Аеро Митинг 2011, Битола

Сите интересни случувања поврзани со воздухопловството во светот.
Events and happenings in aviation in the world.
User avatar
Pelivan
Падобранец
Падобранец
Posts: 35
Joined: 26 Feb 2008, 13:38
Location: Prilep,Macedonia
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by Pelivan »

Морам прво да го пофалам организаторот за 4тион Аеромитинг во Битола за успешната организација и богатата програма БРАВО !!!!! .
Како учесник на Аеромитингот морам да си дадам малку слобода и да ги искритикувам но нема да им замерам за според мене некои важни пропусти на истиот .
Домашните пилоти од аероклубовите не беа пречекани и не им се оддаде никакво внимание дека се присутни а некои како мене и неможеа да пристапат во "VIP"- одделот без VIP - картичка.
VIP-оддел ? за кого за деца ? за девојки ? за официјални гости (директори,судии,куроцицачи итн итн) ? за политичари ? за сите освен за пилотите . Ок ако е така зошто тогаш не направите и еден специјален оддел за пилоти и воздухопловни инспектори ? . Многу пилоти кои пристигнаа од другите градови со нивните воздухоплови за да го збогатат аеромитингот не беа ни споменати ни како присутни па ни презентирани нивните воздухоплови. Според мене аеромитинг претставува презентација на летала аеро забава за гледачите но и средба на пилотите и размена на на нивните искуства, но за жал сите или повеќето беа ставени настрана односно на пеколна жештина од 38с. и немавме ама баш никаква можност да се собереме на едно место и да размениме искуства и мислења што бев испровоциран до крајни граници.
Едно што најмногу ме навреди а верувам и други само ако сакаат вака јавно да пишат е дека воопшто не беа никаде ни спомнати ul воздухопловите и нивните карактеристики а ги имаше вкупно 7-8 на број.
Некои ќе речат добро не ќе гледаме исто секоја година ..точно но не треба ли барем малку да им се оддаде почит на оние кои го збогатуваат аеромитингот со вакви или онакви воздухоплови ?
Гледачите имаа можност да видат се од висококвалитетна програма но истовремено немаа никаква прилика да добијаат информации за категориите во воздухопловството , за цените на обуките , контакти доколку има некој заинтересирано како иден кандидат за обука за пилот итн итн. во спротивно гледам репортажи од странските учесници дека воздухопловството е премногу скапо дека се потребни премногу пари за обуките ...да точно е но за нивната категорија, но за обичниот човек кој нема информации за категориите има контра ефект да се побуди свеста и желба за обука . Значи ова не го зборувам напразно туку поткрепено од она што го слушав од присутните .
Ве замолувам да не ми замерувате Аеромитингот се одржа во одлични временски услови со добра организација со многу висок степен на безбедност, но за жал проследена со горенаведеното и искрено се надевам дека до година ќе има уште повеќе изненадувања и уште помали пропусти. Ова што го правите е голем залак и ви оддавам огромен РЕСПЕКТ Битолчани !!! :)
Jovan

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by Jovan »

Дејан многу извини,
и коплетно се сложувам во тоа што го кажа во посленидот пост и ако некој треба да се извини тоа сме ние од оганизација и ќе го земиме тоа во предвид се разбира.

Те моалм за прошка ако можеш да ме поверуваш јас не знаев каде сум, ама буквално не се сеќавам баш на ништо, како да не бев таму, цело веме имав обврска нешто и некого да покријам или да средам тоа е не е средно но тоа е, не се стига со малце луѓе толку, се броевме само на една рака, ако ме веруваш мои многу драги луѓе, пријатели и фамилија ги ставив во позиција за која не би сакал да си ја спменам и не би си поверувал, односно буквално не беа испочитувани ама бач ич а да не зборувам за ВИП делот не ни можеја да го видат тоа ми е многу криво ама тоа е, мислам дека грешката е бидеќи за твоите ретко кога мислиш бидеќи ги рачунаш дека нема да ти замерат и тоа е 100% погрешно се сложубам со тебе и ќе биде земено во предвид..

Поздрав и извинете на сите што се осетивте запоставени.

Јове.
User avatar
apaskalmmx
Падобранец
Падобранец
Posts: 151
Joined: 15 Jun 2010, 10:56
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by apaskalmmx »

Здраво

Секогаш може да има подобра организација тое точно, и се она што е пропуштено оваа година сигурен сум дека ќе биде корегирано за следната година.

Замислете дека одите на свадба кај некој ваш пријател. Претпоставувам дека ви се случило да цела вечер не успеете да направите два реда муабет поради протоколот на церемониалот.
Дали тоа значи дека вашиот пријател нејќи да ви обрни внимание ??? А предходната вечер сте поминале топ бидејки сте биле 5 другари на момачко вече.
Не грижете се дефинитивно вашиот пријател не е лут, има премногу задачи за тој ден.

Знаеме сите дека контролорот на летање на аеро митингот 3-те дена ги помина на контролната кула. Сигурен сум дека и тој има пријатели што ги поканил да му бидат гости и не успеал да се види со повеќето.

Мислам дека е доволно - ја сваќаме поентата.

Сите критики се повеќе од добредојдени, од нив произлегуваат идеите за подобра организација до година.

Ја поздравувам идеата на Дејан за ВИП одел за пилоти, каде цела елита на домашни и странски пилоти би размениле искуства од својата област.
Подобар инфо центар, сите оние што се желни за повеќе информации да бидат услужени.

Поздрав
Паскал
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by kocov »

Pelivan wrote:
gorgon wrote:
dragan_mig31 wrote:Другар ако не ви е проблем,ене ги старс со г-2 од нови сад.Мислам дека би го довеле аеромитигнот на скроз друго ниво него претходно.Исто така и може да се поканат околните Воени ваздухопловства од соседните земји кои радо би направиле прелет и маневарски презентации со нивните млазни борбени авиони(знам дека тоа го прават безпари и на свој трошок а потребна е само покана).
Vasite idei nie gi ostvaruvame! :D :D :D :se_predavam: padobranec

Без пари идат само пилотите од Аеро клубовите во Македонија како и војската и полицијата а во истата група можам да ги ставам и Италијанците со двата UL Tecnam P-92 . Останатите се дебело платени и никој не иди без пари ...се врти некоја сума од 60,000 евра можеби и не е точна но со сигурност е висока
Па нормално овие луге од тоа живеат од аеромитинзи, па не е лошо ако вгодина се имаа малку повеке пари да се викнат некој други воздухоплови еве да речиме нека слета некој b-25 michel или he-111 некој ретки птици што ги нема многу низ небото, а многу кеф ке ми се направи ако слета некој vulcan или valentin бомбандер, мислам дека имаа една аерогрупа што ги користи овие бомбандери за аеро митинизи низ Британија, но како што кажавме сите се од џебот колку тој ке ни биде длабок вгодина.
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5732
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by Trpkovski Vladimir »

Ууууу Кочов, па кај најде Вулкан или Валентајн на тревната писта. :D :D :D
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by kocov »

Trpkovski Vladimir wrote:Ууууу Кочов, па кај најде Вулкан или Валентајн на тревната писта. :D :D :D
Е да дали можат да слетат на тревна писата то незнам, но во логовради кај што беа АН-2 имаа бетонска писта и како што ми кажа skopjeair дека е едно 300 метра долга па не лошо да се проба можи ке слетата :D . Но исто така не треба да се заборави дека овие летала беа правени во студената војна и како што сметаја Британците дека во евентуална војна со СССР дека сите аеродроми на valentin ili vulcan ке бидат уништени, па така да можно е овие авиони да се правени да слетат на тревна писта но можи и не.

eве на оваа видео слетува на тревана површина во Англија нормално со кочење со подобранец.


http://www.youtube.com/watch?v=MQKL_5YVuVE" onclick="window.open(this.href);return false;
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
igor_mk
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 454
Joined: 22 Sep 2006, 16:49
Location: Скопје - Македонија
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by igor_mk »

kocov wrote:
Trpkovski Vladimir wrote:Ууууу Кочов, па кај најде Вулкан или Валентајн на тревната писта. :D :D :D
... но во логовради кај што беа АН-2 имаа бетонска писта и како што ми кажа skopjeair дека е едно 300 метра долга па не лошо да се проба можи ке слетата.
Таа писта колку што забележав јас, последниов пат е уништена тоталка !
Kolku poveke stari idei imas tolku poveke novi ke mozes da sozdades.
User avatar
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
Posts: 9593
Joined: 05 Mar 2009, 22:18
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by AlexGreat »

Зошто како ПСС не се користи поплочената стаза каде што оваа година беше паркингот? Ми личи како подобро решение, додуша не ја знам должината,ширината и сл. но верувам дека е можно да се вршат слетувања и полетувања од неа подобро отколку на земја. Само треба да се искоси просторот од неколку цм помеѓу „коцките„.
User avatar
apo_bullseye
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1695
Joined: 26 Feb 2010, 13:53
Location: Скопје
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by apo_bullseye »

AlexGreat wrote:Зошто како ПСС не се користи поплочената стаза каде што оваа година беше паркингот? Ми личи како подобро решение, додуша не ја знам должината,ширината и сл. но верувам дека е можно да се вршат слетувања и полетувања од неа подобро отколку на земја. Само треба да се искоси просторот од неколку цм помеѓу „коцките„.
Епа тоа е таа 300 метарска бетонска писта, која и јас како што приметив беше уништена, и не верувам дека може да се користи. Исто така би го замолил организаторот за наредната година да го прошират и асфалтираат патот до аеродромот, сепак наредна година треба да очекуваме уште поголема посетеност, нели :)
User avatar
kocov
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 8783
Joined: 12 Jan 2008, 18:59
Location: Republika Bitola

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by kocov »

igor_mk wrote:
kocov wrote:
Trpkovski Vladimir wrote:Ууууу Кочов, па кај најде Вулкан или Валентајн на тревната писта. :D :D :D
... но во логовради кај што беа АН-2 имаа бетонска писта и како што ми кажа skopjeair дека е едно 300 метра долга па не лошо да се проба можи ке слетата.
Таа писта колку што забележав јас, последниов пат е уништена тоталка !
абе не толку уништена можи со мали средства да се врати пак во употреба не до толку распадната, само некој мали разјадување што ги имаа на површината еден помал слој од 2 до 3 см ке биде доволно да се закрпи
Се ке направам како што треба и на крајот пак ништо..лоша срејка или што и јас самиот незнам
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5732
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by Trpkovski Vladimir »

До организаторите на аеромитингот.

Деновиве имате одлична прилика да се воспостават контакти со припадниците на Словенечната Војска за можно учество на нивни апарати за следниот аеро митинг наредната година.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 8648
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by Bobo »

Image
Image
Image
Image
User avatar
igor_mk
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 454
Joined: 22 Sep 2006, 16:49
Location: Скопје - Македонија
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by igor_mk »

Чиста десетка ! :bravo:
Kolku poveke stari idei imas tolku poveke novi ke mozes da sozdades.
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 23498
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by dragan_mig31 »

Само таговиве да не беа ваков шит :)
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 8648
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by Bobo »

Image

Ако се препознае некој тука нека си каже :vojnik_fraer:
User avatar
kiko737
Падобранец
Падобранец
Posts: 29
Joined: 23 Aug 2011, 00:46
Location: Bitola
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by kiko737 »

Image

Image

:vojnik_fraer: :vojnik_fraer:
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 23498
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by dragan_mig31 »

Битолчани ќе има ли нешто годинава или не?
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
kiko737
Падобранец
Падобранец
Posts: 29
Joined: 23 Aug 2011, 00:46
Location: Bitola
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by kiko737 »

Ке има, и то многу поинтересно од лани :vojnik_fraer:
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5732
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by Trpkovski Vladimir »

Дај боже, едвај чекам. :D :D

Само јавете на време за датумот. 8)
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 23498
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Аеро Митинг 2011, Битола

Post by dragan_mig31 »

ќе може ли бар прелиминарни информации за датум и слично за да се оргаизираме?
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests