Page 1 of 1

Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 18 Apr 2013, 15:10
by Andonovic Vladimir
Излезе од печат книга за хеликоптери на Македонски јазик “Анатомија на современите хеликоптери“ од авторот проф.д-р Владимир Андоновиќ, како втор дел на веќе објавената “Приказна за хеликоптерот“. Во книгата се третира конструкција на одделните склопови и системи на хеликоптерот, како: како лета хеликоптерот, класификација на хеликоптерите, основни конструктивни концепти на хеликоптерите, конструкција и опис на функционалните целини на хеликоптерот (труп, главен ротор, стоен трап,антиторк системи, опашни командни површини...), системи за управување со хеликоптер, трансмисија, хеликоптерски хидрауличен систем, пневматски систем, гасна турбина - погонски мотор на модерните хеликоптери, системи за заштита од мраз, преглед на хеликоптерите и видови сервиси, управување со хеликоптер, опис на конструкции на некои хеликоптери, библиографија и белешка за авторот. Вкупно 13 глави текст,244 страници објаснувања и илустрации. Мислам дека на македонски јазик ова е прва и, засега, единствена книга со ваква содржина. Можат да ја користат најмалку средношколци, студенти на техника, но и професионалци.

Re: нова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 19 Apr 2013, 14:22
by AlexGreat
Кои се цените на двете книги?

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 01 May 2013, 09:10
by Andonovic Vladimir
Многу нескромно од мене, но се надевав на малку поголем интерес. Како и да е, на првиот и, досега, на единствениот заинтересиран за овој вид литература AlexGreat, му подарувам три книги: Лесни авиони, Воздухопловни легенди и Приказна за хеликоптерот. Молам да воспоставите контакт со мене (преку Форумов или 071 356 193) за да се договориме како да Ви ги испорачам книгиве.

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 01 May 2013, 19:45
by AlexGreat
Голема благодарност до Вас, г-дине Андоновиќ :)

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 03 May 2013, 20:19
by Зоран
AlexGreat wrote:Голема благодарност до Вас, г-дине Андоновиќ :)

Блазеси ти Алекс .

Воедно поздрав до мојот драг професор по машински елементи.

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 15 Aug 2013, 16:17
by Andonovic Vladimir
Го молам колегата (двајцата сме вљубеници во воздухопловството) Борис, алијас AlexGreat, да ми се јави на 070 984 750. Го загубив телефонот а со него “замина“ и бројот за контакт во Битола. Има добри шанси во сабота да ги пратам книгите во Битола (најпосле!) па да се договориме.
Истовремено упатувам покана и до Модераторот Зоран да ми се јави заради договор по истиот предмет. Може да ми пратите и СМС, сеедно.
Поздрав. В.Андоновиќ.

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 15 Aug 2013, 18:44
by Зоран
Andonovic Vladimir wrote:Го молам колегата (двајцата сме вљубеници во воздухопловството) Борис, алијас AlexGreat, да ми се јави на 070 984 750. Го загубив телефонот а со него “замина“ и бројот за контакт во Битола. Има добри шанси во сабота да ги пратам книгите во Битола (најпосле!) па да се договориме.
Истовремено упатувам покана и до Модераторот Зоран да ми се јави заради договор по истиот предмет. Може да ми пратите и СМС, сеедно.
Поздрав. В.Андоновиќ.
Бескрајна благодарност професоре.
А ке го контактираме и Борис ,

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 15 Aug 2013, 19:13
by dragan_mig31
Зоран не сум знаел дека си модератор :)

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 15 Aug 2013, 20:12
by Зоран
dragan_mig31 wrote:Зоран не сум знаел дека си модератор :)
Само во насловот. :idea:

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 29 Aug 2013, 00:43
by AlexGreat
Andonovic Vladimir wrote:Го молам колегата (двајцата сме вљубеници во воздухопловството) Борис, алијас AlexGreat, да ми се јави на 070 984 750. Го загубив телефонот а со него “замина“ и бројот за контакт во Битола. Има добри шанси во сабота да ги пратам книгите во Битола (најпосле!) па да се договориме.
Истовремено упатувам покана и до Модераторот Зоран да ми се јави заради договор по истиот предмет. Може да ми пратите и СМС, сеедно.
Поздрав. В.Андоновиќ.
Бидејќи не бев последниве две недели во МК не ја видов поракава, но утре ќе ве побарам.

Поздрав!

Re: Nова книга за хеликоптери на македонски јазик

Posted: 05 Feb 2014, 15:18
by AlexGreat
Дечки, по подолго време ги денес ги добив на поклон трите книги од професорот Андоновиќ (Лесни авиони, Воздухопловни легенди и Приказна за хеликоптерот) и по кратко разгледување, искрено би Ви ги препорачал (на оние кои се заљубеници во воздухопловството).

Книгите се пишувани на јасен и разбирлив јазик и терминологија, квалитетно печатени и даваат информации кои не одат длабоко во детали, но не се ни премногу општи или енциклопедиски. Таман колку да навлезете во оваа област и потоа сами да се заинтересирате да истражувате повеќе. Ова го донесувам како заклучок од неколкуминутно разгледување на книгите.

Одсега ќе почнам полека со читање и имам високи очекувања со оглед на тоа дека ваквата литература во Македонија е дефицитарна и секое дело е вредно злато.

Уште голема благодарност за гестот до професорот Андоновиќ!