dragan_mig31 wrote:Не е мое подручје и ја не учестував во изработка на тој сет али мислам дека според муабети авионот го има летано Македонец
И мислам дека господинот се викаше Трајко. Живееше (почина во длабика старост пред 10-тина години) во пензионерскиот дом во Автокоманда и и' беше пациент на мајка ми. Всушност, во пензионерскиот дом во Автокоманда живеаа дваица пилоти кои имаа летано уште за времето на Кралска Југославија, па потоа во партизанските ескадрили на НОВ и на крај во ЈРВ. Едниот завршил кариера како пилот на борбен авион, а другиот на хеликоптер.
Ова треба да се истражи, мислам дека е интересна приказна...