Изгубени авиони над Македонија

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by avijacijamk »

Jak wrote:Еве еден текст од мојата архива. Сведокот, овчарот што го спасил преживеаниот авијатичар од авионот кој паднал над Вратница.

Image

А да го скенираше ова и да го ставеше на форум??? Иначе беше ли таму или уште се каниш? Пиши ми порака!
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33349
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by alvarhanso »

Saso wrote:не знам кај да го ставам ова па ај овде
еве еден сјаен текст од вест
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=C ... 359BF819A0" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33349
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by alvarhanso »

И како често линковите од веснициве/порталиве се губат, не е лошо да се копира текстот и сликите во целост. :wink:


ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО ВРАТНИЦА ПРОНАЈДЕН АВИОН ОД ВТО­РА­ТА СВЕТСКА ВОЈНА

Пос­лед­ни­от лет на Наша љубов

При­каз­на­та која 70-ина години се раскажува во вратничкиот крај во Те­тов­ско за паднатиот американски авион од Втората светска војна и за спа­су­ва­ње­то на пилотите, ме заинтригира кога првпат ја слушнав и, се­ка­ко, не ме остави рамнодушен. Имав можност изворно да ја слушнам од жи­те­ли­те на село Вратница, кога во 2008 година Воздухопловната бригада по­мог­на со хеликоптерите "МИ-17" да се постави водоводот за селото.

При­каз­на­та за овчарот од Вратница што ги спасува американските пилоти за време на Втората светска војна, секако допрела и до американскиот ам­ба­са­дор во Македонија, кој во 2004 година ја посетил Вратница и збо­ру­вал со овчарот (Ангелко Томовски), кој тогаш, на 12-годишна возраст оти­шол до местото на несреќата и, заедно со другарите успеале да симнат од др­во еден од повредените членови на екипажот на авионот.
Спо­ред кажувањата на дедо Ангелко, авионот се урнал во август 1943 го­ди­на, оставајќи шест мртви и тројца преживеани. Барајќи низ архивите на Ми­нис­терс­тво­то за одбрана на САД, амбасадата на САД во Скопје не ус­пе­ала да го пронајде во евиденцијата потврда за урнат авионот во 1943 го­ди­на на наша територија. Повторно во февруари 2013 година, амбасадата на САД се ангажира и, по две посети на селото, преку интервјуа со ло­кал­но­то население (чии информации се базираа на црковната евиденција), се ут­вр­ду­ва дека денот на несреќата, всушност, е 26 август 1944 година, а мес­то­то на паднатиот авион е над селото Вратница, на место викано Слби­ца, на надморска височина од 1.500 метри.

Ам­ба­са­да­та на САД во понатамошно истражување претпоставува дека се ра­бо­ти за бомбардер од типот "Б-24 либератор", авион кој се урнал на те­ри­то­ри­ја­та на Македонија, враќајќи се од мисија во Романија на тој датум. Воз­ду­хоп­лов­но­то аташе на амбасадата на САД успева да набави три из­веш­таи за исчезнати екипажи, и врз основа на нив утврдува дека се ра­бо­ти за авион со сериски број 42-78240, евиденциски број 240 и кодно име "На­ша љубов" (Оур Лове), чија судбина наликува на приказните на се­ла­ни­те од Вратница. Со голема сигурност дека се работи за авионот "Наша љу­бов", амбасадата на САД во Скопје започнала да ги контактира род­ни­ни­те на екипажот преку Интернет и успеала да се поврзе со четири од де­вет­те семејства на членови на екипажот. Врз основа на разговори, слики и на извештаи добиени од членови на семејствата, со сигурност се пот­вр­ду­ва дека се работи за авионот со сериски број 42-78240, евиденциски број 240 и кодно име "Наша љубов" (Оур лове), кој се урнал над Вратница на 26 ав­густ 1944 година.
Ед­но писмо од Воениот секретаријат на САД, со датум 29 мај 1947, дури и ја споменува Вратница по име, како местото на загинувањето на членови на летачки екипаж на вооружените сили на САД.

На 5 септември 2013 година, амбасадата на САД организираше посета на мес­то­то на паднатиот авион во Вратница, заедно со амбасадорот на САД Пол Д. Волерс, проф. д-р Марјан Димитријевски од Институтот за на­ци­о­нал­на историја, со претставници од Воздухопловната бригада на АРМ, жи­те­ли на Вратница и други. Во текот на искачувањето до самото место, раз­го­во­ри­те со професорот и со локалните жители на Вратница, како и про­у­чу­ва­ње­то на декласифицираните документи добиени од американската ам­ба­са­да во Скопје, успеав да разберам што се случувало на тој ден и как­ва била судбината на американскиот екипаж.

Ден­та на 26 август 1944 година, авионот "Б-24 либератор" со кодно име "На­ша љубов", враќајќи се од бомбардерската мисија над Романија бил на­пад­нат од пет германски авиони ловци "Ме-109", и по 5 минути над­ле­тал над силна противвоздушна артилерија. Во директниот напад на ави­о­ни­те загинале копилотот потпоручник Џон Едвардс и опашниот стрелец на­ред­ник Вилијам Родс, а авионот бил погоден и почнале проблемите со мо­то­ри­те, кои резултирале со губење на височина. Првиот пилот по­руч­ни­кот Едвин Кеселбег, не можејќи да го одржува авионот на зададената ви­со­чи­на, после некое време се одвоил од групата и донел одлука за сле­ту­ва­ње на одбран терен кој обезбедува принудно слетување со најмала ште­та. Прелетувајќи ги деловите на јужна Србија, ја здогледал Шар Планина и ви­со­рам­ни­на­та над Вратница која, според негова проценка, била добар те­рен за слетување, далеку од бугарските власти во Полошката Котлина од ка­де што понатаму, со сопствени сили би се префрлиле до сојузниците во Ал­ба­ни­ја и во Италија. Во текот на понирањето, авионот нагло загубил ви­со­чи­на и водителот на екипаж наредил сите да го напуштат леталото. Ка­ко резултат на големата брзина и на големата произведена цен­три­фу­гал­на сила при падот на авионот, дел од екипажот успеал да скокне од ле­та­ло­то, додека дел останал заробен во него, и загинал на самото место. Од вкуп­но 9 членови на екипажот, само 3 ја преживеале мисијата.

Пре­жи­ве­а­ни:
по­руч­ник Едвин Кеселбег - пилот. Скокнал со падобран
по­руч­ник Ричард Меккули - бомбардер. Скокнал со падобран
на­ред­ник Едвард Амбросини - радиооператор. Скокнал со падобран
За­ги­на­ти:
пот­по­руч­ник Џон Едвардс - копилот. Загинал во нападот на авионите "Ме-109"
на­ред­ник Дејв Коблиц - воздухопловен инженер. Загинал при скок со па­доб­ран
на­ред­ник Брус Тутхил - стрелец од горната купола. Загинал во авионот, не успеал да скокне со падобран
на­ред­ник Харолд Викен - стрелец од носната купола. Загинат при скок со па­доб­ран
на­ред­ник Вилием Родс - стрелец од опашната купола. Загинат во нападот на авионите "Ме-109"
на­ред­ник Вилис Стивенсон - стрелец од стомачната купола. Загинат во ави­о­нот - не успеал да скокне со падобран.

По падот на авионот во 11:45 часот наутро, на самото место први прис­тиг­на­ле неколкумина овчари што помогнале да се симнат загинатите со па­доб­ра­ни од околните дрвја и да се соберат сите загинати и преживеани од ави­о­нот. Согласно документите добиени од американската амбасада во Скоп­је, вратничани преживеаните 3 членови на екипажот ги заштитувале од бугарските окупаторски сили, но сепак, тие биле пронајдени, и во текот на денот паднале во заробеништво на бугарската армија и биле тран­спор­ти­ра­ни во Скопје каде што пристигнале во вечерните часови. Загинатите 6 чле­но­ви на екипажот селаните од Вратница, како што им ветиле на Аме­ри­кан­ци­те, ги закопале во дворот на вратничката црква, на самиот влез од левата страна, и почивале таму до ослободувањето на Македонија. Во те­кот на 1947 година, амбасадата на САД во Југославија ги ексхумирала гро­бо­ви­те во црквата и ги пренела телата на Американските воени гро­биш­та во Белград, од каде што со текот на годините роднините ги пренеле ос­та­то­ци­те на нивните најблиски во САД. Преживеаните тројца членови на еки­па­жот биле однесени во затворот во Шумен, Бугарија каде што ја до­че­ка­ле капитулацијата на Бугарија на 8 септември 1944. Во септември биле ос­ло­бо­де­ни и предадени на сојузниците, кога и бил направен првиот из­веш­тај од преживеаниот поручник Ричард Меккули на 14 септември 1944 го­ди­на.
Де­нес на местото на падот не може да се забележи каков било знак за тра­ге­ди­ја­та на 6 американски членови на екипажот и авионот "Наша љу­бов".
По 69 години, местото изгледа како секое друго, и беше тешко да се нај­дат остатоците од авионот со голо око. Со текот на годините, селаните де­ло­ви­те од авионот ги користеле за најразлични потреби, а дел од металот ве­ро­јат­но е продаден како старо железо. За пронаоѓање на остатоците ко­рис­тев­ме детектори за откривање метал, и успеавме да извадиме ситни ме­тал­ни остатоци. Најголемиот пронајден и зачуван метален материјал е дел од стојниот трап за слетување на авионот кој, благодарејќи на дож­до­ви­те и на ерозијата на земјиштето, го пронајдовме 500 метри пониско од мес­то­то на падот. Тој беше затрупан со камења и земја, и поради тоа беше теш­ко да се извади и да се транспортира без дополнителна опрема.
Ма­ке­дон­ски­от народ, како во случајот со нашите вратничани, ја докажува сво­ја­та хуманост и патриотизам со давањето помош на преживеаните која е пресудна за животите на тројцата американски пилоти. Во случајот со пос­лед­ни­от лет на "Наша љубов", судбината не била дарежлива кон за­ги­на­ти­те шестемина членови на екипажот, но затоа преживеаните тројца, и пок­рај заробувањето, брзата капитулација на Бугарија на 8 септември 1944 г. им донела слобода и враќање во Соединетите Американски Др­жа­ви. Според кажувањето на вратничани, неколку години по завршувањето на војната, еден од преживеаните членови на екипажот се вратил во Врат­ни­ца да си го земе падобранот кој му останал тука. Тој подоцна бил упот­ре­бу­ван за обука на неговата ќерка.

Пол­ков­ник м-р Кире Колевски
Проф. д-р Марјан Димитријевски

Image

Image

Image

Image

Image
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33349
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by alvarhanso »

Нешто покрупни слики и инфо од нет.
http://www.b24bestweb.com/ourlove1.htm" onclick="window.open(this.href);return false;

Image

Image
User avatar
Helihopter
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 850
Joined: 26 May 2012, 14:05
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by Helihopter »

Има ли некој нешто повеке за паднатиот Б-24 Либератор над Сушево , Штипско ?
User avatar
Momak od Gjorce
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2461
Joined: 18 Jan 2011, 16:36
Location: Скопје
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by Momak od Gjorce »

Министерот Јолевски и амбасадорот Волерс ја отворија меморијалната плоча во Вратница

Односите помеѓу Македонија и Соединетите Држави се градени врз основа на долговековни взаемни врски. Истите ги негуваме и надградуваме секојдневно – како сојузници се бориме за истите цели и заедно ги поднесуваме најтешките жртви. Меѓу нас има исклучителна соработка, а нашите мировници стојат рамо до рамо во Авганистан, каде ќе продолжат тесно да соработуваат и во новата мисија на Алијансата, „Одлучна поддршка“.

Тоа денес во с. Вратница го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод церемонијата за откривање на меморијална плоча во чест и спомен на загинатите припадници на Армијата на САД при авионската несреќа во 1944 година и на жителите на селото кои помогнале на преживеаните од овој трагичен настан.

„Авионската несреќа е всушност еден од најсветлите примери за меѓусебна соработка. Чинот кој жителите на Вратница го направија во август 1944 година е за целосна почит. Тие го ризикуваа сопствениот живот и животот на своите семејства и соселани помагајќи им на настраданите американски воздухопловци и со тоа покажаа исклучителна храброст и пожртвуваност“, рече министерот Јолевски. Ова обележје, додаде министерот, ќе биде уште една можност семејствата на екипажот на американскиот бомбардер да пронајдат уште една утеха, но и гордост дека нивните блиски помогнале во победата на слободата и мирот во регионот, Европа и светот.

Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, во своето обраќање на македонски јазик, пред присутните посочи дека денес го одбележуваме споменот на оние кои го изгубија животот во потрага по слободата. „Ова е и одбележување на силната поврзаност помеѓу народите на Македонија и Америка, која беше инспирација и за жителите на Вратница да му помогнат на американскиот екипаж“, истакна амбасадорот Волерс.

Американски бомбардер од типот Б-24Д се урна на Шар Планина во близина на селото Вратница на 26 август 1944 година. Жителите на Вратница и покрај окупаторските сили, успеале да спасат тројца и да погребаат шестмина членови на екипажот. Местото на несреќата е пронајдено во 2013 година, а пронајдени се и делови на авионот.

http://www.morm.gov.mk/?mainnews=minist ... ca&lang=mk" onclick="window.open(this.href);return false;

Image

Image

Image

Image

Image
User avatar
vathra
Падобранец
Падобранец
Posts: 4
Joined: 25 Mar 2014, 13:46
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by vathra »

Амерички авиони за које сам нашао да су пали у Македонији.
Место пада је углавном приближно, а датум, серијски и тип авиона су тачни.

P-38 43-2552 18.10.1943. Скопље
P-38 43-13238 14.11.1943. Дебар
B-24 42-41018 24.11.1943. Струмица (један члан посаде убијен од руље)
B-24 42-73137 24.11.1943. Богомил (Југословенска посада)
B-17 42-5836 24.01.1944. Скопље
P-38 43-2123 24.01.1944. Скопље
P-38 43-2501 24.01.1944. Скопље
B-24 42-52351 18.05.1944. Кичево (два члана посаде евакуисана преко Албаније и Дубровника, један преко Грчке)
B-24 42-78081 18.05.1944. Велес
B-24 42-52706 23.06.1944. Скопље
B-24 42-52547 24.06.1944. Конче
B-24 42-73136 24.06.1944. Брегалница
P-51 44-13436 10.08.1944. Скопље
B-24 42-78159 17.08.1944. Самоков (7 чланова посаде су евакуисали четници, који су се коју недељу касније прикључили партизанима)
B-24 44-40615 17.08.1944. Скопље
B-24 42-78240 26.08.1944. Скопље

Списак вероватно није комплетан.

Кориштени извори:
- MACR наведених авиона
- Escape statement за авијатичаре који су избегли заробљавање
- 289 Days in Shumen, Lascotte, Stanev
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33349
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by alvarhanso »

Интересен update vathra.

Би било интересно да се дознае во кои делови на Скопје имаат паднато B-24-ките и B-17-ката.
User avatar
seavo
Падобранец
Падобранец
Posts: 89
Joined: 06 Jan 2007, 10:57
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by seavo »

Занимлива тема , иако гледам подолго мирува. Ме потсети на едно лето , одамна , ама многу одамна , барем 55-56 години,кога бев кај баба ми во Гевгелија.Многу лутав наоколу и случајно во еден отпад преку Вардар , карши Вардарски рид веднаш после преминување на дрвениот мост, под настрешница имаше ни помалку ни повеќе Фоке Вулф 190. Крилата беа фино потпрени надолжно на трупот ,ветробранското стакло цело , а од капакот на кабината само рамот, но ги немаше и капотажот на моторот и елисата..Или беа тука негде на друго место , но не ги видов. На ѕвездастиот мотор имаше од задната страна црвено обоено динамо или алтернатор . Неколку пати доаѓав додека бев летото таму да го разгледувам .Следната или по следната година кога дојдов пак, веќе го немаше. Многу јасно се сеќавам на сите детали на авионот чија боја бешe прилично излупена , а ознаките премачкани со нешто ко оној црниот премаз за дрвени прагови...Никогаш не ми стана јасно од каде тоа чудо таму .Подоцна се распрашував, но не дознав ништо, ниту пак за тоа каде заврши тој авион подоцна..
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15402
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by IgorMKD »

Интересно! Ќе мора подетално да истражиме на оваа тема, дефинитивно!
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by MaKoM »

vathra wrote:]
B-24 42-41018 24.11.1943. Струмица (један члан посаде убијен од руље)
Се работи не за Струмица како град, ама за селото Сушево , или поточно врвот Маголин , Пред некоја година истражував малку повеке, па ке ви кажам дека авијонот се распаднал при ударот делови имало низ целиот рид.Очевидец најдов како дете си има играно низ остатоците, кои стоеле 2-3 години и после се е собрано од страна на ЈНА.Сега нема таму ништо , знам група на златари (тешки лудаци , болни пилиња :lol:) беа таму да бараат злато наводно имало сандаци и сандаци со злато...срека што не најдоја некој 250 кг бомба.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33349
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by alvarhanso »

https://www.libertas.mk/ambasadorkata-k ... oen-avion/" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
Zoran MAF
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 6627
Joined: 02 Jul 2014, 19:44
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by Zoran MAF »


И после глејте у иднината.
Види како се почитува историја дигнитет на воздухопловство.
Mijak 2
Si vis pacem, para bellum. Хочешь мира - готовься к войне
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33349
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by alvarhanso »

Zoran MAF wrote:Види како се почитува историја дигнитет на воздухопловство.
https://www.mkd.mk/makedonija/razno/ame ... merikanski" onclick="window.open(this.href);return false;
User avatar
Iko
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 45754
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by Iko »

Alvar - ako da ti go iskopiram pogornion tekst i da go objavam na FB - znam deka ne e tvoj, ama ti bidejkji si go prenel tuka a jas go koristam forumov kako izvor za istoto, sepak bi pobaral tvoja dozvola...

Se razbira, kako i sekogash - obavezno kje gi navedam avtorite na tekstot...
User avatar
alvarhanso
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 33349
Joined: 21 Jul 2007, 13:34
Location: Skopje
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by alvarhanso »

Како не ми стигаат на mail известувања од МАФ, ми промакнал постов Ико... но таман работа како би имал нешто против, ко што пиша, не е мој текстот.... link away. :)
User avatar
Iko
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 45754
Joined: 06 Dec 2008, 22:55
Location: Cape Town, RSA
Contact:

Re: Изгубени авиони над Македонија

Post by Iko »

Danke!
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 9 guests