brynner wrote:Не ни треба иднината да ни ја одредува некој што уште живее со идејата за обединета Македонија(?!)
Ова е најжалосното што сум го прочитал на оваа тема. Озбилно. Оставајќи ја романтиката на страна како што велиш, идејата за обединета Македонија не треба никогаш да згасне. Зарем твоите предци ја заборавија идејата за независна Македонија, 490 години после турско робство?? Еве можеби ти живееш во денешна слободна Вардарска Македонија, а што се случува со народот што е деградиран и без права во денешни држави грција и бугарија? Поминати се само 100 години од нивното владеење врз нашите луѓе, зарем веќе според тебе работата е завршена?? Не ми делуваш за непаметен, па верувам дека прилично барем ја знаеш историјата на балканот. Све се повторува. Македонија била и ќе биде окупирана, и ќе се бори за слобода. Ќе се бори за слобода се додека остане тој дух и таа желба за слободна независна македонија.
Нема никогаш да сватам, се жалите ваква била таква била државата, ама ај нека биде што биде, зарем јас да се борам за својата земја???? Некој друг ќе ја среди работата! Можеби нашите "пријатели" на западот? Сите, посебно членовите на форумов знаат само колку пријателски ни се покажа западот во време на најголемата македонска криза од 1990та до сега.
За тоа околу инвестициите, велиш да не бидам наивен. Зошто мислите дека сум наивен? Јас не реков дека цициите на слепо би фрлале пари во македонија. Па треба да сум ептен глупав да мислам такво нешто. Јас велам дека ако некој е вистински циција, или таканаречен евреин (ако не знаевте, вистинскит евреи се најголемите бизнисмени во светот) тогаш тој повеќе од сите ќе го има стремежот да се запознае со случувањата во една земја (пример македонија) и потоа да инвестира на соодветен начин. Е штом носи пари, според некои, тогаш може да гласа.
И мислам дека не е соодветно да се направи reality check пошто пак се враќате на темата дека е важно за кого ќе гласаат. Според тој reality check сакаш да ми докажеш дека дијаспората е глупава и дека ќе гласа за вмро или подобро кажано една националистичка партија (не мора да е вмро баш). Јас ти велам дека ако причината за негласаењето на дијаспората е пошто ќе гласаат на тој начин, тогаш пак аргументот не ти држи вода. Не е твоја нити ничија работа кој за кого ќе гласа и на која база. Дали е запознаен или не. Што мислиш ти, дека сите граѓани на македонија што гласаат се запознаени со вистината и случувањата и партиите за кои гласаат? Ако беше така, никој во мк немаше да плука против својата партија, а тоа се случува нон стоп!!
ПС
Мислам дека дискусијава е важна, така да не ги земајте работиве лично, чиста дискусија се води.