Орли нападнаа параглајдерка

За љубителите на лесните авиони,падобранството,едрилиците и ултралесните летала.
For the fans of the light aircraft, paragliders, private flying and sailplanes.
Post Reply
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Орли нападнаа параглајдерка

Post by avijacijamk »

КАНБЕРА (Ројтерс) - Најдобрата британска параглајдерка избегна смрт по нападот на два "крештави" диви орли во текот на натпревар во Австралија.
Ники Мос (38) престрашена гледала како двете огромни птици почнуваат да го кинат нејзиниот параглајдер, а едната се заплеткала во јажињата и со канџите мавтала накај нејзината глава на височина од 2500 метри.
"Слушнав крештење зад мене и орел слета и ме нападна, слетувајќи со канџите на страната на моето крило", изјави Мос за Ројтерс во петокот. "Потоа уште еден долета и заедно го нападнаа крилото на мојот глајдер."
Ова се случило во понеделникот додека Мос, членка на британскиот параглајдерски тим, се спремала за шампионатот во Манила во државата Нов Јужен Велс.
Еден од огромните орли се заплеткал во јажињата на глајдерот и со канџите замавтал накај Мос, додека нејзиниот параглајдер паѓал накај земјата.
Таа вели дека помислила да го откачи глајдерското крило, налик на падобранско, и да го користи резервното. "Но тогаш ќе се спуштав на резервното а птиците ќе продолжеа да го кинат, што немаше да биде баш добро", вели таа.
Орлите со расцепена опашка се најголеми птици-предатори во Австралија и имаат распон на крилата од преку два метра.
Вест
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 3 guests