Дорниер До-17.од составот на VV на Кралство Југославија.
Факт е дека Македонија во тоа време е била како Јужна бановина на Србија . т.е не е била самостојна И незвиска ниту пак во некоја заедница како рамноправен дел.Сепак нејзините жители се биле вклучени во сите инстритуции на таа држава.Се разбира не на раководни функции, но сепак имале некое учество.
Затоа сака да ви преставам еден сегмент од Кралското ВВ.Тоа се бомбардерите До-17 ,при што една ескадрила е лочирана на аеродром Перовец кај Скопје.
Кога делегација на Кралство Југославија оди во посета на третиот рајх во 1937г.Добрите домакини од Рајхот им прават презентација на тогаш новиот авион,летечкиот молив на Дорниер.Дури има и воздушна проштетка над Алпите.После таа прошетка воените специалисти И политичари се согласуваат да се купат 36 такви авиони но И да се купу лиценца за сериско производство.
Така се раѓа До-17Ка/Кб .Во тоа време е купена И лиценца за призводство на мотори.Гхром-Гхоне 14На Мистрал-Мајор.Производството е почнато во фабриката за мотори во Раковица.близу до Белград.Кога се направени доволен број на мотори тие се префрлени во фабриката Дорниер во Германија да бидад ставени на новите авиони.Првиот авион од новиот тип е полетан на 6ти октомври 1937г од тест пилото кап.Фат.19 дена покасно тој го прелетува авионот до Белград.
Надворешно нема големи разлики до До-17Е,бидејки како прототип служИ авионот До-17В-6.Но сепак разлики има така се одликува подолгиот И потесен нос на авионот.како И различната кабина.
36те авиони се транспортирани во Југолсавија.Тие се во три верзии,20 се бомбардери (фаб бр 2381-2400) И 14 се во разузнавачка варијанта И последните два се во делови кои треба да послужат за сериско производство во фабриката во Кралјево.
Како веке кажав авионот лета со мотори Гхром-Гхоне 14На Мистрал-Мајор кои се 14 цилиндрични звездовидни мотори со мокност 721 кЊ(980кс) кои имаат спртотивна насока на вртење ,што според француските конструктори во тоа време треба да има функција да се изгуби вртливиот момент.Тие се со пропелер со три лопатки тип ВДМ со променлив степен на вртење И со дијаметар од 3.3м Дорниерите кои ги добива Југолсавија се се различни хидраулични системи за собирање на тркалата.и дел од крилната површина е покриена со платно.
Вооружувањето на авионот е со 3 митралези 7.92мм белгиско производство Браунинг ФН .Тие се наместени подвижно во грбот во стомахот И напред во кабината .така се покрва сите зони за напар , ке се согласите мислењето за одбрана на бомбардер е од 1937г.Во кабината има нишан за бомбардирање од тип ВИРО. Држачите за бомби се “Трајан”.А во разузнувачките авиони има фотокамери Лесзнер И Нистри.Во авионот има радиостаници ФуГ ИИИ Телефункен 27каф И П63уН.
Сериското производство почнува во 1939г во фабриката во Кралево и до почетокот на војната има околу 70 бомбардери во состав на Кралското ВВ.Стратегијата на ВВ во тоа време е да се бомбардират противничките аеродроми , пристаништа сите поголеми групирања на војски на границата како И стратегиски железнички центри.
На 6ти април 1941г силите на оската на чело со Германија ја напагаат Југославија.Првите напади се концетрирани во неутрализаци на ВВ. Така уште рано в зори на 6ти април е нападната групата на 3 мешовита авион дивизија со 36 До-17 од составот на 63та бомбардерска група лоцирана на аеродором Петровец. Во нападот е уништена скоро целата.Но жртвите се многу малку,скоро целиот состав не е на работа , причина е пормоцијата на командантот на екскадрилата во поголем чин.Сите пилоти И техничари биле поканети на прославата И по се изгледа се запиле доста. Кое И ке им го спаси животот.Покасно командантот е суден и осуден од народната власт ,за соработка со окупаторот и шпиунажа.Но да се вратиме на нападот.Другата бобардерска група е на аеродром Приштина.Таа успева да го преживаа првиот напад, И е одма дислоцирана.Се случува И да во еден ден е преместувама по 2-3 пати, Со тоа темпо и висок стрес 2 авиони се загубени а 3 се оштетени поради неправилно слетување или непознавање на теренот.На 14 април од целата ескадрила остануваат 8 авиона на аердром Бутмир кај Сараево.Тука пилотите добиваат наредба да прелетат до Никшич,Еден авион со пилот Душан Милоевиќ преви неколку прелета до Грција.
Воените дејствија се сведуваат до бомбардирање на 9 германски аеродрома,131 за напади на германски тенковски колони И 34 се на прелети од аеродром до аеродром.
Уште на 6ти април група бомбардери До-17 напагаат колони во Бугарија која е сојузник на Германија.Нападнат е градот Кјустендил И покрај силниот оган од ПВО кое е германско има за цел да го штити градот бомбардерите успеваат да се протнат , резултатот е 47загината плус 11 коњи , ранетите се 95.Во попладневните часови два авиона бомбардираат аеродром во близина на Радомир.Аеродромот Врба е оснавна база на германското Луфтвафе за дејство на јужниот дел( главно Македонија) тука се уништени два Ме-109Е кои полетуваат за префат , но во крајот на пистат се судираат.Друг До-17 ја напага Софија во 15.00ч на висина 2000м исфрла 8 бомби при што се уништени 8куки а загинати се 8 луге а ранети 12.
После капитулацијата дел од авионите До-17 се земени како трофеј.За време на воените дејства еден До-17 губи ориентација И погрешка слетува во Романија , таму е интерниран И пратен на испитување.Германија запленува неколку но ги подарува на новосоздадената држава Хрватска на нејзиното ВВ.Каде се вооружени ескадрли на аеродромите во Аграм И Бања Лука ,под команда на ген.Владимир Крен.Освен екс-ју геманците има даваат И нови 13 бомбардера.Покасно хрватите ке добиат И До-17З при што се испратени на Источниот фронт.а покасно ке се користат и за борба против партизаните на Тито.Бугарија зема 6 авиона.Група од техничари се испратени на тој аеродром како и локално население кое е мобилизирано успеваат да оспособат 6 авиона И сите се предадени на Бугарија Авионите остануваат лоцирани на аеродромот Петровец. После војната 5 авиона се вратени на СФРЈ , еден авион имаат изгубено при слетување.
До-17 во Кралство Југославија
- MaKoM
- Капетан на Concorde
- Posts: 4639
- Joined: 04 Aug 2006, 19:07
- Location: Strumica R. Makedonija
- Contact:
До-17 во Кралство Југославија
Last edited by MaKoM on 27 Mar 2007, 12:55, edited 1 time in total.
...shoveling shits up the hill...
- MaKoM
- Капетан на Concorde
- Posts: 4639
- Joined: 04 Aug 2006, 19:07
- Location: Strumica R. Makedonija
- Contact:
- kmeto
- Падобранец
- Posts: 1
- Joined: 29 Nov 2009, 07:48
- Contact:
- Црн барон
- Командир на Т-72
- Posts: 1042
- Joined: 04 Jul 2009, 13:31
- Location: Струмица, МАКЕДОНИЈА
- Contact:
Еве едно бугарско пропагандно видео од 1941 година од аеродромот Петрово крај Скопие
http://www.youtube.com/watch?v=vKnnKnUD ... re=related
http://www.youtube.com/watch?v=vKnnKnUD ... re=related
[img]http://i34.tinypic.com/2q38al5.jpg[/img]
''Доколку се пробијат тенковите, по нив доаѓа и победата!'' Хајнц Гудеријан
''Доколку се пробијат тенковите, по нив доаѓа и победата!'' Хајнц Гудеријан
- MaKoM
- Капетан на Concorde
- Posts: 4639
- Joined: 04 Aug 2006, 19:07
- Location: Strumica R. Makedonija
- Contact:
- MaKoM
- Капетан на Concorde
- Posts: 4639
- Joined: 04 Aug 2006, 19:07
- Location: Strumica R. Makedonija
- Contact:
Re: До-17 во Кралство Југославија
http://www.bbc.co.uk/news/uk-22846645" onclick="window.open(this.href);return false;
...shoveling shits up the hill...
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 3 guests