Скопски легенди, падна авион во Вардар

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
Post Reply
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Скопски легенди, падна авион во Вардар

Post by Scylla »

Во шеесеттите години, во најголемиот ек на летото и сезоната на плажите, се случи еден необичен настан за кој до ден-денес се раскажува. Медиумите го нарекоа "необична случка", а настанот навистина е повеќе од необичен. За што, всушност, станува збор? Имено, во водите на Вардар, среде скопска плажа преполна со капачи - се урна авион. Тоа беше трагичен настан за кој долго се прераскажуваше. Сепак, ретко кој денес може точно да ви каже кога и како се случи настанот. Оттогаш поминаа повеќе од педесет години. А приказната тече вака.
На 3 август 1960 година, нешто по 11 часот, ненадејно се урна цивилен авион на плажата кај ресторанот "Опатија", односно на Воената плажа што се наоѓаше во близина, на левиот брег на Вардар. Стануваше збор за цивилен авион од типот "утва-56", произведен во фабриката за авиони во Панчево. На истиот ден, на старото скопско Сајмиште под Калето, беше отворен Десеттиот скопски саем. Имаше многу посетители на саемот, многу капачи во Вардар. Авионот, кој леташе над Сајмиштето, ја загуби контролата и се урна во реката. Падна врз тројца капачи, кои, за среќа, останаа неповредени. На самото место загина радиотехничарот Трајче Дуковски, придружник на пилотот Вукобратовиќ, кој, пак, беше пренесен во Воената болница со тешки телесни повреди. И покрај големите усилби на лекарскиот тим, набргу почина и тој.
По повод отворањето на Десеттиот скопски саем, авионот специјално летна од Панчево за да изврши демонстрирање на новиот тип машини за полско прскање, како и да рекламира некои други производи. Иако не се знае точната причина за паѓањето, во моментот кога ја загуби контролата, пилотот имаше две можности: да се урне врз Сајмиштето со многу посетители или во реката. Тој се одлучи за реката, но и тука имаше две можности: да слета на малиот остров што тогаш постоеше во Вардар или во самата река, до брегот. Пилотот Вукобратовиќ избра да се саможртвува. Ако слеташе на островот, кој беше во должина од 300 метри, тој и неговиот придружник ќе беа спасени, но ќе загинеа стотици капачи во Вардар. Затоа авионот падна на два метра од брегот, со што беше избегната уште поголема несреќа. Во тие кризни моменти, пилотот, очигледно, покажа присебност и самоконтрола.
Во тие денови, весникот "Нова Македонија" откри интересни детали за овој настан: "Во Скопје сè уште се зборува за необичната авионска несреќа, која се случи пред два дена, некаде по 11 часот, и тоа во непосредна близина на Сајмиштето. Има прилично многу верзии за тоа. Има многу очевидци, а нагодувања уште повеќе... Останува фактот дека во оваа малку необична несреќа, еден човек покажал доволно храброст и присебност. Пилотот на авионот, Вукобратовиќ, е еден од оние ретки пилоти што во 1941 год. го бранеле небото над Белград. Тогаш, како што раскажуваат неговите претпоставени, тој покажал необична храброст. Наспроти слабиот апарат со кој управувал, тој успеал да собори неколку непријателски авиони.
Само шест месеци пред несреќата во Скопје, тој се пензионирал. Љубовта кон авијацијата била повод по пензионирањето да се вработи како пробен пилот во фабриката за авиони 'Утва' од Панчево... Инаку, авионот 'утва-56' е прототип на авион што служи за три цели: за земјоделство, туризам и за санитетство. Вукобратовиќ пилотирал со овој авион веќе една година. Интересно е дека на почетокот од јули со него учествувал на воздухопловната изложба во Венеција и таму, тој и неговиот авион добиле високи признанија.
Наскоро, во јавноста се огласија од фабриката 'Утва', како и ќерката на пилотот, со напис во кој се вели дека се 'им се заблагодаруваат на многубројните капачи на Вардар кои во моментот на несреќата беа покрај реката и брзо отидоа да му помогнат на пилотот да се извлече од здробениот авион, како и на персоналот на Воената болница за вложените максимални напори за спасување на животот на тешко повредениот пилот, кој при паѓањето на авионот, жртвувајќи го својот, спаси многу други животи'".
Таа плажа на левиот брег на Вардар го доби името Воена, бидејќи неа, во одредени денови во неделата, ја користеа и воените лица од касарните кои тогаш се наоѓаа на Калето или од касарната "Маршал Тито".
Инаку, помалку е познато дека таа плажа, како и плажата кај "Опатија", некогаш била позната и под името Три бомби, бидејќи за време на бомбардирањето на Скопје во Втората светска војна токму таму паднале неколку бомби, чии траги биле присутни подолго време.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15402
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Скопски легенди, падна авион во Вардар

Post by IgorMKD »

Јас за овој настан прв пат дознав кога копав по минатото работејќи ја историјата на "Утва", таму негде пред едно 5-6 години. Инаку во годините на моето детство имаше и пад на авион во Маркова река кај мостот на самиот влез на Драчево. Знае ли некој нешто повеќе за ова?
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
karamba
Капетан на Enterprise
Капетан на Enterprise
Posts: 14209
Joined: 26 Jun 2009, 23:07
Location: Skopje,R.Makedonija
Contact:

Re: Скопски легенди, падна авион во Вардар

Post by karamba »

IgorMKD wrote:Јас за овој настан прв пат дознав кога копав по минатото работејќи ја историјата на "Утва", таму негде пред едно 5-6 години. Инаку во годините на моето детство имаше и пад на авион во Маркова река кај мостот на самиот влез на Драчево. Знае ли некој нешто повеќе за ова?
Ми текнува на овој настан ама бледо за жал веќе,треба да се распрашаме за овој случај да пишеме некој ред.
User avatar
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
Posts: 3197
Joined: 12 Oct 2006, 10:23
Contact:

Re: Скопски легенди, падна авион во Вардар

Post by Skopjeair »

IgorMKD wrote:Јас за овој настан прв пат дознав кога копав по минатото работејќи ја историјата на "Утва", таму негде пред едно 5-6 години. Инаку во годините на моето детство имаше и пад на авион во Маркова река кај мостот на самиот влез на Драчево. Знае ли некој нешто повеќе за ова?
И мене ми текнува на ова нешто ќе се распрашам ...
I fly BELL 206 when I am sober!
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 4 guests