Стјуардесата Бетси Јуен (26) вели дека ја суди компанијата поради небрежност и зашто поради претесните сандали морала да направи операција на стапалата. "Не можам да трчам или да пешачам на подолги патеки зашто ме болат стапалата", тврди Јуен.
Сингапурската авиокомпанија засега не дава коментар за случајот, но Јуен не е првата која се жали на обувките на Сингапур. По урнувањето на авион на оваа компанија минатата гоидна, неколку стјуардеси се пожалиле дека нивните сандали им паднале кога се случила несереќата.







