Падна B777-200 на Malaysia Airlines

Факти, причини и последици од авионските несреќи.
Facts, reasons and outcomes from aircrash investigations.
Post Reply
User avatar
filipv
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4070
Joined: 13 Dec 2017, 11:54
Contact:

Re: Падна B777-200 на Malaysia Airlines

Post by filipv »

karamba wrote:Остана мистерија голема ова мајку му :roll:
Богами...

Но, за мене нај „окоотворачки“ момент во сето ова е сознанието колку, уствари, се „штури“ радарските покривања.

Пошто, пази, збориме за огромен, цилиндричен, бел авион со огромна квадратура. Б777 е нај не-стелт што може да биде. Згора на тоа, изгубен е во најгустата мрежа на територијални спорови на светот, пространство рамно како тепсија (значи идеално за радарско надгледување) и пространство кое редовно го параат early warning радарски системи на сите локални играчи, плус кина, плус усашката седма флота која таму редовно има авакси и огромни LF пловечки радаришта.

И. Никој. Не. Видел. Ништо.

Како што зборуваше оној шведскиот генерал што го постирав пред неколку месеци, популарната мудрост често ја потценува сложеноста на задачата нешто да се види и следи на радар. Сите мислат „радаров има домет од 200 км, значи во тој круг од 200 километра све се гледа“. Жими ашинов.

Овој инцидент мене лично ме натера многу посериозно да ги сфаќам можностите на стелт леталата. Пошто, ко може ЕБАН 777 да се изгуби, што правиме ако 777 го замениме со 1. мал авион 2. стелт авион и 3. авион кој намерно ќе лета по патека што ќе го направи што по тешка за откривање и 4. авион накитен со сензори што ќе забележи опортуни (Pop-up) радарски одблесоци? Жими стапов шо некој ќе го најде. Тој ако сака ќе може да стигне мање-више секаде.
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 3 guests