Стево Стефановски, пилот на "Боинг 777"
- jasmina
- Падобранец
- Posts: 17
- Joined: 25 Aug 2006, 10:25
- Location: skopje
- Contact:
Стево Стефановски, пилот на "Боинг 777"
СТЕВО СТЕФАНОВСКИ, ПИЛОТ НА "БОИНГ 777" НА "СИНГАПУР ЕРЛАЈНС" И АВИОМЕНАЏЕР
Основал три кралски компании
ПРЕКУ ПИЛОТИРАЊЕ ЗА ЈАТ И НЕКОЛКУГОДИШНА РАБОТА ВО МАТ, СТЕВО СТЕФАНОВСКИ ДЕНЕС Е ПИЛОТ НА ПРЕКУОКЕАНСКИ ЛЕТОВИ НА "СИНГАПУР ЕРЛАЈНС" И ЧОВЕК КОЈ ЗА КРАЛЕВИТЕ НА ТОНГА И ЗАПАДНА САМОА, НО И ЗА ФИЛИПИНСКАТА И КАМБОЏАНСКАТА НАЦИОНАЛНА КОМПАНИЈА ОБЕЗБЕДИЛ АВИОНИ И ПОМОГНАЛ ВО ОСНОВАЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ СОПРУГАТА КОЈА ДОДЕКА СТЕВО ЛЕТАЛ ЗА ЈАТ И МАТ БИЛА КОНТРОЛОР НА ЛЕТАЊЕ СЕГА Е СОПСТВЕНИК НА ПРОДАВНИЦА ЗА ОПРЕМУВАЊЕ "КРАЛСКИ" АПАРТМАНИ И ЈАХТИ И БИЗНИСОТ И` ОДИ ОДЛИЧНО
Битолчанецот Стево Стефановски се наоѓа на врвот на светската брокерска куќа во Њујорк, преку која може во секое време на која било земја во светот да и основа авиокомпанија. За да стигне до такво место кај авионските брокерски куќи ни малку не е лесно, а патот дотаму за Стево изгледал вака. По доаѓањето од село Агларци во Битола со успех во 1969 година ја завршил вишата техничка школа, веднаш потоа почнал да лета со едрилица. Во 1971 година е веќе пилот на "аеро-3" авионот и заминува за Вршац на доусовршување на пилотскиот занает. Со завршувањето на Јатовата пилотска школа во 1975 година е пилот во јатовото јато на авионот "ДЦ-9", а по две години го лета и својот прв прекуокеанска лет на релација Белград - Сиднеј со "боинг 707".
Напоредно со летањето напредува и со другите функции кои одат заедно до пилотирањето, а за тоа време Стево вели: "Голема беше радоста кај мене што летав на прекуокеански релации, бидејќи да се управува со "боинг" е сон на секој пилот. По стивнувањето на страстите од раководството на ЈАТ бев предложен за сојузен инспектор за летање во тогашна Југославија и инструктор за школување пилоти. Со ваков одличен статус во ЈАТ останал се до распаѓањето на Југославија, а во тој период Стево се жени со Лидија, битолчанка која е контролор на летање и со неа ги добива двата сина Стефан и Филип и ќерката Ема. Семејната пилотска идила е надополнета и со таткото на Лидија, Петре кој е исто така контролор на летање. Во овој период како пилот имал можност да го приземјуваат сопругата и дедото, а Стево во шега вели:
Кога те приземјуваат жена и дедо
"Многупати ме приземјувале сопругата и дедото, но потешко ми одеше со сопругата. Шегите околу стујардесите и капетаните ги знаеше и таа и на неколупати беше "прелагана" од своите колеги од Загреб или Скопје кои знаеја дека сме во брак со такви шеги, а со дедото ми одеше полесно. Во тоа време беше криза за кафе, а јас за полесно да се приземјам кога Петре беше контролор морав да дадам поткуп, односно кафе. По првиот контакт ќе речев дека кафето пристигнува од тој и тој светски фришоп и слетувањето беше без проблем. Дедото како голем љубител на кафе не можеше да одолее на познатите светски марки на кафе". По распаѓањето на државата како и сите пилоти Стево заминува да вози за кралската компанија на Мароко на авион "боинг 737". Периодот од две години од 1991 до 1993 година брзо поминува и по добивање на поканата за работа во МАТ без размислување се враќа во Македонија. Тука лета се до 1996 година кога повторно решава да замине од Македонија бидејќи неговото знаење, искуство и, секако, познавање на сите светски аеродроми не може да го искористи во ваква мала компанија како МАТ. Во 1996 година заминува за Нов Зеланд и оттаму како искусен пилот покрај тоа што пилотира го почнува својот нов предизвик, а тоа е основање авиокомпании. Првата компанија за која помогнал да се основа е Филипинска национална авоикомпанија за која набавил 6 авиони. Во Нов Зеланд останал до 1999 година.
Навлегувајќи во новиот бизнис почнува да основа авиокомпании и за други земји, а прва на неговиот список е државата Тонга, која се наоѓа на Пацификот и има 108.000 жители. За кралот на Тонга основал авиокомпанија со три авиони. За новото искуство Стево се присетува: "На покана на кралот на Тонга, мала држава близу Хаваи, пристигнав во кралската палата и дојде првото изненадување. Луѓето кои живеат таму се најкрупните луѓе во светот и за нив мораше да се прават нови седишта во авионите, а за кралот како најкрупен се направи и нова кралска кабина со посебни потреби, но се беше приспособено кон нивната големина. Тонганците, иако се големи, тие се пријатни луѓе со добра душа, а таков е и кралот кој раководи заедно со својот син. На неколкуте кралски вечери ја договоривме работата. Во период од една година јас за кралот ја основав кралската компанија и од САД сам ги донесов трите "боинзи" и му ги предадов, од што сите бевме задоволни.
По добро извршената задача Стево добро котира и во Њујорк каде се брокерските работници, кои му доделуваат и други земји да им основа авиокомпании. Следна земја е Камбоџа, каде по заповед на кралот Нородом Сиханог, за два месеци му набавил три "боинзи". Потоа на ред е новоформираната авиокомпанија на Западна Самоа за која покрај донесувањето на "боинзите" од САД врши обука и на пилотите и другиот персонал. За контактите со тамошните кралеви тој вели: "Кралевите се големи луѓе, а тоа се гледа уште при првиот контакт со нив. Многу се бистри и во секој момент знаат што сакаат и до која цена можат да одат. Бизнисот со нив тешко се прави, но по ставањето на кралскиот потпис на договорот нема отстапки. Сега нашиот сограѓанин е со постојан престој во Австралија, во градот Бризбејн, седумстотини километри оддалечен од Сиднеј. Таму му е семејството, а неговите синови со успех ќе ја завршат Академијата за пилоти. Додека помалиот син Филип не размислува каде ќе ја почне кариерата, Стефан веќе е подготвен за неговиот прв професионален ангажман.
И синот по стапките на таткото
"Мора мојата прва авиокомпанија за која ќе летам да биде македонска. Многу ја сакам Македонија, а во Битола најдобро се чувствувам и тука ми е најубаво. По неколку месеци ќе ја добијам дозволата и се враќам тука, да летам", ни рече со решителен глас.
Стево сега лета на најновиот "боинг 777" кој може да лета без застанување и до најоддалечните места во светот, на Сингапурската национална компанија. Иако сум со постојан престој во Австралија, во Бризбејн јас сум можеби единствениот кој не живее во Сингапур, а лета за нив. Тоа е таков договор кој поради моето дебело портфолио ми е дозволено. Сега летам на интерконтинентални летови со мој екипаж од 18 луѓе, копилот, стјуардеси и друг персонал, вели Стево.
Неговата сопруга сега е надвор од авионскиот бизнис и сега е во трговија. Лидија е сопственик на продавница за опремување "кралски" апартмани и јахти. Тоа е несекојдневен бизнис кој е на цена во светот, а како што вели Стево, почести муштерии се најпознатите "фаци" од Австралија и од светот, а бидејќи Бризбејн е град на светскиот џет-сет и затоа смета дека бизнисот на Лидија ќе оди напред. "Бризбејн е моментално град кој по својот луксуз е седиште на светскиот џет-сет и, секако, нам ни е пријатно да живееме во таков град. Бризбејн е град кој е изграден според најновите модерни текови на архитектурата, а самото тоа што поголемиот дел е на вода му дава посебен шарм. Тука луксузот е насекаде, а нема куќа без сопствена јахта со исклучок на нашата куќа пред која за брзо време ќе паркирам хидроавион. Нашето семејство е пилотско и би било глупаво сега да се префрлуваме на поморско, во шега го завршува разговорот Стево.
Вечер
- canadianexpat
- Падобранец
- Posts: 75
- Joined: 12 Nov 2006, 17:28
- Location: was YYZ now BDL next who knows
- Contact:
- avijacijamk
- Капетан на А380
- Posts: 2476
- Joined: 18 Jul 2006, 13:23
- Location: Skopje, Republic of Macedonia
- Contact:
- Falcon
- Капетан на B747
- Posts: 826
- Joined: 06 Mar 2008, 19:59
- Location: Macedonia
- Contact:
- canadianexpat
- Падобранец
- Posts: 75
- Joined: 12 Nov 2006, 17:28
- Location: was YYZ now BDL next who knows
- Contact:
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 0 guests