Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Историјат на важните чекори и остварувања кои придонесле за формирањето на денешната авијација.
A historic review of the important steps and achievements that contributed for the aviation of today.
Post Reply
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by firefox »

Во врска со релативно новиот филм - Red Tails (Црвени опашки) на Лукас Филм ЛТД за познатата црнечка ескадрила - 332-та Ловечка група, интересно е да се спомене дека еден од најзабележливите членови на оваа група - капетанот Роберт В. Вилијамс при крајот на војната извршувајќи мисии над Балканскиот полустров се урнал, но го преживел падот во Март 1945 година на територија на Југославија на која делувале партизанските сили. Тој бил спасен од страна на партизаните и по пет недели бил повторно вратен во неговата матична единица. Човекот за кој станува збор е прв од лево!
Image

Јас не сум го гледал филмот, но доколку некој го гледал, авионот кој се урнал над Југославија го носел името "Duchess Arlene" со број 10 на трупот, се надевам дека типовиве од Холивуд го имаат вметнато. Тоа е овој авион на сликата:
Image
Image

П.С. Според дадените треилери за филмот можам да оценам дека Америве по Перл Харбор, филмовите за Втората Светска Војна полека ги селат во СФ жанрот. Филмот изобилува со пренабиени и исфорсирани сцени (кои наликуваат на епските борби со вонземјаните во филмот Денот на независноста) во кои можев да приметам како Мустангот во еден момент прави маневар многу сличен на оној што го прават супер модерните Су-35 и Су-37, ама кога Холивуд е во прашање се е можно!

Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5855
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by Trpkovski Vladimir »

firefox wrote:Во врска со релативно новиот филм - Red Tails (Црвени опашки) на Лукас Филм ЛТД за познатата црнечка ескадрила - 332-та Ловечка група, интересно е да се спомене дека еден од најзабележливите членови на оваа група - капетанот Роберт В. Вилијамс при крајот на војната извршувајќи мисии над Балканскиот полустров се урнал, но го преживел падот во Март 1945 година на територија на Југославија на која делувале партизанските сили. Тој бил спасен од страна на партизаните и по пет недели бил повторно вратен во неговата матична единица. Човекот за кој станува збор е прв од лево!
Ти, ко да не си гледал „Отпишани“, па Прле и Тихи го спасуваат црнецот, го има и на најавната шпица на „Враќане на Отпишаните“. :D :D :D
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by firefox »

Знам дека и таму имаше некој црнец, ама дека баш тој лик го имаат вметнато не памтам. Ј :D :Dи га инвентивна беше таа филмска постава на Југославија, знаеја кога да ги искористат моментите! Сега ќе ги свртам ЦД-ата со серијалот, баш ме заинтересира! :D
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15400
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by IgorMKD »

Јас го имам симнато филмот ама никако да го изгледам. Ај ќе го гледам asap и ќе пишам.
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15400
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by IgorMKD »

Само што го изгледав филмот и не успеав да го видам авионот кој е споменат во овој топик.
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5855
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by Trpkovski Vladimir »

Игор, не зборуваме за авионот, туку за пилотот црнец. :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15400
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by IgorMKD »

Во филмот има соборување на еден авион по што пилотот е заробен од германците и однесен во логор од каде бега и се враќа во матичната единица. Но, дефинитивно не е овој нигро за кој зборите.
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by firefox »

Незнам дали приметивте, ама дејствието во Ред Теилс во прво време се случува најверојатно некаде над централна или северна Италија од каде полетуваат дечкиве, а изведуваат борбени летови со застарените П-40-ки профив германците во повлекување некаде над Хрватското крајбрежје и Словенија. Градот во кај што ја лови еден од пилотите цурата која зборува на италијански е всушност Ровињ на Истра. Голема можност е девојката да била Италијанка, а не Хрватица! :D
User avatar
Trpkovski Vladimir
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5855
Joined: 17 Jan 2008, 19:22
Location: Tetovo
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by Trpkovski Vladimir »

IgorMKD wrote:Во филмот има соборување на еден авион по што пилотот е заробен од германците и однесен во логор од каде бега и се враќа во матичната единица. Но, дефинитивно не е овој нигро за кој зборите.
Игор, не знам дали беше во некоја од епизодите во серијата, или во филмот, ама после сцената со спасувањето на пилототе (мислам дека беа тројца, од кои барем еден црнец), следи онаа сцена кога германците им се светат на селаните со палење на селото.

Ова е сцената на одмаздата на германците:

http://www.youtube.com/watch?v=T5jYEb6- ... re=related" onclick="window.open(this.href);return false;

Да се разбереме, не тврдам дека во филмот/серијата се споменува баш овој пилот, или оваа ескадрила. :D :D :D
"Тонеме се подлабоко , моралот ни е на висина" - Извод од историскиот филм "Доброволци"
User avatar
AlexGreat
Пилот на Су-25
Пилот на Су-25
Posts: 12063
Joined: 05 Mar 2009, 22:18
Contact:

Re: Duchess Arlene P-51D (Red Tails)

Post by AlexGreat »

Има сцена снимена над Дубровник, мислам и во трејлерот може да се примети.
Svi ruski ratni ciljevi biće ostvareni, ali postepeno. Pošto se postepeno i menjaju.
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest