Гостиварчанец преку Lufthansa во NASA?

Пилотски муабети и случувања.
Pilot's talks and events.
Post Reply
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 820
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Гостиварчанец преку Lufthansa во NASA?

Post by Falcon »

Младиот господин Артан Догани од Гостивар, веќе даде слично интервју за Радио Дојче Веле, а ете и викенд-изданието на „Вест“ со своја сторија:



ОД ГОСТИВАР ДО КОСМОДРОМОТ НА НАСА
Ќе летам со спејс-шатл

Гостиварецот Артан Догани, најверојатно, ќе биде првиот македонски космонаут. Со стипендија на германската авиокомпанија "Луфтханза", кон крајот на 2009 година Догани заминува на докторки студии во Аеронаутичкиот институт на НАСА - Американската национална агенција за аеронаутика и вселенски летови во Ставангер, Норвешка.

Од улицата Дебарска во Гостивар, Артан кој е веќе заштитена марка на германската авиокомпанија "Луфтханза", во белиот свет замина во 2000 година. 27-годишниот гостиварец, откако не успеа во намерата да се школува во Македонија, со обезбедено вработување и со перспективи за напредување, ги спакува куферите и отпатува за Германија.

"Уште од раното детство сонував да летам", ни рече Догани. Успеал да се запише на Пилотската академија на "Луфтханза", да ги исполни ригорозните критериуми и тестови и да се најде меѓу 24 примени од 80 конкуренти кои се пријавиле на огласот на германската авиокомпанија. Артан освоил најмногу бодови. За да го постигне тој резултат, вели дека му биле потребни 8 месеци подготовка за приемниот испит со по 6 и повеќе часови учење дневно.
По дипломирањето во 2006 година, Догани е влезен во кадровските планови и комбинации на неговите германски работодавци, кои му дадоа и стипендија за постдипломски студии на Одделот за аеронаутичко инженерство на елитниот Универзитет во Оксфорд, Велика Британија. Само првите две и пол години на редовното студирање на Догани на Пилотската академија чинеле дури 160 илјади евра. Другите суми, заклучно со одбраната на магистерскиот труд во мај годинава на Оксфордскиот универзитет, се мерат со износ од 200 до 250 илјади евра.

Алаедин Догани, таткото на Артан, вели: "Секогаш ги советувавме нашите деца да бидат трудољубиви, да запнат со учењето, зашто среќата може да помогне, но само делумно. Тоа се потврди во случајот на нашиот Артан".

"Луфтханза" му понуди на младиот гостиварец да го стипендира и за докторските студии на Аеронаутичкиот институт на НАСА - Американската национална агенција за аеронаутика и вселенски летови во Ставангер, Норвешка. "Ќе заминам во зимскиот семестар, кон крајот на 2009 година. Сега сум меѓу аеронаутиката и космонаутиката. Ако ги завршам успешно докторските студии, тогаш со двете нозе ќе влезам во космонаутиката. Во областа на теоријата тоа значи активирање на мојот интерес за вонземската физика, кој го имам од порано, а на практичен план шанса да летам со спејс-шатлите на НАСА и за остварување на мојот сон - заминување на Месечината", вели Артан со широка насмевка на лицето.

Ова е, бездруго, прв случај воопшто некој од Македонија да добие шанса да влезе во НАСА, со можност да стане, евентуално, и првиот македонски космонаут.

Ајнур, сопругата на Артан, е натурализирана Германка. Таа раскажува дека со амбициозниот Артан се запознале и се венчале во Германија. Приставувајќи го кафето додека го водиме разговорот во нивниот семеен дом во Гостивар, додава со насмевка: "Секогаш го поддржував во секој негов чекор, така ќе биде и во иднина".
Магистерот по аеронаутички инженеринг од Гостивар ќе престојува уште кратко време во неговиот роден град. Артан нема намера да се враќа во Македонија.

Свето Тоевски
„Вест“ (Број:2434, Сабота 26/07/2008)
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=1 ... ika=Revija
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 820
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Re: Гостиварчанец преку Lufthansa во NASA?

Post by Falcon »

А сега, критички осврт - момчето навистина е "shit-hot" или се занесува? Дали новинарите сами малку ја надувале работата или господинот Догани погрешно претпоставувајќи дека во Македонија нема луѓе кои знаат по нешто за авијација, си дозволил да лета со глава во облаци?
Falcon wrote: Гостиварецот Артан Догани, најверојатно, ќе биде првиот македонски космонаут. Со стипендија на германската авиокомпанија "Луфтханза", кон крајот на 2009 година Догани заминува на докторки студии во Аеронаутичкиот институт на НАСА - Американската национална агенција за аеронаутика и вселенски летови во Ставангер, Норвешка.
NASA има свој институт во Норвешка?
Falcon wrote:...Артан кој е веќе заштитена марка на германската авиокомпанија "Луфтханза"
Господинот Догани е заштитна марка или заштитно лице на Deutsche Lufthansa AG? :shock:
Falcon wrote: Успеал да се запише на Пилотската академија на "Луфтханза", да ги исполни ригорозните критериуми и тестови и да се најде меѓу 24 примени од 80 конкуренти кои се пријавиле на огласот на германската авиокомпанија. Артан освоил најмногу бодови.
Како успеал да влезе таму кога еден од основните критериуми за влез во центарот за обука за летање на Луфтханза е државјанство на земја-членка на ЕУ?

Навистина, сум чул дека понекогаш прават исклучоци, ама интресно би било да дознаеме како е можно - можеби и други деца од Македонија би се обиделе.

Инаку, училиштето се наоѓа во Бремен и се вика Lufthansa Flight Training, а не Пилотска академија на Луфтханза.
Falcon wrote: По дипломирањето во 2006 година, Догани е влезен во кадровските планови и комбинации на неговите германски работодавци, кои му дадоа и стипендија за постдипломски студии на Одделот за аеронаутичко инженерство на елитниот Универзитет во Оксфорд, Велика Британија. Само првите две и пол години на редовното студирање на Догани на Пилотската академија чинеле дури 160 илјади евра. Другите суми, заклучно со одбраната на магистерскиот труд во мај годинава на Оксфордскиот универзитет, се мерат со износ од 200 до 250 илјади евра.
Зошто компанијата би го пуштила да се школува и понатаму, а да не лета после толку скапа обука?

Обуката на пилотите во Lufthansa Flight Training е навистина скапа и од прилика во рамките на бројките што туак се споменати. Парите кои Луфтханза ги инвестира во обуката на своите пилоти подоцна пилотите ги враќаат летајќи за компанијата...
Falcon wrote: "Луфтханза" му понуди на младиот гостиварец да го стипендира и за докторските студии на Аеронаутичкиот институт на НАСА - Американската национална агенција за аеронаутика и вселенски летови во Ставангер, Норвешка. "Ќе заминам во зимскиот семестар, кон крајот на 2009 година. Сега сум меѓу аеронаутиката и космонаутиката. Ако ги завршам успешно докторските студии, тогаш со двете нозе ќе влезам во космонаутиката.
Зошто и е на Луфтханза стручњак од областа на космонаутиката (претпоставувам се работи за Astronautical Engineering)?
Falcon wrote: ...а на практичен план шанса да летам со спејс-шатлите на НАСА и за остварување на мојот сон - заминување на Месечината", вели Артан со широка насмевка на лицето.

Ова е, бездруго, прв случај воопшто некој од Македонија да добие шанса да влезе во НАСА, со можност да стане, евентуално, и првиот македонски космонаут.
Спејс-шатлот полетува од Норвешка? И оди на Месечината? :P

Ова бездруго е најсмешниот дел од приказната! Бидејќи во САД има голем недостаток на неискусни пилоти и свежи доктори на науки по космонаутика, Аермиканците едвај чекаат да увезат по некој од Норвешка, Германија, Македонија, за да им го возат спејс-шатлот. Ха, германско-македонски државјанин, на Месечината како капетан на спејс-шатл. :lol:
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 820
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Post by Falcon »

И, уште нешто од „кујната“ на Вест:



Пилотска плата - 20 илјади евра

Артан, инаку, татко на 4-годишниот Ардит и на 1,5-годишната Арта, до заминувањето на докторските студии во НАСА, ќе работи во "Луфтханза" како пилот. Со компанијата има работен договор до 2015 година. Тој има лиценца за управување со сите типови огромни авиони "ербас" со капацитет од 400 до 800 патници. Прашавме колкава ќе му биде пилотската плата. Наместо него, одговори татко му Алаедин: "Можеби околу 20 илјади евра". Вели дека има добиено понуди од повеќе авиокомпании во светот за вработување, но и оти е врзан со Германците.

:!:
Па, веднаш да прашам:
Кога успеа да добие овластување за тип за сите типови на авиони на Ербас?

Освен тоа, Луфтханза сеуште нема авион со капациет од над 400 патници!

Јас колку што знам, ако пилот на Луфтханза започне да лета на Ербас, првиот тип што го добиваат е за А320 кој носи околу 150-160 патници. Потоа како копилот треба да изеде многу фурни леб - неколку години и неколку илјади часови на летање како A320 First Officer, па се станува капетан, и дури потоа се оди на друг (поголем) тип на авион (А330 или А340)...
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Post by Scylla »

И јас ја читав бајкава сабајлево и не само што ми е јасно дека нашите пишани медиуми секојдневно тонат во една бездна на која барем засега не и се гледа крајот, меѓутоа овој нелогичен текст ги преминува сите граници на фантазијата и каубојската фикција.

Од огласи на Луфтханза имам искуство кога еднаш се пријавив, потребно беше да се поседува дозвола за работа во Германија (не се сеќавам дали можеше со дозвола за работа од друга ЕУ земја). Самата селекција за пилоти трае барем 2 години. И да, откако ќе се добие ATPL дозволата, доста време се шиба на Avro 146 со Lufthansa CityLine (нешто како KLM City Hopper), и патот не е така лесен до поголем авион. Ми се чини дека и кога ќе стигне до капетан на А319 или Авро-то, кога ќе оди на поголем пак оди на десната страна со прилично голем дел за летање како FO.

Врската НАСА-Норвешка ја слушам прв пат. Исто така прв слушам, цивилен пилот на Луфтханза да лета спејшатл. :shock: На која дрога бил новинаров, мене не ми е јасно. Досега не сум слушнал цивилен пилот да станал астронаут, сите колку што знам доаѓаат од воениот дел, најчесто од супер брзи млазњаци.

Не ја гледам врската како на некој може да му текне дека пилот на Луфтханза би можел туку-така, му прдна да стане астронаут.

И за платата - пред неколку години барем 3-4 пати беше помала во Луфтханза. Сега сигурен сум дека е уште помала. Кризата во авиосообраќајот е раширена како никогаш досега.

Еден мал дел нелогичности кои не се смешни - туку трагични. Не ми се верува дека немаме еден квалитетен дневен печат во државава.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 820
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Post by Falcon »

Се сложувам - новинарството не ни е баш на високи гранки (особено истражувачкото новинарство и покривањето на постручни теми). Конкретно, за „Вест“ немам добро мисење и сметам дека е весник кој спаѓа во категоријата на жолт печат.

Меѓутоа, интересно е тоа што Артан Догани само неколку дена претходно имаше дадено интервју и за радио Дојче Веле на македонски и истото беше пренесувано на втората програма на Македонското Радио. И во него се провлекоа многу сомнителни работи (НАСА, спејс-шатл, летање за Луфтханза на најголеми авиони, Норвешка итн.), па сметам дека добар дел од „вината“ за оваа смешна приказна лежи и во самиот пилот.

Инаку, во официјалниот преглед на НАСА на нивните ограноци и институции (NASA Installations), нема ништо за Норвешка. Пишува дека НАСА има свои претставништва само во Европа (Париз), Русија и Јапонија.
User avatar
ATC@LWSK
Падобранец
Падобранец
Posts: 59
Joined: 27 Sep 2006, 23:09
Location: LWSK
Contact:

Post by ATC@LWSK »

Еве и Артан се зачленил, да видиме што ќе ни каже.

Image
Nine on the glide, have a nice ride,
Tower insight, one eighteen five
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 820
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Post by Falcon »

filipv wrote:
ATC@LWSK wrote:Еве и Артан се зачленил, да видиме што ќе ни каже.
E, да, ама што ќе ни каже кога више се изедоа гом*ата за косово-мосово... :nenene:
Модераторот може да ги избрише мислењата од 29 и 30 јули.

А, Артан - ако навистина се зачленил овде, нека повели нека ни објасни за што се работи, оти приказната онака како што беше пласирана никому не му е верна (барем не на оние што малку од малку се разбираат).
User avatar
Tanja
Едриличар
Едриличар
Posts: 221
Joined: 21 Nov 2007, 16:13
Contact:

Post by Tanja »

od ona sto jas go znam, Lufthansa ne poseduva nikakov oddel za Astronautical Engineering. Toj del go poseduva samo Deutsches Luft und Raumfahrt Zentrum, koj se naoga vo Juzna Germanija. VO sorabotka so ESA - European Space Agency, se regrutiraat lica (pred nekoe vreme imase konkurs) koi se podlozeni na detalni lekarski pregledi i ostanati testovi. potoa zapocnuva obukata za onie najsreknite. da ne navleguvam vo procesot na izbor, zatoa sto i mene ne mi e dovolno poznat, celta na ovoj odgovor bese da kazam deka Lufthansa nema Aeronautical Engineering, za toj del vo Germania e zadolzena vladinata organizacija DLR
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 820
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Post by Falcon »

Tanja wrote:od ona sto jas go znam, Lufthansa ne poseduva nikakov oddel za Astronautical Engineering. Toj del go poseduva samo Deutsches Luft und Raumfahrt Zentrum, koj se naoga vo Juzna Germanija. VO sorabotka so ESA - European Space Agency, se regrutiraat lica (pred nekoe vreme imase konkurs) koi se podlozeni na detalni lekarski pregledi i ostanati testovi. potoa zapocnuva obukata za onie najsreknite. da ne navleguvam vo procesot na izbor, zatoa sto i mene ne mi e dovolno poznat, celta na ovoj odgovor bese da kazam deka Lufthansa nema Aeronautical Engineering, za toj del vo Germania e zadolzena vladinata organizacija DLR
Taka e, no muabetov bese ne deka g-din Dogani kje se skoluva vo Germanija, tuku prvo - Lufthansa navodno kje go stipendirala da studira kosmonautika (Astronautical Engineering) na nekoj si institut na NASA vo Norveska; i vtoro - zosto bi go pravele toa / zosto i e na bilo koja aviokompanija doktor na nauki po kosmonautika?
User avatar
Tanja
Едриличар
Едриличар
Posts: 221
Joined: 21 Nov 2007, 16:13
Contact:

Post by Tanja »

e toa Falcon ne znam :D no nekako i mene cela rabota mi stoi kako falenje, a nema navedeno nikakvi fakti zosto i kako. na Lufthansa def ne i trebaat kosmonauti, osven ako nema vo plan da otvori linija zemja - mesecina vo bliska idnina :D
User avatar
zlatko83
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1644
Joined: 10 Sep 2006, 16:47
Location: Skopje
Contact:

Post by zlatko83 »

neznam me cudese i mene seto toa posto gi poznavam dobro strukturite na lufthansa :lol:
nemozam nisto da kazam za toa sto i kako samo mozam gore navedenoto objasnuvanje na Tanja da go potvrdam deka toa e taa edinstvena institucija vo germanija koja se bavi so astronautika a i sorabotuva so NASA. kako drugo vo germanija koga imat takov covek koj ce leta so pomos na NASA vo vselenata go objavuvat site medi toa televizijata RTL vakvi raboti nepropusta da objavi. a za ovoj covek nemam dosega nisto slusnato :?:

uglavno se slozuvam so mislenjeto na Tanja i na Falcon (iako nesesme bas uvek so isto mislenje :lol: )

ali koga bi bilo taka kao sto e navedeno bi se raduval da nas makedonec toa uspe i ima od mene eden golem :bravo: :bravo:
User avatar
Mad Scientist
On the mike at 120.3
On the mike at 120.3
Posts: 773
Joined: 05 Oct 2006, 18:42
Contact:

Post by Mad Scientist »

Темава е детално модерирана, правилата кој не ги знае нека ги прочита, кој ги знае нека се потсети. Форумов не е ниту „наш“ ниту „ваш“, и да не солам памет, се си знаете.
[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]

Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
User avatar
Mad Scientist
On the mike at 120.3
On the mike at 120.3
Posts: 773
Joined: 05 Oct 2006, 18:42
Contact:

Post by Mad Scientist »

Што се однесува до темава, предлагам да се напише протестно писмо со сите погоре изнесени факти и да се прати во редакцијата на Вест. Можеби ќе натераме барем некој од новинарите да погугла малце пред да печати нешто, ако не новинарите тогаш барем уредниците. Во крајна линија, доколку го објават писмото, народот нема да голта коктели на баронот Минхаузен повеќе.
[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]

Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 820
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Post by Falcon »

Mad Scientist wrote:Што се однесува до темава, предлагам да се напише протестно писмо со сите погоре изнесени факти и да се прати во редакцијата на Вест. Можеби ќе натераме барем некој од новинарите да погугла малце пред да печати нешто, ако не новинарите тогаш барем уредниците. Во крајна линија, доколку го објават писмото, народот нема да голта коктели на баронот Минхаузен повеќе.
Мислиш дека некој во „Вест“ би обрнал внимание на такво писмо?
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests