Пријателче ми обезбеди легитимација на учесник и денес бев да видам како одат подготовките за викендот. Уствари причината за која отидов е информацијата дека во исто време ќе доаѓаат 2 акробатски групи и ќе одржат утрински тренинг.


Аеродромот во Сион е воен/цивилен со огромен број на бизнис џетови кои полетуваат и слетуваат во секое време кои носат директори и други големци на огромни корпорации кои се наоѓаат во овој дел од Швајцарија. Познатата американска NetJets има своја база на овој аеродром.
Околу 9 часот прва пристигна француската акробатска група која со формација од 9 авиони го надлета ниско аеродромот и започна маневри кои траеа околу 45 минути. Фантастично беше да се гледа како ги возат авионите над дрвјата од околните планини, ми се чинеше во секое време ќе закачат некој врв. Додека сеуште беа во воздух се појавија и 7 Л-39 на Брајтлинг тимот, французите држеа висина од 60-тина метри во формација а другиве кружеа на 120-130 метри висина, латерално можеби 200 метри оддалечени. Како малку да беа сите овие авиони на толку мал простор од никаде прошишаа на некои 10 метри висина 2 грипена

Одличен ден за очи ама тежок за уши


























Еве ви една шпионска од војните бараки



Сликам со џебен канон и треба да го менувам. Дефинитивно.