Како навигациски инструменти, покрај компасот, можеме да ги наброиме следниве инструменти:
1.VOR
2.ILS
3.ADF
4.DME
5.GPS
1.VOR (VHF Omni-directional Radio Range) е радио навигациски инструмент на воздухопловите кој работи така што прима VHF радио композитен сигнал од земскиот навигациски систем. Понекогаш земските навигациски системи исто така можат да испраќаат морзеов код со кој се идентификува средството и аудио сигнал. VOR испраќа сигнал кој му овозможува на воздухопловот да ја одреди позицијата во однос на магнетниот беринг од станицата до воздухопловот. Таа права линија се нарекува радијал.
2.ILS (Instrument Landing System) е систем за инструментален прецизен прилаз на воздухопловите. Овој систем овозможува воздухопловите да слетуваат безбедно во сложени метеоролошки услови. Овој систем го сочинуваат две независни средства наречени LOC (Localizer) и Glideslope. LOC овозможува пилотот да го постави авионот во правецот на пистата, а Glideslope овозможува да ја одржува вертикалната брзина на снижување на авионот.
3. ADF (Automatic Direction Finding) е инструмент во авионот кој користи радио сигнали кои ги испуштаат NDB (Non-directional beacon) навигациските средства на земјата. ADF инструментот го детерминира сигналот кој што го испушта NDB-то на земјата и ја покажува неговата насока во однос на движењето на авионот.
4. DME (Distance Measuring Equipment) е опрема во воздухопловот која го покажува растојанието помеѓу воздухопловот и навигациското средство. Овој инструмент го покажува растојанието во наутички милји.
5.GPS (Global Positioning System) е глобален радио–навигациски систем формиран од 24 сателити и нивните Земјини станици. Системот ги користи сателитите како референтни точки за одредување позиции на Земјата, со толеранција на грешка од неколку метри. Всушност, толеранцијата кај напредните ГПС изнесува неколку милиметри. Тоа е всушност електронски исцртана карта која му овозможува на пилотот визуелно да го види правецот на летање на воздухопловот, да ги види навигациските средства, да лета по радијали и така натаму.
Навигациски инструменти кај воздухопловите
- avijacijamk
- Капетан на А380
- Posts: 2476
- Joined: 18 Jul 2006, 13:23
- Location: Skopje, Republic of Macedonia
- Contact:
Навигациски инструменти кај воздухопловите
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
- barbi
- Падобранец
- Posts: 28
- Joined: 25 Mar 2007, 20:22
- Location: skopje
- Contact:
INS-inercijalen sistem za navigacija.-nezavisen,visoko sofisticiran i redko tocen.raboti simultano so GPS.kako princip na rabota go koristi svojstvoto na telata da se sprotistavuvaat so sila pri nivno zabrzuvanje.ako masata na teloto e izvesna,silata se meri na nekoj nacin i se presmetuva zabrzuvanjeto.e sea ako zabrzuvanjeto se integrira po vremeto ,ke ja dobieme brzinata a pak ako pak integrirame ke go dobieme i patot a toa ni treba za da znaeme kaj sme u prostor.ama kako sto pretpostavuvate ke ni trebaat tri akcelerometri za po trite oski u prostor.toa e principot megjutoa INS e mnogu posofisticiran otkolku sto nekoj moze da zamisli(vkljucuvajkime i mene)
- fly_macedonia
- Спортски пилот
- Posts: 373
- Joined: 04 Aug 2006, 19:09
- Location: Скопје, Р. Македонија
- Contact:
Да се надоврзам на barbi...
INS е целосно самостоен систем за навигација и работи без помош на земјени навигациски средства или сателити. Најмногу е користен во военото воздхопловство, но има голема искористеност и во цивилното воздухопловство.
Системот се состои од инерцијална платформа, акцелерометри и компјутер. Платформата е составена од два жироскопи кои го забележуваат движењто на воздухопловот во однос на земјината површината. Акцелерометрите ги мерат брзината и забрзувањето на воздухопловот во сите насоки. Овие податоци се обработуваат во компјутерот за да се добие траекторијата на воздухопловот во однос на дадена површина со дадена почетна позиција. Компјутерот, исто така ја поправа траекторијата во однос на други фактори како што се ротацијата на Земјата, ветерот итн. Системот јавува грешка во должина од 1nm до 2nm на секој изминат час, но податоците можат да се освежат со помош на земјени навигациски средства или сателити во текот на летот. Ако системот е поврзан со командите и инструментите на воздухопловот тогаш може да дејствува како flight director или автоматски пилот.

Зачленете се на VATSIM
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 0 guests