Книга Воздухопловна Метеорологија

Научни трудови и литературни дела од професионалната авијација.
Science and literature materials from professional aviation.
Post Reply
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Книга Воздухопловна Метеорологија

Post by avijacijamk »

Дечки немам појма дали знаете или не ама за прв пат во Р. Македонија излезе една топ книга на македонски јазик Воздухопловна Метеорологија од Љупчо Секулоски. Значи денеска јас си ја добив и почнав да ја листам и сум многу позитивно изненаден колку е сликовито и одлична напишана. Значи ова е прирачник за пилоти, контролори на летање и друг воздухопловен персонал. Кој сака да ја има мислам дека е некаде околу 1000 денари и дека вреди да си се купи.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
brynner

Re: Книга Воздухопловна Метеорологија

Post by brynner »

Браво. Честитки.
Каде може да се набави?

(Иначе, Љ. Секуловски беше коавтор и на „Воздухопловниот метеоролошки прирачник за дешифрирање на METAR/TAF...“ од 2002, во издание на Просветно дело. Ептен згодно книжуле...)
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Re: Книга Воздухопловна Метеорологија

Post by avijacijamk »

кај него може да се набави.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
Александар Морган
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 24 Dec 2009, 15:29
Contact:

Re: Книга Воздухопловна Метеорологија

Post by Александар Морган »

Може да се најде и по локалните книжари претпоставувам? Ако издавачот е домашен, тогаш ќе ја има на лагер по нивните книжари.
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Re: Книга Воздухопловна Метеорологија

Post by Scylla »

Ја имам честа да прикажам мал дел од оваа книга по контактите што ги остваривме со г-динот Љупчо Секулоски за да покажеме малку повеќе што има помеѓу кориците на Воздухопловна метеорологија.

Во средината на јули 2010 година излезе од печат книгата “Воздухопловна метеорологија” од Љупчо Секулоски, дипл. инж. метеоролог, вработен во “М-НАВ” А.Д. Скопје. Книгата содржи 268 страни отпечатени целосно во боја, во формат Б5 и со преку 300 слики и илустрации и дијаграми изработени во Corel Draw. Основната намена на книгата е да претставува соодветен едукативен материјал од областа на воздухопловната метеорологија за пилоти, контролори на летање, професионални метеоролози и друг воздухопловен персонал, но и за секого што сака да научи повеќе од областа на воздухопловната метеорологија. Темите се така разработени, да не се неопходни посебни претходни знаења од областа на воздухопловната метеорологија. Во секој случај, книгата треба да ја има во својата
библиотека секој што секојдневно се среќава со проблематиката на воздухопловната метеорологија. Нејзината важност е уште поголема ако се има во предвид фактот што е прва книга од областа на воздухопловната метеорологија издадена на македонски јазик. Со појавата на оваа книга барем малку се надополнува недостигот од стручна литература во РМ присутен во сите области, а особено во делот на воздухопловството.

Повеќе информации во врска со книгата, вклучувајќи цена и начин на испорака, можат да се добијат од авторот:

Љупчо Секулоски
ljsekuloski@yahoo.com
070 344 207

Image

Извадок на содржината и уводот

Извадок ветер

Извадок облаци
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
LjS_METEO
Падобранец
Падобранец
Posts: 1
Joined: 19 Sep 2010, 23:32
Contact:

Re: Книга Воздухопловна Метеорологија

Post by LjS_METEO »

Искрено благодарам на пофалбите и убавите зборови за книгата.
Сега за сега, книгата не може да се најде по книжари, но по контакт со авторот, секој што е заинтересиран ќе може да набави примерок од книгата. На домашната страна на сајтот можат да се најдат контакт информации, но сепак, еве ги уште еднаш:
ljsekuloski@yahoo.com
070 344 207

Голем поздрав до сите членови на форумот на avijacija.mk

Од авторот на книгата / Љупчо Секулоски

Knowledge is a power - in aviation it means - flying safely
User avatar
Iko
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 46048
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA
Contact:

Re: Книга Воздухопловна Метеорологија

Post by Iko »

A vo ime na site chlenovi na forumov (za koja lichno zemena sloboda se nadevam deka nema da mi zamerat) dozvolete mi da vi posakam edno toplo dobredojde od site nas ovde....navistina mi e drago a siguren sum deka toj vpechatok go delime site ovde shto ova nashe "katche" sekojdnevno se popolnuva so intelektualci od vozduhoplovnata oblast koi ne deka gi nema vo nashata drzhava no za zhal radi opshtata socijalna postavenost na istata kako i site ostanati intelektualci se maksimalno marginalizirani i ostaveni da intelektualno tvorat na marginite na opshtestvoto...

Vo toj pogled, vashiot trud koj siguren sum se bazira na makotrpno nauchno tvorenje i dolgo istrazhuvanje ushte povekje zasluzhuva pochit... :bravo: :bravo: :bravo:

Ushte ednash vi posakuvam toplo dobredojde i se nadevam deka vo idnina kje doprinesete so vasheto znaenje i iskustvo vo razvivanjeto na interesni i kvalitetni diskusii vo ovaa moshne specifichna disciplina na celokupnata vozduhoplovna nauchna tematika!

So pochit,
Iko
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest