Zoran MAF wrote:
Браво
Како човек кој идел по ливници , по моја логика со што ке споиш два , три ...Х елементи и која сила е тоа.
Македон е машинец па и нај компетентен да каже може или не?
Зоки сега видов дека сте ме спомнале.
Благодарам на комплиментот друже. Сум бил по секакви леарници низ Европава и најчесто одам по леарници за мали и средни габарити. Но бев и во две леарници со огромни габарити каде дел од работата им е за бродски одлеаноци, но и за индустрија и железница. Едната Zaklady metalurgiczne pomet s.a во Познањ за челични одлеаноци, а другата OSSAM во Ловеч, Бугарија за нодуларни одлеаноци.
Кога ќе влезеш во такво нешто сфаќаш колку си мал во просторот.
Како и да е, да не должам. Блоковите на бродските мотори се прават како моноблок од еден одлеанок, што и не е така тешко, само се е на мускули. Кофите за сипување, печките, самите калапи и тн. и тн.
Како и да е, во светов нема многу леарници кои можат да одлијат вакви одлеаноци, поготово како овој на сликава.
Потешка работа е коленестото вратило или радилица, кој како милува. Радилицата како овој мотор на сликава се изработува од одлеанок во неколку сегменти, а доколку се работи за помал бродски мотор од овој, најчесто се прави од отковак.
Отковакот има свои предности во однос на одлеаноците заради немање на порозност, поголема ударна жилавост и тн и тн. Но и мани заради ограниченоста на геометријата, пукнатини и тн и тн.
Останатиот дел од ова што гледате на сликава, се прави од плочи и форми на метал со различни дебелини и се затега со навртки, завртки и заптивни прстени или се заварува каде истото е можно.
Доколку треба појаснување, стојам на располагање.