ОБУКА ЗА ПРОФЕСИИ ВО ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

За сите оние кои не се плашат да ги извалкаат рацете и облеката.
For those who are not afraid to get messy clothes and hands.
Post Reply
User avatar
blagoja
Падобранец
Падобранец
Posts: 7
Joined: 04 Jul 2011, 12:20
Contact:

ОБУКА ЗА ПРОФЕСИИ ВО ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

Post by blagoja »

Ова го објавувам во неколку теми (topics) на форумов бидејќи има работи кои не влегуваат во ниедна од темите на форумов.
Заинтересиран сум за обука на персонал од неколку области на цивилното воздухопловство:
- кабински персонал (стјуарди и стјуардеси)
- персонал за одржување на воздухоплови (двете категории за авиомеханичари)
- АИС персонал
(подготовка и издавање на водухопловни информации,карти, публикации и процедури на летање)
- МЕТ персонал
(метероолошко обезбедување на воздушен сообраќај)
- FMP персонал
(регулирање на проток на сообраќај)
- персонал за прифаќање и испраќање на воздухоплови, патници, багаж, стока и пошта
- персонал за контрола на летање
- персонал за обезбедување од дејствија на незаконско постапување

Дали можете да ми дадете било какви информации за центрите за обука (контакт, времетраење и цена на обуката, акредитираност надвор од Македонија, полагање на FEAST тест во и надвор од Македонија за лица над 25 години итн.) Пред се заинтересиран сум за македонските центри за обука, но доколку нема такви во државата, може да ми посочите центри надвор од Македонија.

Од македонските организации, ја знам само М-НАВ (M-NAV).Знам дека се занимаваат со контрола на летови, ама не знам дали даваат обука за контрола на летање или било каква друга обука за некоја од професииве сто ги напишав.
- Дали нудат некаква обука и која им е процедурата за запишување?

Од странските организации, ги знам EUROCONTROL и IANS.

- Дали EUROCONTROL вршат обука за некоја од другиве професии што ги напишав погоре и како оди процедурата за запишување?
Знам дека имаат напредна обука за FMP персонал (регулирање на проток на сообраќај). За други обуки не знам дали имаат.

- Истиве работи ме интересираат и за IANS? Дали нудат некаква обука и која им е процедурата за запишување?
Единствено што знам за IANS е дека имаат напредна обука за FMP персонал (регулирање на проток на сообраќај).

Нов сум на форумов и сега се запознавам со авијацијата, така да не се разбирам во кратенки на термини од авијација. Објаснувајте која кратенка што значи за да можам подобро да ве разберам.
Побарајте ме или на форумов или на:
02-2450-439 (фиксен телефон)
071-306-519 (мобилен телефон)
skype: blagojamihajlovski


П О З Д Р А В
User avatar
zafiro301
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 1171
Joined: 13 Mar 2007, 20:50
Contact:

Re: ОБУКА ЗА ПРОФЕСИИ ВО ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

Post by zafiro301 »

http://www.sofiaflighttraining.com/?lang=en" onclick="window.open(this.href);return false;
Aerospace engineers build weapons, civil engineers build targets!
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest