Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
Post Reply
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by MaKoM »

Сакам да отворам една тема ,што е многу болна за мене, имено се работи за стариот Струмички аеродром, кој се наогал до селото Сачево (или С`чево како што е на струмички) Има податоци дека за време на Кралство Југославија (1918-1941) на териоторијата на Вардарска Македонија кој била под окупација од Србија. Се отворени аеродроми како дел од тогашната експанзија на авијацијата на овие простори .Така 1928 година се отворени првите два аеродрома еден во Скопје , и еден во Струмица. За оној во Скопје сите имате слушнато , но оној во Струмица е по тажна приказна. Аеродромот постое се до после втората светска војна, знам дека е така бидејки дедо ми ми кажа дека ја носал мајка му , т.е мојата пра баба (живееше 99 години и 11 месеци ) да ги види авионите за некој празник.И дека баба ми била ептен воодушевена од падобранците ....не од летот ама од свилата на ткаенината на самиот падобран :lol: 8). И така аеродромот постои се до после ослободувањето, до кога незнам точно, за тоа ја отварам темата знам дека е после преоран и направен обработлива површина. Пред некоје време има година дена, ми пукна филмот се качив во кола и отидов во Сачево. се распрашав за аеродромот и добил 3 можни локации , ама ни едната на личеше на аеродром. Топографијата е изменета има дрја на секаде , ораници , ниви , канали за наводнување...

Па драги мои ајде на истражување ...

Еве неколку слики од тоа славно време за Струмичката авијација.

каков е авионот од позади .
Image

ДЦ-3 или Ли-2
Image
Image
Image
...shoveling shits up the hill...
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 28409
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194

Post by dragan_mig31 »

дц-3 е ц-47.Добиени како воена помош од енглеска.Општо познато е дека ЈРВ е главниот спонозор на аероклубовите па затоа многу пати имаат скокано од воени авиони,пошто нели 90% од челновите се резервисти у ЈРВ.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
Jak
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 436
Joined: 04 Nov 2009, 23:00
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194

Post by Jak »

MaKoM wrote: каков е авионот од позади .
Image
Мене миличи дека е Бреге 19 (Breguet 19). Пропелерот, спинерот и поставеноста на цилиндрите одговара. Истотака е двокрилец, тркалата и стојниот трап малку се гледаат ама изгледаат како на овој авион. Се произведувал во Франција, СХС има набавено стотина машини и произведено по лиценца поголем број, ама не сум сигурен за бројката. Знам дека се правени со неколку мотори, па варира поставеноста на издувниците (ауспусите).

Инаку авионот во СХС се користел во армиската авијација. Еден од подобрите авиони меѓу војните, но застарен модел за време на почетокот на Втората Светска Војна. Инаку Интересно е дека со овој авион во 1942 Руди Чавајец се приклучил на партизанските единици и со Фрањо Клуз (кој пребегал прв) го формирале партизанското воздухопловство.

Поздрав
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5855
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194

Post by Trpkovski Vladimir »

Jak wrote:
MaKoM wrote: каков е авионот од позади .
Image
Докторе, сигурен си дека оваа фотка е од струмичкиот аеродром ??
Да се распрашам кај стручњациве на Палуба ??
У ствари докторе, потврди за сите фотки дека се фотнати во Струмица, па да направиме мала истрага. Мене униформиве на падобранциве и нивните шлемови, како и облеката на девојката пред нив ме подсетува на период од шеесетите години, па можеби и седумдесети.
Исто така интересна ми е и третата фотографије, бидејќи во позадината се гледаат неколку авиони прекриени со церади.
Last edited by Trpkovski Vladimir on 28 Mar 2011, 23:14, edited 1 time in total.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194

Post by MaKoM »

Trpkovski Vladimir wrote:
Jak wrote:
MaKoM wrote: каков е авионот од позади .
Image
Докторе, сигурен си дека оваа фотка е од струмичкиот аеродром ??
Да се распрашам кај стручњациве на Палуба ??
Од каде се првите од таму е и таа, знаеш како е песната, ако мене ме лажат , тогаш во лажам и јас...
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5855
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Trpkovski Vladimir »

Додадов уште нешто во претходниот пост. :)
Ја поставив фотката на Палуба, па да видиме што знаат Небојша Ѓоковиќ, Бојан Димитријевиќ, Милан Мицевски и останатите имиња на Палуба. :D :D
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
Jak
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 436
Joined: 04 Nov 2009, 23:00
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Jak »

Да бидам искрен не знаев дека во Струмица имало аеродром за време на СХС. Од друга Страна Бреге 19 сигурно бил базиран во Македонија на аеродромот во близина на Тетово се до пред почетокот на ВСВ. Униформиве ми изгледаат дека се од кралска југославија, а во СФРЈ Бреге бил многу слабо застапен (се на се неколку примероци).
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5855
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Trpkovski Vladimir »

Униформите се сигурно од ВКЈ, дефинитивно не се од периодот на ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ.
Интересно е што, кога ќе се зголеми сликата, во позадината во хангарот се наслутува уште еден авион. :) :)
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
Jak
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 436
Joined: 04 Nov 2009, 23:00
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Jak »

Сега гледав по книги што ги имам, највеојатно се работи за француски бреге 19 со мотор лориан-дитрих 12 (Lorraine-Dietrich 12). Механичарот на сликата, кој е на моторот како да има гушнато уште еден ред цилиндри... или грешам!? А и спинерот не би бил таков кога моторот би бил од Краљевските Бреге кои биле составувани со мотор Хиспано-суза (кој има V мотор[сите останати мотори на Бреге 19 биле радијални]). Можеби грешам, ама мене така ми изгледа. Како и да е интересна домашна, барем ме размрда докторе :D
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5855
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Trpkovski Vladimir »

Друштво, еве што ми одговори Делиград на Палуба.
Trpe reč je o Bregeu 19 iz 3. vazduhoplovnog puka da tako kažemo skopskog. Fotografija je snimljena u hangaru na skopskom aerodromu. Strumica je bila ratno letelište a ne aerodrom i tamo nije imalo šanse da bude ovakav hangar. Samo su ih veliki aerodromi (Novi Sad, Beograd, Rajlovac, Skoplje...) imali. Fotografija je snimljena u prvoj polovini tridesetih godina skoro 100%.
Значи, најверојатно сепак се работи за Скопскиот аеродром, а не за Струмичкиот.
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by MaKoM »

Хммм..ајде ке проверам.ама мислам дека луѓето на сликата се од Струмица.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
apo_bullseye
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1695
Joined: 26 Feb 2010, 13:53
Location: Скопје
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by apo_bullseye »

MaKoM wrote:Хммм..ајде ке проверам.ама мислам дека луѓето на сликата се од Струмица.
Можеби луѓето се од Струмица, ама сликано во Скопје :wink:
User avatar
Davormkd
Падобранец
Падобранец
Posts: 37
Joined: 07 Apr 2010, 17:50
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Davormkd »

На оваа страна http://www.wikimapia.org/#lat=41.430178 ... =0&m=b&v=1" onclick="window.open(this.href);return false; најдов обележано една нива како аеродром Сачево. Еве координати од нивата 41°25'47.64"N 22°41'2.33"E

Image

Ако препознае некој дел од аеродрмот нека кажи.
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by MaKoM »

Браво Давор, одличен пронајдок :bravo:
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Црн барон
Командир на Т-72
Командир на Т-72
Posts: 1042
Joined: 04 Jul 2009, 13:31
Location: Струмица, МАКЕДОНИЈА
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Црн барон »

Има една интересна многу посетувана ФБ-група Stara Strumica, таму има албум со наслов АЛБУМ ЗА ВАСЕ ЃОРЃИЕВ - ЛЕТЕЦО - ПИЛОТ ОД СТРУМИЦА.
http://www.facebook.com/profile.php?id= ... 0403505982" onclick="window.open(this.href);return false;
[img]http://i34.tinypic.com/2q38al5.jpg[/img]
''Доколку се пробијат тенковите, по нив доаѓа и победата!'' Хајнц Гудеријан
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by MaKoM »

Ej bravo od deka gi najde , interesni sliki ima , posedno taa od IL-2M ...:))
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Црн барон
Командир на Т-72
Командир на Т-72
Posts: 1042
Joined: 04 Jul 2009, 13:31
Location: Струмица, МАКЕДОНИЈА
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Црн барон »

Струмичка авијација – Струмичкиот аеродром „Сачево“
http://strumicadenes.mk/strumicka-acvij ... om-sacevo/" onclick="window.open(this.href);return false;
ФОТО: Стара Струмица и Македонска Авијација

Го искористиле форумот за оваа статија :D
[img]http://i34.tinypic.com/2q38al5.jpg[/img]
''Доколку се пробијат тенковите, по нив доаѓа и победата!'' Хајнц Гудеријан
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by MaKoM »

Kој да тужам сега за авторски права :bravo: :bravo:
...shoveling shits up the hill...
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 9120
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: Аеродром „Сачево“ Струмица 1928-194?

Post by Bobo »

MaKoM wrote:Kој да тужам сега за авторски права :bravo: :bravo:
Дој кај мене
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest