Деловите на авионот

За сите оние кои не се плашат да ги извалкаат рацете и облеката.
For those who are not afraid to get messy clothes and hands.
Post Reply
User avatar
Tito
Падобранец
Падобранец
Posts: 87
Joined: 19 Aug 2006, 21:04
Location: Скопје,Македонија
Contact:

Деловите на авионот

Post by Tito »

Сите знаат дека авионот се состои од труп, крила, мотори и тркала, но некои незнаат од што се составени овие делови. Еве за тие што незнаат од што се составени овие делови:

Труп:

Улогата на трупот е да создаде врска помегу крилото, хоризонталниот и вертикалниот стабилизатор. Најзначајна улога на трупот е тоа што во него е сместена пилотската кабина, просторот за товар и сл. Основното конструктивно решение на трупот го сочинуваат: ребрата - прстени, продолжниците и обвивката.
Ребрата ја создаваат основната форма на трупот, нивната конструктивна поврзаност ја создаваат продолжниците, а дефинитивната форма ја дава обвивката на трупот.

Крило:

Крилото е основната поддржна површина на авионот што индиректно значи дека тоа е основниот елемент кој го "носи" авионот. Крилото се состои од следниве делови: корен на крилото, нападен раб, раменица, излезен раб, продолжници, завршетоци на крилото и обвивка на крилото.
Основната улога на коренот на крилото е да создаде цврста и сигурна врска со трупот. Се изработува од цврсти материјали, легирани челици и слично.
Нападниот раб на крилото го оформува предниот дел на аеропрофилот со потребното заоблување, а излезниот раб го формира задниот дел на крилото.
Раменицата е основен конструктивно носечки елемент на крилото. Основната функција на раменицата е да создаде врска со сите "ребра", а во нејзиниот корен се поставува оковот за врска со трупот.
Ребрата ја даваат основната форма на крилото по неговиот напречен пресек и по неговата вертикална проекција.
Продолжниците служат за дополнително зајакнување на крилото, а истовремено ја зачувуваат и аеродинамичката форма на крилото.
Завршетоците на крилата, имаат улога да го спречат - смалат индуктивниот отпор и да го оформат завршниот дел на крилото.
Обвивката на крилото ја дава неговата надворешна, конечна форма, создава врски со сите "скелетни" на конструкцијата на крилото.
Материјалот за изработка на елементите на крилото може да биде различен. При изградбата на поранешните авиони доминантни материјали биле дрвото, платното и металот. Денес како такви материјали најчесто се употребуваат алуминиумските легури, челичните легури, карбонските влакна и низа други материјали.
Со оглед на тоа дека крилото практично претставува најважен дел на авионот, на него се вградуваат и дополнителни елементи со кои што се постигнуваат подобри карактеристики на летањето на авионот.
Такви дополнителни елементи на крилото се: преткрилцата, крилцата - елерони, заткрилца - флапсови, воздушните сопирачки, како и резервоарите за гориво.

Продолжува...
User avatar
Tito
Падобранец
Падобранец
Posts: 87
Joined: 19 Aug 2006, 21:04
Location: Скопје,Македонија
Contact:

Post by Tito »

Хоризонтален и вертикален стабилизатор

Хоризонталниот и вертикалниот стабилизатор, можат да бидат конструктивно решени на неколку начини. Тоа зависи од меѓусебната поставеност, во однос на трупот. Во најголем број случаи се применува еден хоризонтален и еден вертикален стабилизатор кои се поставени - вградени на трупот. Хоризонталниот стабилизатор може да биде поставен на горниот дел од вертикалецот. Во некои случаи имаме два вертикални стабилизатора поставени на краиштата од хоризонталецот или поставување како кај двотрупен авион.
Градбата на хоризонталниот и вертикалниот стабилизатор е идентична со градбата на крилото. Тоа значи дека се состои од нападен раб, излезен раб, раменица, ребра и продолжници. Разликата се состои во тоа што и кај хоризонталниот и кај вертикалниот стабилизатор има два основни дела: Неподвижен (фиксен) и подвижен дел кој на вертикалниот стабилизатор претставува кормило за правец, а на хоризонталецот - кормило за височина.

Тркала

Тркалата служат за движење (маневрирање) на авионот на аеродромските површини, како и за безбедно полетување и слетување. Покрај тоа, тркалата врз себеси ја "примаат" целокупната кинетичка енергија на авионот.
Според концепцијата, овие уреди се делат на фиксирани и вовлекувачки, а според нивната поставеност на: класични - со две главни тркала и едно тркало на задниот дел од трупот и "трицикл" со две главни тркала и едно на предниот дел од трупот.
Овие уреди треба да обезбедат безбедно и сигурно "примање" на сите оптоварувања и удари, кои се јавуваат при "возењето" по аеродромските површини, како и при полетувањето и при слетувањето. Притоа, тие обезбедуваат и соодветна амортизација на спомнатите удари.
Во основа "ногата" е составена од следните елементи: корен со уред за вовлекување и извлекување, носечки дел, амортизер, оска на тркалото, бандаж, пневматик.

Продолжува...
User avatar
Tito
Падобранец
Падобранец
Posts: 87
Joined: 19 Aug 2006, 21:04
Location: Скопје,Македонија
Contact:

Post by Tito »

Мотор

Моторите се погонската, движечката група на авионите. Моторот претставува сложена машина која претвора еден вид енергија во друг. Основната поделба воздухопловните мотори ги дели на: мотори со внатрешно согорување и реактивни мотори.
Во спортската авијација најчесто се користат мотори со внатрешно согорување. Тоа се такви машини, кои топлотната енергија на горивото ја претвораат во механичка работа - вртење на пропелерот, која понатаму создава влечна или потисна сила за движење на авионот. Овие конструктивно се решени на повеке начини, со различни карактеристики врз основа на кои може да се поделат во неколку групи:
Според работниот циклус се делат на "Ото мотори" и "дизел мотори". Ото моторите наогаат најголема примена во спортската авијација поради нивната "мирна и континуирана" работа со високиот степен на корисното дејство. Дизел моторите во авијацијата не применуваат бидејки создаваат висок степен на компресија во цилиндрите, поради што се создаваат вибрации на авионската конструкција.
Според бројот на работните тактови Ото моторите се делат на двотактни и четиритактни. Двотактни мотори, главно, се користат кај ултра лесните летала, за разлика од четиритактните кои масовно се употребуваат во спортската и деловната авијација, поради поголемата сила која ја остваруваат.
Според бројот на цилиндрите, моторите можат да бидат едноцилиндрични, двоцилиндрични, четирицилиндрични и повеке цилиндрични. До сега во воздухопловството најмногу се користат четирицилиндричните мотори.

Продолжува (за моторот)...
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

:bravo: Ова ќе иде на насловна страна кога ќе го завршиш.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
Tito
Падобранец
Падобранец
Posts: 87
Joined: 19 Aug 2006, 21:04
Location: Скопје,Македонија
Contact:

Post by Tito »

Мотор (продолжение)

Според сместувањето на цилиндрите, моторите се делат на редни и ѕвездести. И едните и другите можат да бидат едноредни, дворедни и повекередни.
Според начинот на ладење, моторите се делат во две групи: мотори со воздушно ладење и мотори со течно ладење. Вторите, поради својата сложеност и недоволна ефиксност во ладењето, речиси сосема се исфрлени од употреба.
Според начинот на внесување на горивото се делат на мотори со карбуратор и мотори со непосредно внесување на горивото. Во спортската авијација најмногу се употребуваат моторите со карбуратор.
Според промената на силата, зависно од височината, постојат мотори со и без компресор. Моторите со компресор обезбедуваат иста сила на моторот на секоја височина до врвната употреблива височина на авионот.

Делови на моторот со внатрешно согорување

Главни делови на моторите со внатрешно согорување се:
Цилиндер, глава на цилиндерот, седишта на вентилите, вентили, брегаста оска, клипница, коленесто вратило, редуктор, кукиште и картер.
Цилиндерот е основната комора во која се врши палењето на горивната смеса и претворање на топлотната енергија во енергија на ширење на гасовите. Во него се одвива компримирањето на смесата, нејзино палење, согорување и ширење. Создадените гасови дејствуваат врз клипот и го придвижуваат, така што со неговото движење тој создава вртење на коленестото вратило.
На главата на цилиндерот се наогаат седишта во кои се сместени вентилите за вцицување и издувување. Главата однадвор е ребреста, со што се овозможува подобро ладење.
Вентилите ги отвораат и ги затвораат отворите на главата на цилиндерот низ кој влегува смесата на гориво, а излегуваат издувните гасови.
Свекичките фрлаат искра во мигот кога смесата на горивото е максимално компримирана, со што се реализира палењето и претворањето во енергија која се создава со ширењето на гасовите.
Гасовите со својата енергија дејствуваат на клипот и го движат надолу. Со неговото движење, тој преку клипницата дејствува на коленестото вратило и условува негово кружно движење.
Кружните движења на коленестото вратило се пренесуваат врз редукторот, кој има улога да го смали бројот на вртежите на коленестото вратило и со добиениот број вртежи да ја врти елисата.
Кукиштето на моторот во кој и на кој се сместуваат сите претходно изнесени делови на моторот.
Картерот е еден вид резервоар во кој стои маслото на моторот. Улогата на маслото во моторот е да го смали триењето и да обезбеди ладење на движечките делови на моторот. Покрај наведените делови, во составот на моторот влегуваат и алтернаторот, магнетите и карбураторот.
Алтернаторот претставува мала централа за струја. Тој добива погон со вртење на моторот и на тој начин станува производител на електрична струја.
Магнетите ја примаат струјата од алтернаторот многукратно ја зголемува и во определен миг ја предаваат на точно определена свекичка, која ја пали горивната смеса во цилиндерот.
Карбураторот е сложен уред чија улога е да направи одредена смеса на гориво и воздух (авиобензин и воздух) и во точно определено количество да ја внесе во соодветниот цилиндер. Составот, односно квалитетот на смесата подразбира однос на масата на горивото и масата на воздухот.

Продолжува (Турбомлазен мотор) ...
User avatar
Tito
Падобранец
Падобранец
Posts: 87
Joined: 19 Aug 2006, 21:04
Location: Скопје,Македонија
Contact:

Post by Tito »

Турбомлазен мотор

Турбомлазниот мотор работи на процесите на вцицување, компримирање, согорување, ширење и издувување. Вцицувањето на воздухот се прави преку предниот дел - уводникот на моторот. Тој ги насочува воздушните струи во каналниот простор на моторот, каде што се наога системот лопатки за компримирање на воздухот. Таквиот систем кој го стиска - компримира воздухот, се нарекува компресор. Тој практично е составен од неколку степени на ротирачки лопатки со чие вртење се постигнува зголемен притисок кај влезните струи.
Компримираниот воздух преку дифузор се пренесува до комората за согорување. Тоа е простор во кој доага до согорување на смесата од керозин и компримиран воздух.
При ваквото согорување настанува нагло ширење на гасовите кои со огромна брзина излегуваат од комората за согорување и одат во издувниот простор. Тој има улога да ги смири и да го насочи движењето на гасовите кон млазникот.
Улогата на млазникот е да го забрза движењето на гасовите и да создаде нивна максимална излезна брзина, со што се добива и максимален потисок.
Кај млазниот мотор постои уште еден дел кој се наога кај комората за согорување, а тоа е турбината. Овој уред има улога да го заротира компресорот при стартувањето на моторот.
Во оваа група на турбомлазни мотори спагаа и т.н. вентилаторски мотори, кои наогаат најголема примена во најново време. Кај нив, влезната воздушна струја при минување низ компресорот се дели на два дела. Првиот дел, примарното струење на воздухот, оди преку компресорот и комората за согорување до млазникот и излегува надвор. Вториот дел - секундарното струење на воздухот, притискано од лопатките на вентилаторот, со зголемена брзина излегува директно во атмосферата.
На тој начин, всушност, се создаваат две сили на потисок, произведени од примарното и секундарното струење на воздухот. Вентилаторските мотори во исто време се и потивки за околината.

Тхе енд! :)
User avatar
BORG
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1328
Joined: 15 Jul 2006, 23:09
Location: YYZ Toronto -Mississauga ON
Contact:

Re: Деловите на авионот

Post by BORG »

Tito wrote:Сите знаат дека авионот се состои од труп, крила, мотори и тркала, но некои незнаат од што се составени овие делови. Еве за тие што незнаат од што се составени овие делови:

Труп:

Улогата на трупот е да создаде врска помегу крилото, хоризонталниот и вертикалниот стабилизатор. Најзначајна улога на трупот е тоа што во него е сместена пилотската кабина, просторот за товар и сл. Основното конструктивно решение на трупот го сочинуваат: ребрата - прстени, продолжниците и обвивката.
Ребрата ја создаваат основната форма на трупот, нивната конструктивна поврзаност ја создаваат продолжниците, а дефинитивната форма ја дава обвивката на трупот.

Крило:

Крилото е основната поддржна површина на авионот што индиректно значи дека тоа е основниот елемент кој го "носи" авионот. Крилото се состои од следниве делови: корен на крилото, нападен раб, раменица, излезен раб, продолжници, завршетоци на крилото и обвивка на крилото.
Основната улога на коренот на крилото е да создаде цврста и сигурна врска со трупот. Се изработува од цврсти материјали, легирани челици и слично.
Нападниот раб на крилото го оформува предниот дел на аеропрофилот со потребното заоблување, а излезниот раб го формира задниот дел на крилото.
Раменицата е основен конструктивно носечки елемент на крилото. Основната функција на раменицата е да создаде врска со сите "ребра", а во нејзиниот корен се поставува оковот за врска со трупот.
Ребрата ја даваат основната форма на крилото по неговиот напречен пресек и по неговата вертикална проекција.
Продолжниците служат за дополнително зајакнување на крилото, а истовремено ја зачувуваат и аеродинамичката форма на крилото.
Завршетоците на крилата, имаат улога да го спречат - смалат индуктивниот отпор и да го оформат завршниот дел на крилото.
Обвивката на крилото ја дава неговата надворешна, конечна форма, создава врски со сите "скелетни" на конструкцијата на крилото.
Материјалот за изработка на елементите на крилото може да биде различен. При изградбата на поранешните авиони доминантни материјали биле дрвото, платното и металот. Денес како такви материјали најчесто се употребуваат алуминиумските легури, челичните легури, карбонските влакна и низа други материјали.
Со оглед на тоа дека крилото практично претставува најважен дел на авионот, на него се вградуваат и дополнителни елементи со кои што се постигнуваат подобри карактеристики на летањето на авионот.
Такви дополнителни елементи на крилото се: преткрилцата, крилцата - елерони, заткрилца - флапсови, воздушните сопирачки, како и резервоарите за гориво.

Продолжува...
Image

ImageImageImage
Last edited by BORG on 15 Jan 2007, 21:07, edited 2 times in total.
User avatar
BORG
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1328
Joined: 15 Jul 2006, 23:09
Location: YYZ Toronto -Mississauga ON
Contact:

Post by BORG »

Tito wrote:Хоризонтален и вертикален стабилизатор

Хоризонталниот и вертикалниот стабилизатор, можат да бидат конструктивно решени на неколку начини. Тоа зависи од меѓусебната поставеност, во однос на трупот. Во најголем број случаи се применува еден хоризонтален и еден вертикален стабилизатор кои се поставени - вградени на трупот. Хоризонталниот стабилизатор може да биде поставен на горниот дел од вертикалецот. Во некои случаи имаме два вертикални стабилизатора поставени на краиштата од хоризонталецот или поставување како кај двотрупен авион.
Градбата на хоризонталниот и вертикалниот стабилизатор е идентична со градбата на крилото. Тоа значи дека се состои од нападен раб, излезен раб, раменица, ребра и продолжници. Разликата се состои во тоа што и кај хоризонталниот и кај вертикалниот стабилизатор има два основни дела: Неподвижен (фиксен) и подвижен дел кој на вертикалниот стабилизатор претставува кормило за правец, а на хоризонталецот - кормило за височина.

Тркала

Тркалата служат за движење (маневрирање) на авионот на аеродромските површини, како и за безбедно полетување и слетување. Покрај тоа, тркалата врз себеси ја "примаат" целокупната кинетичка енергија на авионот.
Според концепцијата, овие уреди се делат на фиксирани и вовлекувачки, а според нивната поставеност на: класични - со две главни тркала и едно тркало на задниот дел од трупот и "трицикл" со две главни тркала и едно на предниот дел од трупот.
Овие уреди треба да обезбедат безбедно и сигурно "примање" на сите оптоварувања и удари, кои се јавуваат при "возењето" по аеродромските површини, како и при полетувањето и при слетувањето. Притоа, тие обезбедуваат и соодветна амортизација на спомнатите удари.
Во основа "ногата" е составена од следните елементи: корен со уред за вовлекување и извлекување, носечки дел, амортизер, оска на тркалото, бандаж, пневматик.

Продолжува...
Image
ImageImage
User avatar
BORG
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1328
Joined: 15 Jul 2006, 23:09
Location: YYZ Toronto -Mississauga ON
Contact:

Post by BORG »

Tito wrote:Мотор (продолжение)

Според сместувањето на цилиндрите, моторите се делат на редни и ѕвездести. И едните и другите можат да бидат едноредни, дворедни и повекередни.
Според начинот на ладење, моторите се делат во две групи: мотори со воздушно ладење и мотори со течно ладење. Вторите, поради својата сложеност и недоволна ефиксност во ладењето, речиси сосема се исфрлени од употреба.
Според начинот на внесување на горивото се делат на мотори со карбуратор и мотори со непосредно внесување на горивото. Во спортската авијација најмногу се употребуваат моторите со карбуратор.
Според промената на силата, зависно од височината, постојат мотори со и без компресор. Моторите со компресор обезбедуваат иста сила на моторот на секоја височина до врвната употреблива височина на авионот.

Делови на моторот со внатрешно согорување

Главни делови на моторите со внатрешно согорување се:
Цилиндер, глава на цилиндерот, седишта на вентилите, вентили, брегаста оска, клипница, коленесто вратило, редуктор, кукиште и картер.
Цилиндерот е основната комора во која се врши палењето на горивната смеса и претворање на топлотната енергија во енергија на ширење на гасовите. Во него се одвива компримирањето на смесата, нејзино палење, согорување и ширење. Создадените гасови дејствуваат врз клипот и го придвижуваат, така што со неговото движење тој создава вртење на коленестото вратило.
На главата на цилиндерот се наогаат седишта во кои се сместени вентилите за вцицување и издувување. Главата однадвор е ребреста, со што се овозможува подобро ладење.
Вентилите ги отвораат и ги затвораат отворите на главата на цилиндерот низ кој влегува смесата на гориво, а излегуваат издувните гасови.
Свекичките фрлаат искра во мигот кога смесата на горивото е максимално компримирана, со што се реализира палењето и претворањето во енергија која се создава со ширењето на гасовите.
Гасовите со својата енергија дејствуваат на клипот и го движат надолу. Со неговото движење, тој преку клипницата дејствува на коленестото вратило и условува негово кружно движење.
Кружните движења на коленестото вратило се пренесуваат врз редукторот, кој има улога да го смали бројот на вртежите на коленестото вратило и со добиениот број вртежи да ја врти елисата.
Кукиштето на моторот во кој и на кој се сместуваат сите претходно изнесени делови на моторот.
Картерот е еден вид резервоар во кој стои маслото на моторот. Улогата на маслото во моторот е да го смали триењето и да обезбеди ладење на движечките делови на моторот. Покрај наведените делови, во составот на моторот влегуваат и алтернаторот, магнетите и карбураторот.
Алтернаторот претставува мала централа за струја. Тој добива погон со вртење на моторот и на тој начин станува производител на електрична струја.
Магнетите ја примаат струјата од алтернаторот многукратно ја зголемува и во определен миг ја предаваат на точно определена свекичка, која ја пали горивната смеса во цилиндерот.
Карбураторот е сложен уред чија улога е да направи одредена смеса на гориво и воздух (авиобензин и воздух) и во точно определено количество да ја внесе во соодветниот цилиндер. Составот, односно квалитетот на смесата подразбира однос на масата на горивото и масата на воздухот.

Продолжува (Турбомлазен мотор) ...

Image

Image
Image
ImageImage
User avatar
BORG
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1328
Joined: 15 Jul 2006, 23:09
Location: YYZ Toronto -Mississauga ON
Contact:

Post by BORG »

Tito wrote:Турбомлазен мотор

Турбомлазниот мотор работи на процесите на вцицување, компримирање, согорување, ширење и издувување. Вцицувањето на воздухот се прави преку предниот дел - уводникот на моторот. Тој ги насочува воздушните струи во каналниот простор на моторот, каде што се наога системот лопатки за компримирање на воздухот. Таквиот систем кој го стиска - компримира воздухот, се нарекува компресор. Тој практично е составен од неколку степени на ротирачки лопатки со чие вртење се постигнува зголемен притисок кај влезните струи.
Компримираниот воздух преку дифузор се пренесува до комората за согорување. Тоа е простор во кој доага до согорување на смесата од керозин и компримиран воздух.
При ваквото согорување настанува нагло ширење на гасовите кои со огромна брзина излегуваат од комората за согорување и одат во издувниот простор. Тој има улога да ги смири и да го насочи движењето на гасовите кон млазникот.
Улогата на млазникот е да го забрза движењето на гасовите и да создаде нивна максимална излезна брзина, со што се добива и максимален потисок.
Кај млазниот мотор постои уште еден дел кој се наога кај комората за согорување, а тоа е турбината. Овој уред има улога да го заротира компресорот при стартувањето на моторот.
Во оваа група на турбомлазни мотори спагаа и т.н. вентилаторски мотори, кои наогаат најголема примена во најново време. Кај нив, влезната воздушна струја при минување низ компресорот се дели на два дела. Првиот дел, примарното струење на воздухот, оди преку компресорот и комората за согорување до млазникот и излегува надвор. Вториот дел - секундарното струење на воздухот, притискано од лопатките на вентилаторот, со зголемена брзина излегува директно во атмосферата.
На тој начин, всушност, се создаваат две сили на потисок, произведени од примарното и секундарното струење на воздухот. Вентилаторските мотори во исто време се и потивки за околината.

Тхе енд! :)
Image
User avatar
Pepo
Падобранец
Падобранец
Posts: 104
Joined: 14 Dec 2006, 10:54
Location: Skopje
Contact:

Post by Pepo »

:bravo:
I look forward to killing you soon!
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

Одлично Борг, секоја чест за сликите, а ти Тито имаш пиење од мене наредниот собир...
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
Tito
Падобранец
Падобранец
Posts: 87
Joined: 19 Aug 2006, 21:04
Location: Скопје,Македонија
Contact:

Post by Tito »

Ама пази се, ја не пијам малце! :lol:
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

:lol: :lol: :lol: Во тој случај имаш една безалкохолна пијачка од мене...
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Post by Scylla »

Деновиве ќе почнам со објавување на овие стории на насловна. Под кое име да бидат објавени?
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

Составни делови на авионите или Градба на авионите... Како сакаш...
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Post by Scylla »

Мислев на авторот.
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
Tito
Падобранец
Падобранец
Posts: 87
Joined: 19 Aug 2006, 21:04
Location: Скопје,Македонија
Contact:

Post by Tito »

Scylla wrote:Мислев на авторот.
Па пиши Текст Стефан Давчевски, Слики името на Борг
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

Ејјј, ова е одлично. Секоја чест, колку би било добро аеро клубовиве да воведат ваков мултимедијален ground school.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

ТИТО после твојов пост луѓе кои го следат форумот кажаа дека одлично си ја составил темава. Дечки кои имаат добро познавање од оваа тематика, се изненадени кога им кажав колку години си. Само така продолжи.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 5 guests