Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Факти, причини и последици од авионските несреќи.
Facts, reasons and outcomes from aircrash investigations.
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 29565
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by alvarhanso »

Јанкуловска низ солзи говореше за загинувањето на пилотите

Драги Мицев, роден 1969 година во Струмица, началник-пилот на хеликоптерската единица на МВР со работен стаж од 34 години, Маријан Трајковиќ (1967), пилот-капетан со работен стаж од 37 години, Тоде Орешков (1970), воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал, пилот со работен стаж од 36 години и Иљо Лопатички (1968), командир-пилот со работен стаж од 36 години се загинатите од синоќешната хеликоптерска несреќа што се случи во близина на Струмица.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на прес-конференција посочи дека МВР загуби четворица искусни колеги кои со своето знаење, дух и професионализам оставија длабок печат врз работењето на Министерството.

- Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните. Тие беа врвот на хеликоптерската единица и најдобриот персонал кој МВР го имаше. Беа искусни и со безброј часови лет во различни услови и во различни акции, рече Јанкулоска неможејќи да ги задржи солзите.

Информираше дека според првичните информации за несреќата, која што се случи синоќа околу 22 часот во близина на Струмица, за време на ноќен тренажен лет, хеликоптерот со кој управувале удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија висок 120 метри.

- Станува збор за хеликоптер МИ17-V5, со регистарски ознаки МАР 7712 во сопственост на МВР на Република Македонија. Хеликоптерот летал на релација Скопје - Кавадарци - Валандово - Струмица - Берово - Делчево и обратно. Тој е редовно сервисиран и во текот на летот во кој е користена опрема за ноќна визуелизација не се пожалиле на проблеми, изјави Јанкулоска.

Таа информираше дека во моментов се истражува дали антенскиот столб во којшто удрил хеликоптерот бил соодветно обележан.

Веднаш по несреќата се преземени мерки за обезбедување на местото и од страна на МВР е формирана комисија за спроведување на истрага за несреќата на полицискиот хеликоптер која, како што информираше Јанкулоска, составена е од експерти од различни области со цел утврдување на причините за неа и информиран е основниот јавен обвинител од Струмица кој во моментов го спроведува увидот на лице место.

Јанкулоска рече дека се уште е во тек обезбедување на траги од лице место врз основа на кои со криминалистичко-техничко вештачење и обезбедување соодветни докази ќе се разјаснат причините поради кои настанала трагедијата.

- При увидот на лице место досега најдени се двете црни кутии и уредот за покажување на правецот на летот кои ќе бидат подложени на натамошна експертиза и вештачење, рече Јанкулоска.

Пилотите, рече министерката, за време на летот не се пожалиле на проблеми со леталото.

Според процедурата, исто така за несреќата е информирана и земјата на потекло на хеликоптерот кој е произведен во 2008 година.

Дел од пилотите и хелихоптерот учествуваа во многу спасувачки мисии во земјата и надвор од неа.
http://sitel.com.mk/jankulovska-niz-sol ... a-pilotite" onclick="window.open(this.href);return false;
..

The future is already here - it's just not evenly distributed
User avatar
Momak od Gjorce
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2461
Joined: 18 Jan 2011, 16:36
Location: Скопје
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Momak od Gjorce »

Image

Image

Image

Image

Image

Image
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 23328
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by dragan_mig31 »

Лесна им зејма,сочуство до фамилиите и блиските.Стварно штета тотално неоечкувано и голем шок за сите нас кои ги познававме лично.Би ве замолил само бесот и жалењето да не ги претварате у шпекулативни коментари кој како зашто и слично и да ги оставиме надлежните органи да си ја завршат работата.Коа ќе искочи официјален извештај тогаш може разглабање колку сакаме.Не е ок ни за загинатите ни за нивните фамилии да се вадат муабети од рукав што зашто и како.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 8612
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Bobo »

Тоа е момци,отиде една страшно добра екипа која спасила безброј животи во разни ситуации.Отидоа на преефтин начин.. :(

Незнам што да кажам повеќе..ептен сум погоден од овој трагичен настан.
User avatar
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
Posts: 9542
Joined: 05 Mar 2009, 22:18
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by AlexGreat »

Аматерско видео...
https://www.youtube.com/watch?v=-fCQk54j7Lk" onclick="window.open(this.href);return false;

Неможам сеуште да верувам, имав чест да го запознаам Тоде, ми остави одличен впечаток...

Нека почиваат во мир...
User avatar
Iko
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 41375
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Iko »

Vo neprestana propagandna potraga po mediski publicitet - "Shit-tel" povtorno brilijirashe ova popladne...:evil:

Na nepolni 24-ri chasa - koga bolkata ne e seushte ni utishana, a kamo li stivnata - bez nikakov obzir ili pochit kon familiite na tragichno zaginatite - objavi snimka (od ochevidec na nastanot - na liceto na mestoto) - na koja e zabelezhan padot so eksplozijata i tragichniot kraj...poshto neli - malku im e bolka i taga na uzhalenite semejstva - pa eve, da se podsetat pak po nekolku pati na tragichniot kraj na nivnite najmili...:shock: :evil:



Kako chovek - zgrozen sum i imam perfidno chuvstvo na odvratno bluenje...ne kolnam i ne kobam - ama se nadevam deka eden den koga neshto slichno kje se desi na nekoj od tie kreteni vo "Shit-tel" - so istata mediska revnost kje go objavuvaat toa po sto pati...

Smrdeni gnjidi od koi mi se blue...antihristi bez trunka pochit ili uvazhuvanje...pet-parachki mediski sharlatani i kvazi-zhurnalisti vo ushte edna odvratna (karakteristichno za niv) kvazi-propagandna bljuvotina...gadovi i staorci...:evil:
User avatar
leopard
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1986
Joined: 01 Feb 2009, 11:47
Location: Skopje
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by leopard »

Сочуство до семејствата.Нека им е лесна земја,вечна слава и благодарност за се што направија за НАС до сега.
Напред към комунизма
User avatar
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
Posts: 9542
Joined: 05 Mar 2009, 22:18
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by AlexGreat »

Image
User avatar
BORG
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1328
Joined: 15 Jul 2006, 23:09
Location: YYZ Toronto -Mississauga ON
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by BORG »

Prvo lesna neka im zemja...........vtoro..............................nema vtoro samo cista tragedija.....................
Golemo socustvo do familiite i neka im e vecna slava.

Vi blagodaram od srce
User avatar
Legija91
Едриличар
Едриличар
Posts: 272
Joined: 11 Jun 2013, 22:03
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Legija91 »

Лесна им земја и вечна им слава !

Сочувство до најблиските.
Победата сака подготовка.
User avatar
Jak
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 432
Joined: 04 Nov 2009, 23:00
Location: Tetovo
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Jak »

Трагедија. Нека им е лесна земја
User avatar
DesertFox
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 813
Joined: 10 Jul 2010, 19:55
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by DesertFox »

Нека им е лесна земјата, сочувство до семејствата и блиските, трагедија...
User avatar
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
Posts: 9542
Joined: 05 Mar 2009, 22:18
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by AlexGreat »

Дечки некој ги пратеше вестите на Канал 5 и интервјуто со пилотот Небојша Антиќ?

Имам прашање поврзано со опремата за ноќно летање на МАП-7712, значи не сакам да шпекулирам што/како се додека нема инцијални резултати од истрагата.

Имено, Антиќ вели дека хеликоптерот бил „опремен од Елбит„ во однос на очилата за ноќно летање. Прашањето ми е токму тоа, дали е тоа точно или хеликоптеров (што е пологично со оглед дека е џам нов) си има дојдено со таква опрема од Русија?
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 8612
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Bobo »

AlexGreat wrote:Дечки некој ги пратеше вестите на Канал 5 и интервјуто со пилотот Небојша Антиќ?

Имам прашање поврзано со опремата за ноќно летање на МАП-7712, значи не сакам да шпекулирам што/како се додека нема инцијални резултати од истрагата.

Имено, Антиќ вели дека хеликоптерот бил „опремен од Елбит„ во однос на очилата за ноќно летање. Прашањето ми е токму тоа, дали е тоа точно или хеликоптеров (што е пологично со оглед дека е џам нов) си има дојдено со таква опрема од Русија?
Убаво си си напишал у првата реченица: значи не сакам да шпекулирам што/како се додека нема инцијални резултати од истрагата.
User avatar
Airbus
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 2764
Joined: 02 Dec 2006, 18:07
Location: Boston, Maassachusetts
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Airbus »

Порталот Курир денес објави информации кои треба да понудат одговор на овие прашања.

Според техничките податоци за хеликоптерот до кои стигнал Курир, леталото не покажувало никакви проблеми. Полициски хеликоптер од типот Mi-17 V5 е произведен на 26.12.2008 година во Kazan Helicopters Russian Federation, чиј сериски број е впишан во Регистар на полициски воздухоплови на МВР на 24.03.2009 година со регистарски ознаки МАР-7712.

-Хеликоптерот е опремен со турбо-млазни мотори од типот TV3-117VM Serial 2 произведени во Motor Sich, Украина. Тој исто така е опремен со Aviator Night Vision Imaging System/Head Up Display-24 (UNVIS/HUD) и Night Vision Goggles (NVG) опрема од страна на Elbit Systems Ltd. Израел, пишува порталот.

-Остварен налет од почеток на експлоатација: 312 часа и 44 минути

-Број на часови на работа на моторите од почеток на експлоатација: 312 часа и 44 минути

-Вкупен број на слетувања од почеток на експлоатација: 1.042

-Број на стартувања на моторите: 415

-Последен преглед по обем од 300 часа е направен на 17.05.2014 година во Воздухопловна бригада на АРМ, за што има прилог за прием на хеликоптерот после завршен преглед, проверка на земја и во лет со пробен лет на 18.05.2014 година, дознава Курир.

Хеликоптерот, според Курир, немал ниту една компонента или уред со исстечен век на употреба. Леталото било користено согласно упатството за употреба и редовно било одржувано согласно Упатството за одржување издадено од производителот на хеликоптерот.
Image المجد للسرب ٩٦ اعتراضية
User avatar
Helihopter
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 436
Joined: 26 May 2012, 14:05
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Helihopter »

IM MEMORIAM ДРАГИ МИЦЕВ : Два дена пред несреќата зборуваше за спасување животи :( :( Сторијата може да ја прочитате со кликање на линкот : http://www.telegraf.mk/aktuelno/173420- ... nje-zivoti" onclick="window.open(this.href);return false;

Нека почиваат во мир , сини неба ... :( :( :(
User avatar
cyber2smile
Спортски пилот
Спортски пилот
Posts: 333
Joined: 26 Dec 2008, 10:57
Location: Скопје
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by cyber2smile »

http://libertas.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d ... %82%d0%b5/" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
DesertFox
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 813
Joined: 10 Jul 2010, 19:55
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by DesertFox »

http://www.youtube.com/watch?v=45TU-nEYTgM" onclick="window.open(this.href);return false;
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 8612
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by Bobo »

Ебате стручњакот..Не вреди да се коментираат овие изроди
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15378
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Падна Ми-17-В5 (МАР-7712) во Струмица

Post by IgorMKD »

Екс ЈНА пензионер кој се знае и брка тезга... Класика!
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest