kocov wrote:Кога сме кај жртвите од КПЈ беа големи само за пример да се сетиме на гробницата што е најдено во Велес, потоа да не се заборават гробниците на Бил бил камен во Битола, и тие луге не треба да се заборават кој навистина се бореја за Македонија на пример братму на Никола Карев е мачен и затворан од таткото на еден денешен висок функцонер во собранието, кој член на владејчката партија но како што се вели секогаш волкот си го менуват влакното но не и табиеот,и извините ако ги прекршив правилата на форумот со оваа оваа мое размислување.
Значи, за жртвите од комунизмот - како што вели делот на името на нашиот најактуелен музеј во проектот Скопје 2014, можеби треба да се отвори нова тема (ако ја има се извинувам), ама "на кратко" - во секоја од новонастанатите држави кои влегле во составот на тогашна ФНРЈ по Втората светска војна постоеле националистички линии (оние кои сметале дека треба да имаат самостојни независни држави) и тие како такви не беа спорни ама крајно опасни самите по себе - да некажам крајно опасни по своите народи, само мнозинството авангардни ликови во времето на формирањето на проектот Југославија, кои ги имало од сите етноси и националности сфатиле дека единствен можен начин да се опстане и остане доволно самостоен и независен е да се збратимат и во името на Јужнословенската идеологија формираат творба во која сите ќе си бидат на своето, а не делови од планетава со кои ќе се поткусуруваат истокот и западот! Тоа на штета на националистичките движења и се оствари и опстојуваше добри 50-тина години се додека црвот на корумпираноста, а не националното битие кое беше само параван и храна за широките народни маси не го разјаде ткивото. Тоа го искористија токму националистите од сите нации на таа СФРЈ и токму тие ги предизвикаа страдањата на останатото население - страдањето на своите народи на кои тоа им беше страно и непоимливо и како што сега ние сме современици на тие збиднувања сме исто така неми сведоци на она што ќе се случеше помалку или повеќе пред 50-тина години, само што ако случајно се десеше реално само 2 народа - Србите и Хрватите (3 евентуално со Црногорците) ќе имаа свои држави, останатото ќе беше дел од Албаниа, дел од Србија, дел од Хрватска, дел од Грција, дел од Бугарија, Романија, Унгарија, Италија и Австрија, односно дел од се останато наоколу. Ја има негде тука Македонија - не, немаше ни да ја има, да не беа оние што ги предизвикаа жртвите од комунизмот ..... понатаму е небитно да се пишува.....
Авионот ваков каков што е, е само фикција, нечија илузија и тотална неукост. На остатокот од светот - барем оној што се разбира во ова ќе биде и остане скулптура на авион и ништо друго, затоа што реално и нема што да каже авионот ваков каков што е, нема порака, ШТЕТА!
Ако администраторите сметаат дека делови од моите две видувања се небитни и опширни и излегуваат од контекстот на насловот слободно нека ги избришат, за оние кои се доволно свесни ќе имаат значење, а за останатите и така е небитно!
П.С. @Кочов, жал ми е страдањата на твоите дедовци, не биле едини, ама се надевам дека мудро избрале, во животот сите ние избираме страни - петка или глава, таков ти е животот и ден денес ништо поразличен!