БЕЗБЕДНОСТ

За љубителите на лесните авиони,падобранството,едрилиците и ултралесните летала.
For the fans of the light aircraft, paragliders, private flying and sailplanes.
User avatar
Mad Scientist
On the mike at 120.3
On the mike at 120.3
Posts: 773
Joined: 05 Oct 2006, 18:42
Contact:

Post by Mad Scientist »

Сакам да изразам благодарност до парглајдеристите кои вчера во правец на писта си ги луфтираа чаршавите па со колегата моравме цел ден да им одговараме на пилотите на прашања на кои не знаеме одговор: дали ќе летаат?, до која висина?, а што ако ми влета во правец на полетување? Се што можевме да направиме е беспомошно да дремеме со двоглед околу врат и да викаме: „Сега е на земја, брзо Cleared for take-off“. Секогаш во живот сум одговарал за своите постапки ама кога треба да се срамам поради други тоа ме иритира. Секоја чест колеги воздухопловци, продолжете да креирате нови кадри со ваши „професионални“ навики.
[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]

Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

Исто и јас имав пред неколку недели една слична ситуација. Полетав со авион од Битола и требаше над крушево да летам и да си се вратам во Битола. Најавив лет како треба се регулар до Контрола на летање и не добив никакво инфо дека има некои активности по веќе одобрената рута од Контролата на лет. Кога дојдов некаде над мечкин камен видов три змаја на старт и коа се разјапав да не има некој во воздух видов уште четири змаја кои се на иста виса и во мојот правец на лет. Јавив на контрола и ми рекоа дека немаат никакви информации за тоа. Чудно ми е како може да има толку змаеви во воздух и тоа бев сигурен дека не македонци јер ние имаме два - три активни змајари во цела Македонија и дечките ги знам дека се одговорни и јавуваат на Контрола. Ме занима само зошто не се обавестува инспекторот (да не го именувам тука) од страна на контролата на летање после добиена информација дека летаат змаеви од страна на некој пилот кој легално и уредно си го најавил летот. Дали тоа значи дека јас треба да одам до Контрола на лет и да пуштам пријава па да чекам инспекторите да покренат постапка против идиоти која ќе трае неколку месеци (ако ги фатат нели) или треба да чекаме да се спичи некој авион во некој змај или параглајдер па да почне да се размислува и на тоа поле?
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
vladen1979
Падобранец
Падобранец
Posts: 90
Joined: 20 Nov 2006, 14:23
Contact:

Post by vladen1979 »

Што се однесува до поплаките од ЛудНаучник за ненајавени активности во најстрогата аеродромска зона (во 5 нм), апсолутно се сложувам дека мора да постои најава па макар и да се лета до висина на терен.
Тој терен како што беше нагласено во претходните пораки е единственото место за обука и мора сите кои го користат да се однесуваат крајно дисциплинирано.

Наредно сакам да се оградам од прекршување на воздухопловните правила, зошто не сакам мојава порака да биде сватена како анархизам, напротив јас сум за РЕД!

Според картите до кои јас имам пристап цела територија на Македонија (освен LWSK i LWOH) спаѓа во Воздушен простор Класа Ц и Класа Д, од 1000фт (300м) па нагоре. Што значи дека секој кој планира да лета над 300м од терен МОРА да се јави во контрола на летање.

Интересно е да се погледне воздушниот простор на Германија и да се види на колку % од територијата може да се лета СЛОБОДНО, без најава на контрола! Во моја слободна проценка тоа е 70-80% од територијата на Германија од терен до 10000фт(3000м).

Параглајдерство и змајарство спаѓа во Vol Libre или Free Flying и доколку не се пресекуваат дефинирани воздушни зони нема потреба од најава. И верувајте од искуство на летање во повеќе од 13 земји за последниве 12 години можам да ви гарантирам СО ГЛАВА дека тоа е навистина така.
А тоа е така затоа што никој, ама баш никој не може да те сопре да се фрлиш од планина, при што ќе те зафати некоја термика и ќе те однесе на 2000м или небитно важно повеќе од 300м од терен.
Ни огромна администрација, како во нашава држава, не може да ги најде сите будали што си купиле крило на ebay и решиле да се пробаат.

Знам дека има иницијатива од АЦВП за правење на карти каде ќе бидат внесени зоните на активност, и знам дека до ВФМ веќе се доставени такви зони на активност на параглајдери.

За жал поради недостиг на слободно време не сум во можност да направам компилација на регулаторни документи од Европа, Америка и Австралија, се надевам дека во наредните месеци ќе успеам во тоа. Идеата е да се либерализира воздушниот простор, што ќе придонесе за безбедноста на сите вклучени во воздухопловниот сообраќај!

Сите мора да запамтиме дека небото е на сите, или ако повеќе така милувате е НИЧИВО!

Ве разбирам дека можеби ви е полесно на душичката да си летате кај ќе ви ќефне и да се радувате затоа што спортското летање во Македонија пропадна максимално па со 5 воздухоплови вкупно можете да се опуштите ако се јавите во контрола но да не се опуштаме премногу и да ги градиме нашите односи и основни пилотски сетила како утре да ќе имаме 200 спортски воздухоплови (ова за тврда конструкција зборам).
Во моментов во Македонија можам да ви гарантирам дека за викенд при поволни метео услови во воздух има помеѓу 30-50 слободни летачи, параглајдеристи и змајари!

А за АЦВП...да не ни почнувам, се сложувам со се што е кажано и можам да потврдам дека е 100 пати полошо...

Плави неба
В.
Не е небото граница, земјата е!
User avatar
Mad Scientist
On the mike at 120.3
On the mike at 120.3
Posts: 773
Joined: 05 Oct 2006, 18:42
Contact:

Post by Mad Scientist »

1. Сето ова се случуваше во сред контролна зона на left base rwy16 во услови на јужен ветер.
2. Во Германија од прва рака ви давам информација дека и покрај таквата либерализација СИТЕ се јавуваат во контрола заради своја безбедност.

Неконтролиран воздушен простор (класа Г кај нас) сеуште има Flight information service овозможен од контрола на летање, употребете го! Како што можете вие да летате ненајавени така може и секој друг. Не се уздајте во очите, вчера колега имаше три VFR авиони во радиус од 3 км кои не можеа да се видат меѓу себе додека колегата не ги нареди еден позади друг. Фактори како сонце ниско на хоризонт, рефракција, дефракција и сл. придонесуваат кон тоа.

Наместо заклучок: Како би се чувствувале да ви влета хеликоптер во сред зона за летање и да ве, во најмала рака, извади од памет; дали е подобро тоа или да добие информација од контрола па да заобиколи?
[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]

Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
User avatar
vladen1979
Падобранец
Падобранец
Posts: 90
Joined: 20 Nov 2006, 14:23
Contact:

information overload?!

Post by vladen1979 »

За Ајватовци се изјаснив и мислам дека се разбираме!
Мора да се пријавува активност без исклучок и таа активност мора да е строго ограничена до висина на терен.

За Германија сум летал јужно од Минхен, над Тегернсее, Валдберг и гарантирам дека параглајдери и змајари НЕ СЕ НАЈАВУВААТ НА КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ! Австрија, Италија, Франција, Швајцарија исто така!

И таму на една планина имате, параглајдери, змаеви, едрилици и сите во една термика летаат! Моторците го знаат тоа и најчесто се повисоко или ако мора да поминат летаат над помалку термички активните места, место по срт над долина и сл.

Не ја сваќам поентата зошто би сакале вие како АТЦ да имате information overload?!?!

Ако се јавам и ви кажам ќе летам Водно-Табахон-Крушево-Пелистер од 12-18часот и во 15часот полетува хеликоптер, што ќе му кажете?!
1. Не можете да комуницирате со мене,
2. не можете да ме видите на радар...
3. знаете маршрута врз пола територија на МКД и?!
А што не сум само јас?!
Скопје, Велес, Штип, Кочани, Валандово, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Крушево, Битола, Галичица, Струга, Гостивар, Попова шапка итн итн во сите тие места има активни слободни летачи!

Значи поентата ми е, ако се знае дека на ПРИЈАВЕНИТЕ зони може да се очекуваат активности на параглајдери, тогаш хеликоптерот има опција да одбере од кај ќе помине!
А ако мора да помине низ зона на активности тогаш секако ќе мора да ги отвори двете-четири!

За мене е подеднакво вредна:
1. Информацијата од АТЦ или
2. информацијата од карта за зона на активности, на која се надевам ги планираат летовите

Значи точно е дека засега според правилата кои важат кај нас МОРА да се јавува на АТЦ затоа што никој од нас не останува во Г класа, туку редовно се излегува над 300м на терен!

Но каде не води сето тоа?!
Може ли да се надгледува? НЕ!
Ретките пријавени прекршоци не се санкционираат!!!
И на крај испаѓа дека ние само на ХАРТИЈА имаме контрола и безбедност во воздушниот сообраќај!

Затоа предлагам да се донесе МОДЕЛ кој би бил РЕАЛЕН и кој би донел придобивки за сите:
1. Безбедност во ГА
2. Мир на контролорите
3. Задоволство кај сите страни

Плави неба
В.
Не е небото граница, земјата е!
User avatar
Mad Scientist
On the mike at 120.3
On the mike at 120.3
Posts: 773
Joined: 05 Oct 2006, 18:42
Contact:

Post by Mad Scientist »

Пример: Полициски хеликоптер се враќа од Гостивар, ние му кажуваме дека има параглајдери на јужна падина на Водно а он вели добро, ќе одам северно од Скопје или ќе качи 8000 фити и се е решено.
Ние не сме одговорни да ве раздвојуваме, како што веќе напоменав најмногу што можеме да направиме е да дадеме информација. На крајот од денот, ваша кожа е во прашање. Вчера два воени злинови во формација во лев круг за 16 поминаа на 100 метри од дечкиве и тоа воопшто не е угодно.
[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]

Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
User avatar
(Z)Grozen
Air traffic controller@LWSK-TWR
Air traffic controller@LWSK-TWR
Posts: 48
Joined: 19 Feb 2007, 00:53
Contact:

Post by (Z)Grozen »

Во врска со темава одамна и јас имав отворено тема , http://forum.avijacija.com.mk/viewtopic.php?t=2856

Заклучок мој е дека нема никаков напредок!!
Следен пат пријава до инспектор во АЦВ.
Толку
User avatar
Mad Scientist
On the mike at 120.3
On the mike at 120.3
Posts: 773
Joined: 05 Oct 2006, 18:42
Contact:

Post by Mad Scientist »

Завчера пак ги луфтираа чаршавите. БРАВО
[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]

Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
User avatar
avijacijamk
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 2476
Joined: 18 Jul 2006, 13:23
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Post by avijacijamk »

Едноставно е другар, пријава до инспекторот кој ви е на вас контролорите добро познат и ај со здравје... Вака вие излага дека дозволувате да луфтираат чаршави ненајавено. Не дај боже да се деси некој инцидент или пак уште полошо. Можеби тогаш би се решиле некој работи.
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
User avatar
Miksi
Едриличар
Едриличар
Posts: 253
Joined: 13 Jul 2007, 08:22
Location: Skopje
Contact:

Post by Miksi »

Инспекторе инспекторе.... овде има едни со чаршафи ги луфтираат брзо да ги казниш :twisted:
User avatar
MaKoM
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4639
Joined: 04 Aug 2006, 19:07
Location: Strumica R. Makedonija
Contact:

Post by MaKoM »

Еден со чаршав од БТ се искршил на Крушево...донесен во СК , супер е има скршеници ама во добра состоја. Сите ве поздравува.
...shoveling shits up the hill...
User avatar
Miksi
Едриличар
Едриличар
Posts: 253
Joined: 13 Jul 2007, 08:22
Location: Skopje
Contact:

Re: БЕЗБЕДНОСТ

Post by Miksi »

Во саботата во реон на Крушево имав close encounter со ненајавени параглајдеристи. Среќа што некако ги очекував дека ќе ги има...
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 9218
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: БЕЗБЕДНОСТ

Post by Bobo »

AirTractor vs Human Хаха.Море коа не се јавуваат кој им е крив..!
User avatar
Miksi
Едриличар
Едриличар
Posts: 253
Joined: 13 Jul 2007, 08:22
Location: Skopje
Contact:

Re: БЕЗБЕДНОСТ

Post by Miksi »

cessna vs human
Bobo
Капетан на Bell 412
Капетан на Bell 412
Posts: 9218
Joined: 26 Oct 2007, 21:16
Contact:

Re: БЕЗБЕДНОСТ

Post by Bobo »

Miksi wrote:cessna vs human
Aaa..Не е страшно тогаш :D
User avatar
EDRILICAR
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 806
Joined: 24 Jan 2007, 15:56
Location: Skopje, Republic of Macedonia
Contact:

Re: БЕЗБЕДНОСТ

Post by EDRILICAR »

Toa e loso kaj(divi) glajderisti sto ne se najavuvaat na kontrola barem telefonski kako sto go pravat ostanatite
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: Bing [Bot] and 2 guests