Axalp 2012

Сите интересни случувања поврзани со воздухопловството во светот.
Events and happenings in aviation in the world.
Post Reply
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Axalp 2012

Post by Scylla »

Еве после еден стварно напорен ден да дадам мал извештај за овој аеромитинг. Вчерашниот настап беше откажан поради лошо време а денес до последен момент се чекаше одлука а јас со обврски не знаев до последно дали ќе одам. Расчитав некои водичи бидејќи самиот митинг се одржува на 2200 метри врв па реков да се спремам ама се што прочитав беше застарено и доста работи се сменале. На пример, последниот автобус кој вози према ски-лифтот тргнувал во 11:30 а јас прочитав дека е во 13:30. Пристигнав во 12:30 на 10км од селото Axalp и начекав воена бариера, нагоре нема повеќе. Последниот автобус замина, ти батка враќај се дома, така ми кажа 50 годишниот чича со брк и тенка пура во рака. Паркирав кола на 100 метри во еден запуштен пат и се вратив да се разберам да ме пушти некако. 10 минути се натегаме, ми вели нема шанса да те пуштам со кола, ќе блокираш некој автобус горе нема да може да сврти на кривина. Додека разговараме, застанува ЕАДС комбе, покажува легитимација, рампата се отвара...Од внатре некој ми мафта. Френк Лиеман, директор за продажба во ЕАДС. 2 пати се имаме сретнато случајно на аеромитинзи и имаме по цел ден џаболебарено. Доктор Френки е огромен воздухопловен ентузијаст и неверојатен професионалец, неверојатно упатен во воената авијација, поготово млазна. Сега е директор за продажба на ЕУРОФАЈТЕР за Швајцарија. Ме пикна во комбе и ми го разубави денот. Кој ќе се враќаше дома без да види авион...

Стигнавме до ски лифтот, се искачивме на врвот (после 1.5 час, буквално вертикално качување, душа ми излезе) и едвај на време стигнавме за почетокот. Кугари, Пуми, Грипени, Пилатуси, ФА/18....Да не знаеш кај да гледаш. И неверојатно блиску. Фантазија.

За среќа не беше премногу ладно, времето очекувано облачно...Ама ептен супер дисплеј. Испаднаа 15 километри планинско качување и буквално секој мускул ме боли.

Еве неколку слики останатите едноставно не ги бива, ова е сепак само еден сосема мал дел од она што можеше да се види денес.

Image

Image

Image

Image

Image

Image
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 8660
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Axalp 2012

Post by Bobo »

Ти си многу среќен човек :shok: Браво за поминот и фоткиве
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Re: Axalp 2012

Post by MaKoM »

хмм сумлјива работа...особено причата за чичото со брк !!!!!! хмммм 8) 8) 8) 8)
...shoveling shits up the hill...
User avatar
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
Posts: 13629
Joined: 26 Jun 2009, 23:07
Location: Skopje,R.Makedonija
Contact:

Re: Axalp 2012

Post by karamba »

Scylla блазе си ти, богами нема многу места кај што вакви машини се гледаат во лет и тоа одозгора :) секоја чест, вредело патешествието, типов има напраено екстра фотки...

http://www.walter-photo.fr/images.php?img=1047" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
Posts: 3184
Joined: 12 Oct 2006, 10:23
Contact:

Re: Axalp 2012

Post by Skopjeair »

Значи, сакам да ти пишам нешто ама не на форум ... :)
I fly BELL 206 when I am sober!
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Re: Axalp 2012

Post by Scylla »

Е ова се слики, топ галерија.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
Loaded_Dice
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 1129
Joined: 04 Aug 2006, 22:48
Location: Skopje, MK
Contact:

Re: Axalp 2012

Post by Loaded_Dice »

Многу јаки фотки Scylla, верувам дека било до
живување да се биде таму на лице место.
Убаво што сеуште ги летаат F-5-те во Patruille Swiss.
Ќе побарам некое видео на youtube, има навистина прекрасни од претходни години ...

BTW, имаше ли пукање со жива муниција ?
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests