Неколку прашања во врска со авиоинженерство

За сите оние кои не се плашат да ги извалкаат рацете и облеката.
For those who are not afraid to get messy clothes and hands.
Post Reply
User avatar
Spyro
Падобранец
Падобранец
Posts: 5
Joined: 09 Mar 2010, 02:53
Contact:

Неколку прашања во врска со авиоинженерство

Post by Spyro »

Vaka, prvo da razjasnime nekoj stvari za da ne dojde do zabuna. Jas sum 3ta godina na mashinski fakultet vo Skopje sto bi znachelo zdravje boze dogodina kje stanam diplomiran mashinski inziner. Mene me interesira dali postoi nekoja doobuka ili dali fakultetot sam po sebe me kfalifikuva da rabotam kako avioinziner. Isto ako nekoj e avioinziner (znachi so fakultet, ne mehanichar) ili poznava takov :D kolku e poisplatliva taa rabota vo makedonija od drugive granki na inzinerstvovo.
brynner

Post by brynner »

За опциите на МФС ќе си провериш таму. Ионака си „тамошен“.

Можностите во МК зависат од обемот на авиосообраќајот, бројот на активни авиокомпании, особено домашни... Гледаш накое дереџе сме, па сеа ти направи си есап :)

За академска доквалификација провери си на факултетите во регионов. Белград има и на Машински и на Сообраќаен - кај првиот е повеќе насочено кон механиката, кај вториот кон експлоатационото планирање, ама врз основа на механиката и операциите. Технички универзитет Софија едуцира "Aviation Engineers", а порано беше овластен дури да издава и професионални лиценци за директно вработување во индустрија. Дали нешто се променило во меѓувреме, не знам. Најдобро провери си.

Иначе, ако навистина сакаш ова да го работиш, почни навикнувај се на сознанието дека најверојатно ќе мора да ја напуштиш државава - и за доквалификација и за работење/живеење...
User avatar
Skopjeair
H.M. MURDOCK
H.M. MURDOCK
Posts: 3184
Joined: 12 Oct 2006, 10:23
Contact:

Re: Неколку прашања во врска со авиоинженерство

Post by Skopjeair »

Spyro wrote:Vaka, prvo da razjasnime nekoj stvari za da ne dojde do zabuna. Jas sum 3ta godina na mashinski fakultet vo Skopje sto bi znachelo zdravje boze dogodina kje stanam diplomiran mashinski inziner. Mene me interesira dali postoi nekoja doobuka ili dali fakultetot sam po sebe me kfalifikuva da rabotam kako avioinziner. Isto ako nekoj e avioinziner (znachi so fakultet, ne mehanichar) ili poznava takov :D kolku e poisplatliva taa rabota vo makedonija od drugive granki na inzinerstvovo.
Истата комбинација јас сакав да ја направам. Најдобро е да одиш на пост дипломски студии во Хрватска. Таму имаат воздухопловно машинство и е многу добар факултетот.
brynner

Re: Неколку прашања во врска со авиоинженерство

Post by brynner »

Skopjeair wrote:... Најдобро е да одиш на пост дипломски студии во Хрватска. Таму имаат воздухопловно машинство и е многу добар факултетот.
Еј, да, нив ги заборавив. Fakultet prometnih znanosti има два различни постдипломски програми за секоја насока: стручни и академски.

Ти, Spyro, ги бараш стручните.
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 816
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Post by Falcon »

Поделбата на воздухопловно-техничкиот персонал на механичари и инженери е застарена работа. Како што веќе на форумов имаме дискутирано, од 01.10.2009 година во Македонија на сила е фамозниот JAR-66, односно Дел 66 на ЕАЅА, во кој нема авио-механичари и авио-инженери.

Значи Spyro, ти кога ќе дипломираш ќе си бидеш машински инженер и на тоа треба да бидеш горд. Е сега, ако сакаш како таков да влезеш во делокругот на авијацијата наречен техничко одржување на воздухопловите, тогаш факултетот сам по себе не ти е доволен, туку ти е неопходна теоретска дообука и пракса.

Имај во предвид дека одржувањето на воздухопловите е регулирана дејност и за да работиш во тој дел на авијацијата потребно е да имаш дозвола (лиценца). А каква дозвола ќе имаш зависи од тоа што сакаш да работиш и колку си спремен да инвестираш (во смисла на време, труд и пари) во дозволата. Повеќето инженери се стремат кон дозвола од Ц категорија затоа што имателите на таквите дозволи работат во овластени организации за базно одржување на воздухоплови (Heavy Maintenance), и со право чувствуваат дека само во такви услови и со таков степен на одговорност еден дипломиран инженер може да се реализира на струката. Но, услов да се добие таква дозвола по академски пат е универзитетска диплома во техничка дисциплина (значи, машински факултет е ОК) и 3 години работно искуство во „опкружување каде што се врши одржување на авиони, со репрезентативен избор на работни задачи директно поврзани со одржувањето на воздухоплови и 6 месеци на набљудување на задачи од базното одржување“!

Па, ти види си... Ако овие објаснувања не ти се од корист, повели прашувај и понатаму.
User avatar
Spyro
Падобранец
Падобранец
Posts: 5
Joined: 09 Mar 2010, 02:53
Contact:

Post by Spyro »

fala vi mnogu na site dobro e sto imam ushte nekoja godina za ubavo da si razmislam i definitivno da se odlucham.
User avatar
zafiro301
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 1103
Joined: 13 Mar 2007, 20:50
Location: Sofija BG, Kumanovo MKD
Contact:

Post by zafiro301 »

Zavisi sto sakas da rabotis, maintenance ili nesto pokreativno :D Mozes da zapises magistratura nekade na strana ako imas dobar uspeh na univerzitetot, imas ucestvuvano vo naucno-istrazuvacka rabota, nagradi od nadprevari i sl. Baraj stipendii na internet ili cepaj direktno ako imas finansiski uslovi.
Aerospace engineers build weapons, civil engineers build targets!
User avatar
ing. Velche Antevski
Падобранец
Падобранец
Posts: 20
Joined: 14 Mar 2007, 21:58
Location: Sofija, Skopje
Contact:

Re: Неколку прашања во врска со авиоинженерство

Post by ing. Velche Antevski »

Spyro wrote:Vaka, prvo da razjasnime nekoj stvari za da ne dojde do zabuna. Jas sum 3ta godina na mashinski fakultet vo Skopje sto bi znachelo zdravje boze dogodina kje stanam diplomiran mashinski inziner. Mene me interesira dali postoi nekoja doobuka ili dali fakultetot sam po sebe me kfalifikuva da rabotam kako avioinziner. Isto ako nekoj e avioinziner (znachi so fakultet, ne mehanichar) ili poznava takov :D kolku e poisplatliva taa rabota vo makedonija od drugive granki na inzinerstvovo.
Aj iskontaktiraj me na "private message" .
Podobro e da si na zemjata i da zalis sto ne si na neboto, odkolku da si na neboto i da zalis sto ne si na zemjata. :)
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest