27 македонски пилоти летаат за светски компании

Пилотски муабети и случувања.
Pilot's talks and events.
Post Reply
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

27 македонски пилоти летаат за светски компании

Post by Scylla »

Дваесет и седум македонски пилоти на патнички авиони летаат за странски авио-компании. Повеќето од нив се пилоти или ко-пилоти во најпознатите компании како "Сингапур ерлајнс", "Рајан ер", "Ер Индиа", "Џапан ерлајнс", "Делта" и управуваат "боинзи", "ербаси", "емрбаери".

Во Македонија нема официјална статистика во кои странски компании летаат македонски пилоти. Според податоците до кои дојде "Вест", таа бројка е 27. Пет македонски пилоти има во Сингапур ("Сингапур ерлајнс"), четворица во Индија ("Ер Индиа"), двајца во Нигерија, по тројца има во Албанија и во Грција, двајца во Хрватска ("Дубровник ерлајн"), и по еден пилот има во Катар ("Катар ервејс"), Јапонија ("Џапан ерлајнс"), Тунис, Мароко, Велика Британија ("Рајан ер"), Германија, Тајван ("Ева ер") и во САД ("Рипаблик ервејс").
Пред да заминат од Македонија, речиси сите летале за некоја од македонските компании кои се појавија по осамостојувањето на државата или пред тоа за југословенскиот ЈАТ. Од пред неколку години се расеани по светот. "Вест" најде неколкумина од нив и ја слушна приказната на капетанот Венко Биковски кој лета за "Ер Индиа", на Владимир Насковски од американската компанија "Рипаблик ервејс", на Спасе Јакимовски од "Катар ервејс" и на капетанот Ѓорѓи Банчотов од јапонската "Џапан ерлајнс".
Меѓу последните кои заминаа да летаат за странски компании е 53-годишниот капетан Венко Биковски, кого колегите популарно го нарекуваат последниот Мохиканец меѓу македонските пилоти со ЈАТ-ова школа. Тој сега лета за индиската компанија "Ер Индиа" и живее на релација Индија - Скопје - Белград каде што е неговото семејство. Кога Биковски, пилот на старата школа на ЈАТ, го напуштил МАТ, конкурирал за работа во Индија, Сингапур и во Катар, за на крај да ја одбере Индија за своја нова авиобаза. "Ер Индиа" е 9-та по ред авиокомпанија за која тој лета откако е пилот. Со него во Индија е и пилотот Горан Павловски.

За летање е неопходна т.н. меѓународна ЈАР дозвола, па со неа и со својот "боинг 737-800" лета од 12 аеродроми во Индија кон Сингапур, Шри Ланка, Бангкок, Тајланд, заливските земји...
"Ја одбрав Индија затоа што од секогаш ме привлекувала со својата култура, традиција, живот, филозофија. Сакав да ја живеам Индија, па направив спој на професијата и желбите. Се приспособив на евтиниот живот во Индија, на нивниот начин на сфаќање на секојдневието, на животните погледи. Отседнувам во хотели со пет sвездички, ја сакам нивната кујна... Шест недели сме на работа, а две недели сме слободни и имаме платена карта да одиме дома", ни раскажа капетанот Биковски. Тој секое слободно време го користи да биде со сопругата и трите деца кои живеат во Белград. Летово го посети Скопје, но и Берово, родното место на неговите родители. Од Скопје летна за Белград, а од таму назад во Индија.

Пред речиси две години од Македонија замина и пилотот Спасе Јакимовски. Сега лета за катарската авиокомпанија "Катар ервејс". 40-годишниот капетан Јакимовски пред да замине во Катар пилотираше во македонските МАТ и "Авиоимпекс". Во катарската авиокомпанија е обучен и лета на еден од најчесто употребуваните авиони "ербас А330".
Македонските пилоти во странство контактираат меѓу себе, разменуваат искуства. Речиси сите ја поминале истата процедура за да станат пилоти или копилоти во компаниите за кои летаат сега. Задолжителни психофизички тестирања, 2,5-месечни проверки на пилотските знаења, возење на симулатори... За сите нив заеднички се летачките доживувања, егзотичните дестинации до кои летаат, турбуленциите, патниците... Секојдневно се во некој друг град, на друг аеродром, во друг хотел. Меѓу два лета пробуваат специфична храна, запознаваат најразлични култури...
"Живеам во Тулса, САД. Работниот ден почнува со тоа што бесплатно летам до Колумбус во Охајо каде што е мојата база и од таму почнува работниот ден. Ноќевам во тој град којшто е мојата последна дестинација за тој ден. Еве пред некој ден дневното летање заврши во Чикаго каде имам школски другари, па се забавувавме во прекрасните клубови и ресторани. По неколку дена бев во Бостон каде должноста ми заврши околу пладне и скитавме и се журкавме таму цели 10 часа. После моравме добро да се наспиеме за новите летови. Денот го завршив во Хјустон. Значи, од најсеверниот, завршив во најјужниот град во САД. Обично летам 4 дена, па 3 дена сум слободен", раскажува Владимир Насковски, скопјанец, син на скопскиот бизнисмен Ненад Насковски и на Мирјана Насковска, сопственичката на туристичката агенција "Долар турс". Сега е пилот во американската "Рипаблик ервејс".
Владимир е еден од ретките македонски пилоти кои пилотската школа и обука ја поминале во странство. На 16 години заминал во САД и таму се стекнал со својата прва приватна пилотска дозвола, а потоа добил и комерцијална пилотска дозвола. Малку подоцна станал инструктор за летање и од први април годинава лета со авион од типот "ембраер" за компанијата "Рипаблик ервејс".

"Мојата компанија ја покрива целата источна половина на САД и оперира со 220 'ембраери'. 'Ембраерите' летаат под брендот на 5-те големи компании 'Американ ерлајнс', 'Јунајтед ерлајнс', Делта', 'Континентал' и ' Ју-ес ервејс'. Значи јас кога не го летам мојот авион можам да летам со овие пет компании без пари", вели Владимир.

Нормално е пилотите најмногу да зборуваат за своите летови. Некои велат дека летаат на лесни, други на многу тешки дестинации.

Капетанот Биковски од "Ер Индиа" вели дека лета на едни од најтешките релации. Тоа се монсунските делови од Индија.
"Во нашата компанија 80 отсто од пилотите се странци и најголемиот дел од нас летаме на тешки релации. Кога ќе почнат монсунските денови во Индија, летањето е многу тешко поради обилните и силни дождови. Тогаш летањето е како пред вас да застанал пожарникар и додека возите тој со шмрк ви прска во шофершајбната. Во Индија аеродромите се стари и по 30 години, има голем метеж, па над нив се кружи и по еден час додека да ви дојде редот за слетување", вели Биковски.
Пилотите сегде во светот се на цена. Ги почитуваат, ги бараат, компаниите се натпреваруваат за нив. Особено азиските компании кои се во огромен подем и претендираат да бидат господари на небото. Секој пилот наоѓа работа преку брокер и можат да избираат во која компанија ќе работат.
"Почнав да летам на 16 години. Откако ги добив сите потребни дозволи, во 1996 година почнав да летам во македонската компанија 'Авиоимпекс' каде ја почнав обуката за патнички авион ДЦ-9 и една година потоа стекнав звање копилот на тој авион. Во 1999 година станав копилот на авионите МД-81, 82 и 83. Во 'Авиоимпекс' летав до 2001 година", ни раскажа капетанот Ѓорѓи Банчотов.

По "Авиоимпекс" летал за МАТ кога завршил обука за копилот на "боинг 737-300", а во 2006 станал капетан на "боинг 737-300".

"Во 2007 заминав во туниската компанија 'Картаго ерлајнс'. Потоа конкурирав преку брокерите во многу реномирани компании и почнаа да стасуваат понудите. Се одлучив за Јапонија и за најголемата јапонска авиокомпанија 'Џапан ерлајнс'. Ми понудија и обука за 'боинг 737-800'. Во Токио сум од март годинава. Во Јапонија, како технолошки најнапредна држава во светот, најмногу внимание се посветува на безбедноста, особено во авијацијата. Затоа постојано одиме на обуки, тренинзи, проверки и на се она што е предвидено со меѓународните стандарди, само што сето тоа тука е повеќекратно застапено. Сега сум на обука за пилотирање со 'боинг 737-800' која во другите држави трае три месеци, а овде во Јапонија безмалку една година", раскажува капетанот Банчотов од "Џапан ерлајнс".

Сите пилоти се вљубеници во авијацијата и во летањето. На некои од нив, на некој начин, им се семејна професија. Еден од таквите е копилотот Роберт Каревски, кој по потекло е Македонец, роден е во Австралија, а пилотира за тајванската авиокомпанија "Ева ер".

"Роден сум во Австралија од родители иселеници по потекло од Охрид и Битола. Имам 33 години, а професионално летам 12 години. Со сопругата Соња и 14-месечниот син Александар живееме во Македонија. Соња е поранешен контролор на летање и голем вљубеник во авијацијата. 'Ева ер' има флота од 55 авиони и половината од пилотите се странци, па календарот на летање ни е усогласен за секој месец да можеме бесплатно да отпатуваме до нашите семејства", кажува Каревски.

Првите часови по летање ги имал во "Атлас авиејшан" од Сиднеј, во "Саут коуст авиејшан" од Вуленгонг и во "Мекфлајт треининг" од Голд Коуст. Првата пилотска дозвола ја добил на 21 година, а на 24 години веќе можел да лета и комерцијални авиони.

"На почетокот пилотирав со 'цесна 206' за помали регионални авиокомпании пуштајќи падобранци над мојот роден град Вулгонг. Со рускиот авион 'ЈАК 52' изведував акробатски летови, а потоа како копилот летав за компанијата 'Макер' од Таунсвил, Квинсленд. Таму пилотирав на мојот посебно драг модел на авион 'метролајнер 3', турбопроп двомоторец со капацитет од 19 патници. Тоа искуство ми помогна да станам капетан на 'цесна караван 208', а потоа и на 'метролајнер 3' во компанијата 'Џеткрафт еркарго'. За таа компанија летав од мојата база во Сиднеј до регионалните аеродроми во Нов Јужен Велс и до Квинсленд", раскажува Каревски.
Тој од март 2007 година е копилот во "Ева ер". Таму е обучен за копилот на авионот "МД-11". До сега летал за Лондон, Брисел, Париз, Франкфурт, Дубаи, Дели, Мумбаи, Бангкок, Сингапур, Хонгконг, Тајпеи, Осака, Енкориџ, Чикаго, Далас, Атланта и Њујорк. Компанијата има 5.000 вработени и 650 пилоти, но сепак секој од нив распоредот на летање го добива еден месец однапред, а со задоволство им го коригираат распоредот ако сакаат да добијат слободен термин кога нешто за сигурно испланирале со своето семејство. Каревски, како и другите пилоти, несебично го користи секој слободен термин да биде со семејството.

Да биде со семејството што почесто сака и капетанот Банчотов. Неговата сопруга Марија, двете ќерки Магдалена и Ангела и синот Димитар се во Македонија.
"Можеби в година моето семејство ќе ми се придружи тука во Токио. За враќање во Македонија тешко, се додека ситуацијата во авијацијата е таква каква што е", вели Банчотов.

Додека пилотираат далеку од семејствата пилотите се на релација меѓу своите бази и градовите до кои летаат како крајна дестинација.
"Во 'Ева ер' сите странски пилоти имаат апартманско сместување во комплексот на компанијата каде е и тренинг центарот опремен со 4 симулатори, тренинг центарот за стјуардеси, базен за рекреација и куп други комодитети за нас. Денот кога летам имам повик од персоналот, се подготвувам за брифинг и со автобус одам до интернационалниот аеродром во Тајпеј. Најдолгиот лет е од Тајпеј до Енкориџ и трае 10,5 часа. Во градовите каде преноќуваме и по неколку дена најчесто ги посетувам знаменитостите и музеите како Лувр во Париз. Највпечатлив ми е единствениот хотел со седум sвезди "Бурџ ал Араб" во Дубаи. Најчесто летам до аеродромот во Виена од каде летам со МАТ до Скопје за да се видам со семејството", вели Каревски.

Негова желба е да стане капетан на авионот "МД-11", а еден од омилените авиони му е "боинг 777".

Повеќето од македонските пилоти кои сега работат во странство не кријат дека сакаат да се вратат и да летаат во Македонија, за македонски компании, под македонско знаме. Но, велат дека чекаат подобри времиња за нив пилотите. До тогаш, велат, барајте не во Индија, Нигерија, Јапонија, Тунис, САД, Катар, Велика Британија...


Дома останаа само 13 пилоти


Кога две третини од вкупниот број пилоти во патничката авијација што ги има една држава работат во странство, за странски компании, е огромна загуба на високо профилиран и скап стручен кадар за секоја држава, а не само за Македонија, велат македонските пилоти кои летаат за странски компании.
Според неофицијални податоци, во Македонија работат само 13 македонски пилоти во комерцијалната авијација. Во таа бројка се сметаат и пилотите кои летаат за македонската Влада и заедно со нивните колеги од комерцијалната авијација едвај се една третина од вкупниот број македонски пилоти во патничкиот авионски сообраќај.

Вест
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
zlatko83
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1644
Joined: 10 Sep 2006, 16:47
Location: Skopje
Contact:

Post by zlatko83 »

znaci imame kvalitetni momci :lol:
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 826
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Post by Falcon »

Е ова веќе го зборувавме де:

http://forum.avijacija.com.mk/viewtopic.php?t=3218
User avatar
canadianexpat
Падобранец
Падобранец
Posts: 75
Joined: 12 Nov 2006, 17:28
Location: was YYZ now BDL next who knows
Contact:

Post by canadianexpat »

Ne bese Goran Pavlovski edno vreme vo Nigerija?
canadianexpat
User avatar
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
Posts: 3197
Joined: 12 Oct 2006, 10:23
Contact:

Post by Skopjeair »

canadianexpat wrote:Ne bese Goran Pavlovski edno vreme vo Nigerija?
Bese odamna, sega e vo Indija
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 826
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Post by Falcon »

canadianexpat и BORG, можеби вие знаете - навистина ли некој Македонец по потекло од Битола лета за Air Canada?
User avatar
CAVOK
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 420
Joined: 18 Mar 2008, 11:23
Contact:

Re: 27 македонски пилоти летаат за светски компании

Post by CAVOK »

Scylla wrote:Обично летам 4 дена, па 3 дена сум слободен", раскажува Владимир Насковски, скопјанец, син на скопскиот бизнисмен Ненад Насковски и на Мирјана Насковска, сопственичката на туристичката агенција "Долар турс". Сега е пилот во американската "Рипаблик ервејс".

Вест
Taka dojde vremeto.

Sega samo tie koi se sinovi, poretko kerki, na nekoi bisnismeni ili bogatasi stanuvaat piloti.

Mozes da imas i volja, zelba i se da bide kako sto treba so tebe.. Dokolku nemas pari..otkazi se.
User avatar
canadianexpat
Падобранец
Падобранец
Posts: 75
Joined: 12 Nov 2006, 17:28
Location: was YYZ now BDL next who knows
Contact:

Post by canadianexpat »

Za Makedonec ne znam plus jas sum veke nekolku godini izlezena od avio/turizam biznisot. No imam eden prijatel Crnogorec koj e co capitain vo Air Canada. Ne sum se videla odamna so nego. Koga ke se vidam sledniot pat ke go prasam. Znam deka ima nekolku Slovenci sto rabotat vo Air Canada kako piloti po ona sto mi go kazuval toj.
canadianexpat
User avatar
zlatko83
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1644
Joined: 10 Sep 2006, 16:47
Location: Skopje
Contact:

Post by zlatko83 »

CAVOK
toa vreme ne e samo kaj nas nego sekade po evropa
User avatar
CAVOK
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 420
Joined: 18 Mar 2008, 11:23
Contact:

Post by CAVOK »

Da, pa i sekade vo svetot. Ne samo vo Evropa ili Makedonija.Citatot bese namenet kako eden vid na link.

Vo sekoj slucaj, pozdravce do pilotite.
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest