев три дена во болница и по излегувањето почнав со други очи да гледам на животот, живеев во еуфорија. Како поминува времето, почнуваш да размислуваш. Сфаќаш дека човекот е ранлив. Сфаќаш дека секој ден ти е, всушност, екстра и треба што поквалитетно да го поминеш. Не, не можеш да ја избришеш случката, не можеш да заборавиш, туку учиш да живееш со неа", вели Ацковски.
Се сеќава на сите подробности од несреќата, како вчера да била, но не сака се да раскажува. Вели, има семејства на загинатите, не сака да ги потресува одново.
"Имав 21 година, бев стјуарт, член на кабински персонал. Беше петок, обичен, најнормален ден. Комплетниот екипаж отидовме на аеродром. Дента авионот леташе од Франкфурт за Скопје. Слета во Скопје. Ние бевме втората ротација, требаше да летаме за Цирих. Имаше малку снег на крилата, отпосле дознавме дека тоа, веројатно, била причината за несреќата. Почна како најнормален лет. Претходно имав околу 120 лета. Во тоа време "фокер 100" беше модерен нов авион, тогаш беше од фабрика излезен и ни беше задоволство да летаме со него, зашто претходно летавме на руски авион. Си влеговме, по распоред јас седнав на опашката на авионот. Авионот ги запали моторите, се залетуваше на пистата, мал хендикеп беше што немав прозорец да видам што се случува, но се почувствува залетување, малку подолго отколку обично, и во моментот кога се одлепи од земја, се почувствува страшна вибрација на авионот, што не беше вообичаено на другите летови претходно. Не знаев на која висина се наоѓаме, но според искуството знаев дека не може да сме многу високо. После од реконструкцијата дознав дека имало прво удар од лева страна, дека со крилото закачил авионот. Внатре имаше страшна експлозија, цела кабина се наполни со оган. Гледаш дека кон тебе се движи пламенот и буквално си немоќен, чекаш да се случи најлошото, а во исто време не ти се верува, ти се јавува пркос. Ја почувствував паниката кај луѓето, тоа траеше многу кратко, 5-6 секунди. И тогаш имаше удар. Цело време бев свесен. По ударот се намали пожарот, го откопчав сигурносниот ремен и излегов. Опашката на авионот беше одвоена од трупот, што беше доволно за да излезам. Се обидов да видам некој од колегите, но немаше никој. Имаше ранети што ги одвлеков подалеку. Слета хеликоптер на УНПРОФОР, 5-10 минути по падот. Размислував дали да се качам. Помислив, имам фамилија, ќе дознаат за несреќата, побрзо да им кажам. Потоа три дена бев во болница", вели Ацковски.
Несреќата била шок и за семејството на Ацковски. "Не стигнав да му се јавам прв на татко ми, кој беше вработен во МВР, и за несреќата дознал претходно. После дознав дека додека сум летал на сите претходни летови, тие не можеле да заспијат додека не дојдам дома. Решив да не летам повеќе, заедничка ни беше одлуката. Не за да не ја предизвикувам судбината, ама чувствував дека несреќата беше знак оти треба да застанам, доста беше. Се преориентирав за водење карго служба, за превоз на стоки. Тоа го работев и во "Палер", сега и во МАТ. Задоволен сум. По несреќата, во болница ме посетија претседателот Киро Глигоров и уште неколку функционери, убаво беше човек да знае дека и заедницата покажува грижа за тебе. Му должам посета на Глигоров, и тој имаше слична случка, но не ме пуштија тогаш да го посетам. Ќе му се најавам, би сакал да се видам со него", раскажува Ацковски.
Има еден детаљ што Ацковски го издвојува. "И ден-денес не можам да си го објаснам. Ден пред несреќата одев накај Стара чаршија и купив икона од свети Наум. Тоа не сум го направил претходно. Има само едно објаснување, дека во тој момент со мене бил свети Наум."
Ацковски нема фобија од летање. "Летам со авион. Во несреќата на 'Палер' во предниот дел немаше преживеани, но мислам дека не е правило опашката да е побезбедна. Сега, кога и да летам, барам да седам во предниот дел. Летам повеќе службено. Авионот се уште го сметам за најсигурно средство. Свртете два пати по Скопје, и ќе ви стане јасно што е побезбедно, ќе видите и колку сообраќајќи има и колку удрени пешаци. Меѓу возење во Скопје и летање со авион, го избирам летањето. Кога полетувам и ден-денес си мислам - во раце на Господ сум".
Ацковски вели дека е неопходно докрај да се расчистат случаите на несреќите на авионите на "Палер" и на "Авиоимпекс" од пред десет години. "Во авијацијата на тој начин се учи", вели Ацкоски и ни кажува еден интересен детаљ од обуката: "Капетанот, покојниот Стојчев, кога бевме на обука за 'фокерот' (тој беше во авионот и загина), во предавањата за безбедност што ги имавме една недела претходно ни кажа дека 'сите правила во авијацијата се напишани со крв'. Морбидно ми звучеше во тој момент, но после тоа се потврди. Мислам дека несреќата придонесе за средување на состојбата во авиосообраќајот", вели Ацковски. (А.С.)

***

Замрзнувањето на крилата - причина за несреќата

Несреќата на "фокер 100" на компанијата "Палер Македонија" се случи на 5 март 1993 година. Од 97 патници и членови на екипажот, загинаа 84. Причина за несреќата е замрзнувањето на крилата, предизвикано од кондензацијата што се создала при дополнувањето на горивото во крилата. Замрзнатите крила ја нарушиле аеродинамиката. По овој случај, не само за "фокер", туку за сите типови авиони е воведено правило за задолжително одмрзнување на крилата по дополнување на резервоарите, дури и на температури над нулата.
Во 9,40 часот "фокерот" слетал во Скопје од Франкфурт. Во 11,11 минути почнал да полетува за Цирих. По две секунди по одвојувањето од земјата, "фокерот" добил јаки вибрации. Крајот на десното крило закачил во земја, на 382 метра оддалеченост од пистата. Крилото се одвоило по што резервоарот експлодирал, а трупот се скршил на три дела.


Вест
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
***DAVID***
Падобранец
Падобранец
Posts: 129
Joined: 24 Jan 2009, 01:09
Contact:

Post by ***DAVID*** »

Сум ја слушнал оваа реченица од многу луѓе дека: "Сите правила во авијацијата се напишани со крв!"
Но на кикого не би му пожелил да осети на своја кожа.....
Нека се учи на туѓите грешки....
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 3 guests