Клуб за пластично макетарство-мала анкета

За љубителите со дебели нерви и креативност во обликувањето на овие прекрасни модели.
For the creative fans with patience who build these magnificent models.

Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby dragan_mig31 » 10 Apr 2012, 14:50

Почитувано членство
Во соработка со две македонски компании на мисла сме да се отвори клуб на пластични макетари во кои ќе се соберат сите заинтересирани ентузијасти и вљубеници во минијатурата и одредени области ки ги обработува нашиот форум (во случајов важи за Скопје, а во иднина би се отвориле подружници во останатите градови каде би имало соодветен интерес). Клубот би овозможил простор, надгледни средства, алат и сите неопходни потребштини за оние кои се интересираат да го практикуваат и развиваат ова хоби. Во клубот би биле вклучени сите заинтересирани од облатите: воздухопловство (воено и цивилно); сувоземен сообраќај – автомобилски, железнички; градежни машини и сл. (воен и цивилен); воден и подводен сообраќај (воен и цивилен); вселенска техника (воена и цивилна); архитектура (воена и цивилна); СФ макетарство; вињети и се останато што би можела човечката имагинација да изработи во минијатура односно соодветна размера. Оваа анкета е со цел да се согледа вистинската состојба во Македонија и созреаноста на општеството – во случајов членството во поглед на областите во кои Македонија значително заостанува. Во контекст на тоа пожелни се сугестии, забелешки, согледувања и слично, како на пример – Колкава да биде месечната членарина? Колку часови дневно или неделно би биле доволни и колку вие можете да издвоите за ова хоби, земајќи го предвид динамичното живеење и цената односно трошоците што ги побарува ова хоби? Кој дел од денот би бил најнеопходен односно во кој термин имате најслободно време и дали би го посетувале клубот во тој термин? Дали почесто би го практукувале ова хоби дома, или доколку има ваква институција во која како нејзин член поефикасно би го користеле времето и просторот? Дали би посетувале курс за почетно и напредно макетарство доколку како услуга ги нуди клубот и колкава според вас би требала да биде месечната цена за тоа? Која област на пластично макетарство од погоренаведените е ваша пасија и во која друга би се вклучиле доколку ги има како насоки во клубот? и.т.н, и.т.н!
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 23135
Joined: 04 Aug 2006, 13:01
Location: Југославија

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby apaskalmmx » 11 Apr 2012, 03:58

Многу убаво звучи за да биди реално, како и да е барем да се обидеме да ја направиме анализата.

Ова е сериозен проект кој треба да се гледа од различни преспективи:
Правна:
Како е замислен овој клуб да функционира, здружение на граѓани или како приватен клуб?

Финансиска:
Една од најбитните преспективи за опстанок на клубот се секако финансиите.
Доколку е здружение на граѓани кои сами ќе се финансираат можам слободно да кажам дека е осудено на пропаст, плаќање на чланарина и бркање на спонзори некако ми е докажано неуспешна формула. Ако немаш некој буџет не можеш да релизираш ни најмал проект.
Клубот не смее да се заснова на двајца или тројца ентузијасти кои го сакаат ова хоби и го вложуваат своето слободно време, не велам дека не треба да има ентузијасти но тоа мора да биди поткрепено со некоја финансиска компонета се со цел тие ентузијасти да не ги изгубиме.
Доколку е приватен клуб тогаш се е поинаку, сопственикот вложува одреден капитал и креира поизводи/услуги кои понатаму ги продава и од тоа остварува матерјалана корист.

Техничка:
Како и секоја работа така и ова бара одредено техничко предзнаење на работата, ако сакаш да научиш да играш фудбал мора да има некој што знае да игра па да те научи. Ако зборуваме за макетарство/моделарство можам да кажам дека имаме доволно членови на форумот кои се искусни во она што го работат, прашањето е колку од нив сакаат да полагаат за наставници и понатаму да можат своето знаење да го пренесуваат преку некој курсови и тренинзи. За макетарство незнам, но за моделарство знам дека секој наставник мора да полага технички дел и методика или како да се викаше.

Едукативна:
Покрај сите работи да не заборавиме дека клубот е место каде што се собираат млади челнови и тука учат многу повеќе работи покрај играат и забавата во ова хоби. Едноставно кажано средината диктира темпо и натпревар помеѓу младите и за научните области и за подобро изработен модел. Тука е местото каде што се осудуваат слабите отценки на училиште и слично(да не должам ме рабирате).

Придобивки да членуваш во еден ваков клуб:
Простор за работа - сите знаеме дека ако сакаш да работиш со ова хоби мора да имаш простор за работа, значи просторија која можиш да ја валкаш кога сака и да чистиш кога сакаш - работилница. Без ваков простор кој е специално за работа на хобите е многу тешко да се работи.
Алат - без алат ништо не можеш да направиш, клубот нуди одредени алати кои не можиш сам да си дозволиш да купи или ако можиш е финансиски неисплатливо.
Знаење - Секогаш во клубот има некој кој може да ти помогне да го решиш проблемот на моделот.

Имам своја работилница каде што работам па еве како изгледаат мојте одоговри на она што прашува Драган:

Колку често би го посетувале клубот - не повеќе од 3 пати неделно
Термини во текот на денот/неделата - обично работам поручек во работни денови а сабота и недела и од сабајле.
Која би била чланарината - многу е битно што клубот нуди како услуга а после тоа која е цената за таа услуга.

Пример - правам носач за моторот на модел и ми треба парче шперплоча во форма на квадрат со димензија од 5 сантими, јас за ова парче морам да купам цела табла 2400mm X 1200mm, таму да ми ја исечат на парчиниа помали за да можам со кола да ја пренесам до работилница и псоле тоа да вадам парче мало, остатокот од табалата што не сум го употребил ќе се искрива и е неупотребливо доколку не го чувам по пропис. (нели е сложено! )

Пример - моделите имаат чудна особина да паѓаат и да се кршат па потербно е да имаш резервни делови цело време на лагер и тоа не ефтино, ако сакаш да леташ активно во сезоната мораш да накупиш резервни делови кои одат во пакување по 10 или 20 парчина а ти како резерва сакаш да имаш 2. Обично ситници кои коштаат 1-2 долари ако ги немаш ќе мора да чекаш и 3 недели за да стигнат од Кина.
Предпоставувам дека ме разбирате сите, дадов пример од моделарство бидејки незнам кои се проблемите кај макетарството.

Уште еден пример - јас сакам моделот да го изфарбам и да научам нешто за таа техника, за да купам опрема за фарбање за 1-2 модели во годината ми е преголема инвестиција и немам простор кај да работам со боја, ако во клубот има опрема за фарбање и на тоа некој да ми одржи курс како да работам не гледам зошто не би платил да си го изфарбам моделот за поефтино во клубот.

Ако клубот има знаење, матерјал на лагер, резервни делови и алат тогаш се формира една целина која е поефтино да членувањ во таков клуб од колку да работиш сам.

Од вакви причини ни пропаднаја сите моделарски работилници/секции по аероклубовите низ Македонија, нема матерјал за работа, се што се купува се купува на мало и е скапо од странство, нема наставници и слично.

Сега за сега е доволно ...

Поздрав
Паскал
apaskalmmx
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 151
Joined: 15 Jun 2010, 09:56

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby firefox » 11 Apr 2012, 16:38

apaskalmmx wrote:Ова е сериозен проект кој треба да се гледа од различни преспективи:
Правна:
Како е замислен овој клуб да функционира, здружение на граѓани или како приватен клуб?


Клубот би функционирал како приватен клуб (подружница на фирма) - нешто слично како школите за странски јазици, во сопственост на една од двете фирми. Втората фирма исто така ќе отвара клуб ама од друга техничка област.

apaskalmmx wrote:Финансиска:
Една од најбитните преспективи за опстанок на клубот се секако финансиите.
Доколку е здружение на граѓани кои сами ќе се финансираат можам слободно да кажам дека е осудено на пропаст, плаќање на чланарина и бркање на спонзори некако ми е докажано неуспешна формула. Ако немаш некој буџет не можеш да релизираш ни најмал проект.
Клубот не смее да се заснова на двајца или тројца ентузијасти кои го сакаат ова хоби и го вложуваат своето слободно време, не велам дека не треба да има ентузијасти но тоа мора да биди поткрепено со некоја финансиска компонета се со цел тие ентузијасти да не ги изгубиме.
Доколку е приватен клуб тогаш се е поинаку, сопственикот вложува одреден капитал и креира поизводи/услуги кои понатаму ги продава и од тоа остварува матерјалана корист.


Штом е приватен клуб финансирањето ќе го врши фирмата, со тоа што бидејќи ќе се води како клуб, клубот ќе има свое членство кое за да ги ползува најосновните услуги на фирмата - простор (струја, вода, кирија, греење...) во кој ќе се практикува услугата ќе мора да се воведе членарина. Меѓутоа прашањето е колкава да биде таа на месечно ниво? Со членарината, членот ќе си овозможи користење на просторот во термините кои за тоа ќе бидат предвидени и инвентар (работна маса и одредени помагала кои би биле дефинирани како основни) обезбеден од фирмата давател на услугата. Сите останати алати, средства и помагала кои заради својата специфичност и цена членовите не би биле во состојба да си ги приуштат, а фирмата ги обезбедила и им овозможува да ги користат, ќе бидат подложени на паушал на дневно користење или нешто слично. Сепак ќе мора да се наплати амортизација, со цел во иднина да се набават нови за да се овозможи континуитет на услугите.

apaskalmmx wrote:Техничка:
Како и секоја работа така и ова бара одредено техничко предзнаење на работата, ако сакаш да научиш да играш фудбал мора да има некој што знае да игра па да те научи. Ако зборуваме за макетарство/моделарство можам да кажам дека имаме доволно членови на форумот кои се искусни во она што го работат, прашањето е колку од нив сакаат да полагаат за наставници и понатаму да можат своето знаење да го пренесуваат преку некој курсови и тренинзи. За макетарство незнам, но за моделарство знам дека секој наставник мора да полага технички дел и методика или како да се викаше.


Луѓето кои би биле инволвирани во водење на клубот имаат доволно искуство во областа на макетарството (не зборам за моделарството затоа што таа област во прво време не е планирана, но се остава простор доколку има заинтересирани за истата да се вметне во работата на клубот). Незнам како било во моделарските секции при аероклубовите меѓутоа земајќи предвид дека макетарството во Македонија никогаш не достигнало ниту почетничко ниво незнам кои би биле критериумите и каде би полагал некој иден "наставник по оваа дисциплина (макетарство)". Која е таа институција која би дала соодветен сертификат или некаква диплома за тоа, односно кои би биле тие "стучни кадри" кои би можеле да оценуваат нешто што во моментов како дисциплина не постои ниту пак постоела во Македонија.

apaskalmmx wrote:Едукативна:
Покрај сите работи да не заборавиме дека клубот е место каде што се собираат млади челнови и тука учат многу повеќе работи покрај играат и забавата во ова хоби. Едноставно кажано средината диктира темпо и натпревар помеѓу младите и за научните области и за подобро изработен модел. Тука е местото каде што се осудуваат слабите отценки на училиште и слично(да не должам ме рабирате).


Сосема се слагам со тоа! Целта на клубот во суштина е да се привлечат што е можно повеќе млади пред се заради дружба и попаметно искористување на слободното време.

apaskalmmx wrote:Придобивки да членуваш во еден ваков клуб:
Простор за работа - сите знаеме дека ако сакаш да работиш со ова хоби мора да имаш простор за работа, значи просторија која можиш да ја валкаш кога сака и да чистиш кога сакаш - работилница. Без ваков простор кој е специално за работа на хобите е многу тешко да се работи.
Алат - без алат ништо не можеш да направиш, клубот нуди одредени алати кои не можиш сам да си дозволиш да купи или ако можиш е финансиски неисплатливо.
Знаење - Секогаш во клубот има некој кој може да ти помогне да го решиш проблемот на моделот.


Како што наведов погоре, простор би бил обезбеден и соодветно опремен, а луѓето што ќе го водат несебично ќе го споделат своето искуство со корисникот (членот) на клубот.

apaskalmmx wrote:Имам своја работилница каде што работам па еве како изгледаат мојте одоговри на она што прашува Драган:

Колку често би го посетувале клубот - не повеќе од 3 пати неделно
Термини во текот на денот/неделата - обично работам поручек во работни денови а сабота и недела и од сабајле.
Која би била чланарината - многу е битно што клубот нуди како услуга а после тоа која е цената за таа услуга.


За термините останува да се поделат меѓу двете фирми, меѓутоа земајќи предвид дека има 6 дена во неделата кои се земаат како работни значи дека за макетарскиот клуб би имало три дена. Како и школите за странски јазици термините за искористување на просторот би бил во послепладневните и вечерните часови - најкасно до законски предвидените рокови за вакви институции и пред се тоа зависи од тоа дали просторот ќе биде деловен или ќе се изнајми стан со соодветна квадратура (сето ова зависи од законски предвидените норми).
Членарината во првите пресметки би се движела помеѓу 600ден и 900ден, но не под 600ден. Ова базира на предвидувањето дека ако не друго барем делот од киријата што ќе падне на товар на макетарскиот клуб делумно да биде подмирен со овие средства, што значи дека фирмата во чија сопственост би бил клубот ќар од членарините ќе нема, а сепак би овозможила соодветен простор и услови за работа на нејзините членови.

apaskalmmx wrote:Пример - правам носач за моторот на модел и ми треба парче шперплоча во форма на квадрат со димензија од 5 сантими, јас за ова парче морам да купам цела табла 2400mm X 1200mm, таму да ми ја исечат на парчиниа помали за да можам со кола да ја пренесам до работилница и псоле тоа да вадам парче мало, остатокот од табалата што не сум го употребил ќе се искрива и е неупотребливо доколку не го чувам по пропис. (нели е сложено! )

Пример - моделите имаат чудна особина да паѓаат и да се кршат па потербно е да имаш резервни делови цело време на лагер и тоа не ефтино, ако сакаш да леташ активно во сезоната мораш да накупиш резервни делови кои одат во пакување по 10 или 20 парчина а ти како резерва сакаш да имаш 2. Обично ситници кои коштаат 1-2 долари ако ги немаш ќе мора да чекаш и 3 недели за да стигнат од Кина.
Предпоставувам дека ме разбирате сите, дадов пример од моделарство бидејки незнам кои се проблемите кај макетарството.

Уште еден пример - јас сакам моделот да го изфарбам и да научам нешто за таа техника, за да купам опрема за фарбање за 1-2 модели во годината ми е преголема инвестиција и немам простор кај да работам со боја, ако во клубот има опрема за фарбање и на тоа некој да ми одржи курс како да работам не гледам зошто не би платил да си го изфарбам моделот за поефтино во клубот.

Ако клубот има знаење, матерјал на лагер, резервни делови и алат тогаш се формира една целина која е поефтино да членувањ во таков клуб од колку да работиш сам.

Од вакви причини ни пропаднаја сите моделарски работилници/секции по аероклубовите низ Македонија, нема матерјал за работа, се што се купува се купува на мало и е скапо од странство, нема наставници и слично.

Сега за сега е доволно ...

Поздрав
Паскал


Како што наведов - инвентарот и основните средства за практикување на макетарството би биле набавени и би ги поседувал клубот со неговото отворање. Се останато, па и воведувањето на курсеви за основно и напредно макетарство би биле овозможени доколку се создадат услови и доколку има заинтересирани за тоа. Тоа би предвидувало изработка на една до две макети кои заедно со користењето на сите расположливи алати и помагала на клубот би влегувале во основната цена на курсот со исклучок на потрошниот материјал (лепила, бои, разредувачи, лакови, китови и.т.н, и.т.н) кои како и книгите во школите за странски јазици би паѓале како дополнителен трошок на терет на курсистите. Од тој аспект наведов дека за курсеви потребно е да се создадат услови односно оние што би биле идни курсисти би требало да бидат доволно свесни за трошоците на оваа услуга. Сепак курсевите за странски јазици претпоставувам дека повеќето знаете како се одвиваат, а цената на месечната надокнада за 2 часа неделно не е во просек под 1000ден (ова важи за Скопје).

Е сега; Драган ги наведе некои од основните прашања, Паскал наведе некои од аспектите и свои согледувања за да се отвори еден ваков клуб, јас појаснив кои се начелните согледувања и перспективи кои ги има разгледувано компанијата што сака да го отвори овој клуб; Поентата беше членовите на форумов кои имаат интерес за оваа област малку поинтензивно да дадат свои сугестии. Се надевам дека до крајов на неделава би имале барем десетина одговори.

Поздрав,
Марјан
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 15:44
Location: Skopje

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby igor_mk » 12 Apr 2012, 00:00

Браво за идеава ! само напред !

Мој совет - за да добиете и на квантитет и на квалитет околу ова истражување кое сакате да го спроведете , потребно е само малку повеке маркетинг по другиве веб страни , во најмала рака Фејсбук во склоп со еден онлајн прашалник во стилот : - дали сте запознаени со оваа хоби - колку времи / пари би одвоили за истото , дали има потреба во Ск. да се создаде еден ваков клуб и сл . (со веќе дадени неколку можни одговори , од кои треба да се штиклира само еден ) со што горе доле ќе добиете една појасна слика за состојбата и заинтересираноста на народт околу оваа тема . Поздрав .

нешто во овој стил - https://spreadsheets.google.com/viewfor ... E6MA#gid=0
Kolku poveke stari idei imas tolku poveke novi ke mozes da sozdades.
igor_mk
Капетан на B737
Капетан на B737
User avatar
 
Posts: 454
Joined: 22 Sep 2006, 15:49
Location: Скопје - Македонија

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby apaskalmmx » 12 Apr 2012, 04:41

firefox wrote:
apaskalmmx wrote:Техничка:
Како и секоја работа така и ова бара одредено техничко предзнаење на работата, ако сакаш да научиш да играш фудбал мора да има некој што знае да игра па да те научи. Ако зборуваме за макетарство/моделарство можам да кажам дека имаме доволно членови на форумот кои се искусни во она што го работат, прашањето е колку од нив сакаат да полагаат за наставници и понатаму да можат своето знаење да го пренесуваат преку некој курсови и тренинзи. За макетарство незнам, но за моделарство знам дека секој наставник мора да полага технички дел и методика или како да се викаше.


Луѓето кои би биле инволвирани во водење на клубот имаат доволно искуство во областа на макетарството (не зборам за моделарството затоа што таа област во прво време не е планирана, но се остава простор доколку има заинтересирани за истата да се вметне во работата на клубот). Незнам како било во моделарските секции при аероклубовите меѓутоа земајќи предвид дека макетарството во Македонија никогаш не достигнало ниту почетничко ниво незнам кои би биле критериумите и каде би полагал некој иден "наставник по оваа дисциплина (макетарство)". Која е таа институција која би дала соодветен сертификат или некаква диплома за тоа, односно кои би биле тие "стучни кадри" кои би можеле да оценуваат нешто што во моментов како дисциплина не постои ниту пак постоела во Македонија.


Не сум сигурено но мислам дека федерација формираше комисија пред која наставниците по моделарство имаа полагање на неколку испити пред комисијата и се стекнуваа со правото да можат да држат часови. Мислам дека не станува збор за мерење на знаења, повеќе е некоја законска рамка која не дозволува работа со деца доколку не се положени оние испити од педагошки факултет(методика, психологија или како и да беа). Истото важеше и за тие наставници што работе во народна техника.
Ако треба можам да прашам во Битола некои од наставниците.


@firefox - благодарам на одговорите, планот што го имате е за поздравување.

Планираната чланараина на месечно ниво е прифатлива според мене.

Уште неколку дополнителни прашања:

Ако речиме дека ќе има курсеви за деца, многу е битно покрај чланарината да се има информација за орентациониот трошок на месечно ниво за макетите/моделите во китови и пропратни работи како лепил и слично.
Пример:
За почетен курс треба да направат некоја макета која би коштала 20 евра да се купи во кит од странство и дополнително уште 5 евра за лепило и боја, оваа би ја правеле 2-3 месеци.(незнам колку пари се макетите, лупам бројки)

Колку пари ќе ги кошта родителите на месечно ниво комплетно(чланарина, курс, матерјали) ? (орентационо, знам дека за точни бројки е рано да се каже)

Од која возраст можат да почнат деца да посетуваат еден ваков курс?

Многу ми е битно да успее овој проект, имам мало дете кое во иднина сакам да го пуштам да посетува курсеви за макети/модели. Но главен предуслов е клубот и наставата да бидат сериозно организирани. Знам дека се трудите максимално, планот ви е супер и само напред.

Поздрав
Паскал
apaskalmmx
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 151
Joined: 15 Jun 2010, 09:56

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby firefox » 12 Apr 2012, 08:36

apaskalmmx wrote:Не сум сигурено но мислам дека федерација формираше комисија пред која наставниците по моделарство имаа полагање на неколку испити пред комисијата и се стекнуваа со правото да можат да држат часови. Мислам дека не станува збор за мерење на знаења, повеќе е некоја законска рамка која не дозволува работа со деца доколку не се положени оние испити од педагошки факултет(методика, психологија или како и да беа). Истото важеше и за тие наставници што работе во народна техника.
Ако треба можам да прашам во Битола некои од наставниците.


Во врска со законските рамки, од министерството за образование добивме образложение дека формирањето на вакви клубови како и школите за странски јазици не подлежат под нивна ингеренција и се третираат како класични фирми кои даваат одредени услуги, со тоа што доколку издавате некаква диплома односно сертификат за завршен курс и имате членарина има опција подружницата да се пријави како неданочен обврзник со што се намалуваат трошоците. Така што законска рамка можеби важи за институции кои се под капата на државата од типот на Народна техника и сл, односно институции кои дел од буџетот го стекнуваат од државата и се на нејзин платен список.
Сепак добредојдена е секоја дополнителна информација!

apaskalmmx wrote:Уште неколку дополнителни прашања:

Ако речиме дека ќе има курсеви за деца, многу е битно покрај чланарината да се има информација за орентациониот трошок на месечно ниво за макетите/моделите во китови и пропратни работи како лепил и слично.
Пример:
За почетен курс треба да направат некоја макета која би коштала 20 евра да се купи во кит од странство и дополнително уште 5 евра за лепило и боја, оваа би ја правеле 2-3 месеци.(незнам колку пари се макетите, лупам бројки)

Колку пари ќе ги кошта родителите на месечно ниво комплетно(чланарина, курс, матерјали) ? (орентационо, знам дека за точни бројки е рано да се каже)

Од која возраст можат да почнат деца да посетуваат еден ваков курс?

Многу ми е битно да успее овој проект, имам мало дете кое во иднина сакам да го пуштам да посетува курсеви за макети/модели. Но главен предуслов е клубот и наставата да бидат сериозно организирани. Знам дека се трудите максимално, планот ви е супер и само напред.

Поздрав
Паскал


Значи во прво време предвидено е да функционира како клуб со членство, кој секако би се впуштил во маркетиншки опфат на општеството пред се заради создавање сериозна бројка на членови кои би воделе кон зголемување на интересот па дури и формирање на нови клубови надвор од овој се заради формирање на критична конкурентска маса која би водела до формирање на федерација, конфедерација, сојуз и слично заради вклучување на Македонија во регионалните, Европските па и светски збиднувања од оваа дисциплина.

Членарината ќе биде фиксна за сите без разлика на возраста и искуството со тоа што лимитот како возрасна граница би бил од 12 години па натаму. За курсевите треба малку поопфатна анализа земајќи предвид дека не се користи само пенкало и хартија. Според некои мои калкулации месечната надокнада за 2 пати неделно по 1час и 30мин активна работа би чинела помеѓу 6000 и 8000ден по семестар(полугодие) без потрошниот материјал. Знам дека ова изгледа многу меѓутоа е еднократно и потоа детето или курсистот продолжува како член на клубот со веќе познатата членарина меѓутоа со стекнато предзнаење и искуство кое му овозможуваат да се фати во костец со посложени проекти. Напредниот курс би чинел помеѓу 8000 и 10000ден - повторно еднократно и во траење од 4-5 месеци - школско полугодие. Ова важи и за основниот курс! Плус тука нема да има пушал за користење на сите алати и помагала туку тоа ќе влегува во цената на курсот!

Користењето како што кажав на одредени помагала и алати кои се скапи и неприемчиви за поголемиот дел од членството би се наплаќале паушално на дневно ниво секако тоа би била народска цифра, немам намера како Мавровци што издваат велосипед од Собим кој чини 7000ден во продавница, а тие го издваа последен пат кога прашав пред 4-5години 2000ден од саат па сега види кој е есапот!

Макетите кои би влегувале во склоп на курсот не би биле скапи туку би биле поефтини и поедноставни затоа што целта е детето или курсистот да ги научи техниките, макар и ја уништил макетата. Сепак оние што се бават со ова знаат дека во почетоците повеќето макети завршуваат во канта, па дури и искусни макетари знаат да заебат макета и да ја фрлат.
Потрошниот матерјал би бил во склад со пазарните цени и тука нема можности за маневар!
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 15:44
Location: Skopje

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby dragan_mig31 » 15 Apr 2012, 11:37

Не би било лошо да пишат и макетарите кои се активни на форумов.Да ги чуеме вашите мислења ако не е проблем..
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 23135
Joined: 04 Aug 2006, 13:01
Location: Југославија

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby Jak » 24 Apr 2012, 07:37

одлична иицијатива

мислам дека прво треба да се дефинира јасно целта, па според тоа да се изгради стратегијата на клубот. Ако целта е да се развива и одржува макетарството, тогаш ќе се превземат едни активности, ако целта е да се популализира преку курсеви за деца - други, итн. Не знам како функционираат слични клубови во странство, сигурно Драган има повеќе информации. Тука, сметам дека е малку прерано и нагло ако веднаш се почне со курсеви за деца. Според мене клубот би било место каде што би се собирале макетари кои веќе работат и луѓе кои самониницијативно пројават желба за макетарство. Вака би се направила некоја структура, баш „клуб“ на макетари (од различни профили, искуство, начин на работа итн). На состаноците, би се разменувале искуства, техники, би се носеле макети во некоја фаза на изработка за коментирање/барање помош/совет. Извесно време имам поминато во Народна Техника, и барем мене лично, секогаш ми било подобро да работам дома, отколку во работилница. Па посебно сега со макетарството, во секој момент знам каде имам некоја лицна низ куќава, или конец, игла... било каква ситница. Но затоа има нешта кои се релативно скапи, па тоа би било добро да се набави (ербраш и компресор на пр.).

Откако ќе се створи ваква клубска структура на сеиозни макетари (макар биле и тројца) може да се размислува за курсеви за почетници. Од нив нема да има голема корист, ако откако ќе заврши курсот малкуте кои ќе сакаат да продолжат да се бават со макетарство, нема да имаат врталиште и свое место. Затоа е потребна здрава структура.

За членарината... не знам како е во Скопје, ама мене 1000 денари месечно ми звучи како многу. за курс... ок, и малку е, ама за клубска членарина... не. Затоа и школите за странски јазици се школи, а клубовите - клубови. Подобро би било како што прочитав погоре, членарината да биде, да речеме 600, а потоа да се направи некој ценовник за користење на материјали или техника.

Мислам дека две до три средби неделно се максимум. Бидејќи не сум од Скопје, не знам како би се вклучил, но ако некако можам да помогнам, стојам на располагање.
Jak
Капетан на B737
Капетан на B737
User avatar
 
Posts: 430
Joined: 04 Nov 2009, 23:00
Location: Tetovo

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby gogiche » 10 May 2012, 11:32

Почитувани, сакам да ја поддржам идејата за отварање на клуб!
Ве молам уабво разгледајте и размислете ги моите сугестии и предлози.
Се сметам компетентен да дискутирам на оваа тема бидејќи повеќе од 4 години работам во бизнисот со играчки односно увоз и големопродажба. Мојата фирма ги увезуваше Ревел.

Во голем дел се согласувам со она што го има посочено Паскал.

Според мене треба да се направи здружение на граѓани (постои скоро темплејт и едноставна постапка за тоа)
Простор се изнајмува од СИЗ-државен и за ефтини пари одприлика од 50-100Еур. Месечно
Сметам дека реално и добро е киријата за тој простор да се покрива преку чланарина за ФОРУМОВ односно сите членови на форумов да плаќаме некоја симболична чланарина како би собрале пари за кирија. Оваа идеја може да функционира на почетокот за да се поддржи формирањето на клубот и да се олесни неговото постоење така што теретот КИРИЈА нема да падне само на оснивачите на клубот него ќе биде НАША обврска.

Како БИЗНИС-идеја отворањето на ваков клуб е добра но за жал не во Македонија! Овој аргумент го подкрепувам со фактот што сме мал пазар и реално нема некоја голема заинтересираност за ова обширно и скапо хоби во земјава. Уште еден факт е дека моментално СИТЕ бизниси се во криза! Клубот како клуб би се отворил за да се промени оваа ситуација.

Според мене ОСНИВАЧИТЕ- оние неколку луѓе кои имаат можност, материјали и време да му посветат на ова врталиште треба тоа да го направат инвестирајќи дел од СВОЈАТА опрема (компресор, аир браш, бои, стари неинтересни макети исл. ) како и да посветат ВРЕМЕ кое ќе го проведуваат таму за да ги анимираат луѓето и со тоа да им се возможи да видат, да се заинтересираат и да стнат членови во клубот. Кога клубот ќе има доволно членови со најразлично искуство особено млади и неискусни ТОГАШ се прави план за одржување на курсеви исл.
Клубот би вртел душа (ако може така да кажам) на почетоците благодарение на членовите на форумот и на оние храбри момци кои би се нафатиле тоа да го оформат. Во спротивно отворањето на Клуб е гооолема инвестиција и тука ќе се надоврзам на Паскал, секогаш ќе има дефицит од материјали исл.
Втора опција за работење во клубот е...Секој кој што сака да склопи некоја макета или да направи модел ќе треба преку клубот да ги испазари потребните основни материјали (бои,лепило,кит,шмиргли итн) и да дојде да го сработи своето во клубот со предходна најава и закажување на термин. Вака во почетокот постојано ќе има некој кој ќе работи и местото ќе биде постојано живо и ќе привлекува внимание.
Јас би можел да помогнам во афримацијата на местото преку организирање на ТВ екипа која ќе сними прилог за истото.

Се надевам помогнав и реално прикажав каков би бил најлесниот пат до Хоби Клуб.

Поздрав
Гого
gogiche
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 09:30

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby gogiche » 10 May 2012, 11:37

п.с Ваква идеја се реализи само ако ИДЕОЛОЗИТЕ (ОСНИВАЧИТЕ) се спремни да жртвуваат максимум и ако членовиве на форумов се доволно НЕсебични да ги реализираат проектите преку клубот со што остатоците од набавката практично ќе ги подаруваат на членовите на клубот со што ќе ги стимулираат особено оние неискусните подлабоко да навлезат во ова хоби.
gogiche
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 09:30

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby gogiche » 10 May 2012, 11:39

п.п.с Втората опција е да најдеме некој несебичен Милионер :)))) Oткако ќе се насмеете може да го избришете коментаров бидејќи ова е шега на сериозна тема
gogiche
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 09:30

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby firefox » 10 May 2012, 12:13

Фала @gogiche за сугестиите и согледувањето на проблематиката од твој аспект. Многу работи што ги посочи се така, освен онаа за здружение на граѓани. Здруженијата на граѓани под default во Македонија се или пералници на пари, или блиски до некоја партија или пак се финансирани и во позадина стојат странски финансиери. Оние малкуте ентузијастички кои некако кубурат или ај да не кажам функционираат се здруженијата поврзани со загрозени слоеви на граѓани, корисници на специфични здравствени услуги или земјоделски и корпоративни здруженија позади кои стојат повторно фаци кои живеат на државен трошок или пак се сопственици на некои од производните капацитети кои ги лапнаа во матната приватизација. Можеби малку претерав во реченицата, ама кратко - здрженија составени од ентузијасти во Македонија или пропаѓаат брзо или едноставно неможат да соберат повеќе од 10 до 15 луѓе, што секако гледано од финансиски аспект е неиздржливо.Најблиско здружение од ваков тип е Сојузот на здруженија за тахничка култура или попозната за нас како Народна техника. Таму ништо не функционира освен во главите на одговорните. Одамна се замрени некои од здруженијата, а ниту одговорните не се заинтересирани за соработка. Тие живеат на државен трошок, крцкаат кирии од она што го имаат издадено и се своевиден затворен круг. Пробано е со нив во претходните години да се оствари некоја соработка, меѓутоа освен тапкањето по рамо не добивме ништо и на крај јасно ни беше предочено дека џабе се трудиме!
Формирањето на клуб поддржан од фирма е најперспективно.. АМА..., како што кажа проблем се издатоците кои треба и е спремна фирмата да ги издржи во ова кризно време. Според моите калкулации во првата година од функционирање на клубот поддржан или формиран од фирма би имал трошоци од прилика 7-8 илјади евра (простор-кирија, струја, вода, телефон, инвентар, надгледни средства, ХТП ако е неопходно, фирмарина ако се работи за подружница и други дополнителни трошоци што си одат со функционирањето на клубот). Што значи тука не влегуваат потрошните материјали и сл.
Месечниот надомест во вид на членарина (600- 1000ден макс) е проблематична ставка затоа што освен 5-10 ентузијасти другите заинтересирани кои немаат многу време, а сепак го практикуваат макетарството во домашни услови не би се подложиле на тој трошок. Од членовите на форумов, ако 10 души се сложат да плаќаат членарина, јас би бил пресреќен - мислам дека повеќето што пишаа на овој топик приметивте дека одзивот е поразителен.
Фирмите кои го планираа ова во моментов се status quo во однос на идејата за формирање клуб и ја одложија до Септември, токму поради катастрофалниот одзив на некои анкети вклучувајќи ја и оваа на овој форум, а според мене токму оваа беше најпоразителна.
Сепак останува како идеа. Повторно ќе посочам дека идејата за здружение е добра во нормална држава, во Македонија НВО е слаба нишка. Јас бев член на времето на здружението Делта 7 кое имаше членство составено од ентузијасти во областа на воената техника и вооружувањето. Мислам дека функционираше некои две години можеби три, без некој успех со петнаесетина членови макс, при што состаноците се држеа по кафичи. Ако некој случајно бил се сеќава на средбите во кафичот во подрумот на трговскиот Буњаковец.
Поздрав и им благодарам на сите што излегоа со свои видувања, останува идеата - јас типувам на нејзина реализација!
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 15:44
Location: Skopje

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby dragan_mig31 » 10 May 2012, 13:57

Што викате деновиве да се соберем у некој кафиќ и да напрајме мубает?Сите макетари кои се на форумов а не има едно 7-8 сигурно.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 23135
Joined: 04 Aug 2006, 13:01
Location: Југославија

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby gogiche » 10 May 2012, 16:16

Мојата сугестија беше во насока на тоа како да се дојде до КЛУБ побрзо и поефтино.
Здружение како здружение има најмалце трошоци, секоја друга опција е прескапа во однос на
одржување. Имам повеќе пријатели кои функционираат преку здружение, набавуваат материјали исл.
Проблемот кај македонецот е тоа што никој не сака да вложи на невидено па од тука и предлогот
да го направат клубот оние со најмногу услови и материјали во моментот за да може полека полека
луѓево да се убедат дека се си функционира како што треба.
Ако сите прват макети, модели исл по дома за да се отвори нешто што би работело треба Се да се канализира
во клубот за во него да постои некакво движење. Немора и нема теорија секој СИТЕ модели да ги прави во Клуб од разно-разни причини (немање време, комфорност и опуштеност во работата итн) но на почеток тој клуб за да работи мора да има место кое ќе функционира макар и да се пие пиво и да не се работи ништо.
ОК ако некој има да си даде од џеб 500-1000 и повеќе евра тогаш нека тера, него тоа веќе не е клуб него е приватна сопственост од кој после веме поединци ќе имаат некаков интерес. Затоа преложив клуб да формираат они со најмногу услови и материјали за почеток...членовите на форумов преку чланарина да ја поддржат идејата односно да ги растеретат основачите од кирија. Кога би почнало тоа да функциониара на овој начин следно би било: Здраво дечки ја сум Гого имам модел пр. Супер Кобра од Ревел би сакал да го направам кај вас...Ми треба помош бидејќи не сум фарбал со аир браш до сега, ги имам сите потребни материјали кога моќам да дојдам некој да ме посоветува и подучи. Одговор- Добро Гого чим имаш се и си платил чланарина повели во петок во 5 саат...
Се јавуе Петко- Имам тоа и тоа немам бои,кит и аир браш...Ок Петко во среда во 11 дојди...боите се 10Е (пример) чланарина се уплаќа на таа и таа сметка...Во меѓувреме додека Петко работел со боите задно со Драган и Гого (пример) поминале 2 деца...виделе дека нешто таму се работи и оп влегле...Здраво деца...Што е ова-рекле децата...Е ова е клуб за тоа и тоа...а како ние да си праиме ова она...и све им се објаснува и децата си се зачленуваат...А од кај да си купиме тоа што ни треба...Е ок сеа ќе разгледаме што ви треба...Да ок...преку клубт тоа ќе ве чини толку пари...И така ќе се соберат и материјали и се...Е кога вакви деца ќе има 10тинна....тогаш се вика е сеа деца сакате да праиме курс каде што Драган ќе ви покаже се по ред....Да сакаме...Курсот чини толку има толку часови итн...

Значи сметам дека мешате некои работи, комплицирате и премногу далеку гледате на работава Клуб...
Да имав доволно искуство и насобрани материјали јас ова веќе ќе го направев па после самото ќе си каже
на каде ќе води дал кон бизнис или кон една хоби работилница во која наместо да дремеме на нет и да се допишуваме ќе се гледме таму 1.2.3 пати неделно кој колку може и заеднички ќе правиме чуда.

Тоа е од мене на темава
Овер анд Оут
Гоооогле
gogiche
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 09:30

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby gogiche » 10 May 2012, 16:26

Уште нешто (извинете што допишувам) Сите на форумов треба да сватат дека и за постоење на форумов требаат пари! Неможе се и секое нешто да биде без пари... Треба да се свати дека Луѓево што постираат прекрасни фази од нивното работење и делат совети за да стигнат до тоа поминале и потрошиле многу- ОВА ТРЕБА ДА СЕ ЦЕНИ!
Така да не е благодарно доколку форумов има таква идеја, а во него членуваат и се активни Х луѓе да не ја поддржат идејата финансиски...Ако би плаќале по 300ден месечна чланарина за форумов 20 души за 100Е има каде да се најде простор...Да не праиме муабет дека за 150Е има профи дуќани каде сакаш низ центаров...Ние треба да збориме нешто ДО 100Е за ако некој месецот нема за чланарина ленсно да му се опрости на крајот на краиштата никој нема да се осиромаши ако еден месец наместо 300 даде 350ден пошто некој немал пари...
gogiche
Падобранец
Падобранец
User avatar
 
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 09:30

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby firefox » 10 May 2012, 18:28

Мислам дека муабетов треба да го правиме лице в лице, затоа што она што јас ти го предочив се базира на калкулации, контакти, видувања итн, итн, во насока на отварање на таков клуб во временски период од неколку години наназад и подетално сумирање на реалните можности во последниве десет месеци. Она што погоре го нафрли -
Здраво дечки ја сум Гого имам модел пр. Супер Кобра од Ревел би сакал да го направам кај вас...Ми треба помош бидејќи не сум фарбал со аир браш до сега, ги имам сите потребни материјали кога моќам да дојдам некој да ме посоветува и подучи. Одговор- Добро Гого чим имаш се и си платил чланарина повели во петок во 5 саат...
Се јавуе Петко- Имам тоа и тоа немам бои,кит и аир браш...Ок Петко во среда во 11 дојди...боите се 10Е (пример) чланарина се уплаќа на таа и таа сметка...Во меѓувреме додека Петко работел со боите задно со Драган и Гого (пример) поминале 2 деца...виделе дека нешто таму се работи и оп влегле...Здраво деца...Што е ова-рекле децата...Е ова е клуб за тоа и тоа...а како ние да си праиме ова она...и све им се објаснува и децата си се зачленуваат...А од кај да си купиме тоа што ни треба...Е ок сеа ќе разгледаме што ви треба...Да ок...преку клубт тоа ќе ве чини толку пари...И така ќе се соберат и материјали и се...Е кога вакви деца ќе има 10тинна....тогаш се вика е сеа деца сакате да праиме курс каде што Драган ќе ви покаже се по ред....Да сакаме...Курсот чини толку има толку часови итн...
од страна гледано, за луѓе што не се упатени, тоа би било и те како изводливо и навистина би се прашале па што ве спречува? Немој ни под разно да ме сфатиш погрешно или-ти дека имам некакви задни намери, ама се е лесно на лаф-муабет! Го прочитав неколкупати и искрено не е озбилно и не држи вода. Мислам дека и ти кога би си го прочитал уште еднаш би го сфатил тоа. Јас сум презадоволен што се појави уште еден ентузијаст и читам дека имаш многу елан односно си многу голем оптимист. Тоа ме прави не само мене, туку и останатите верувам многу посреќни, ама кога ќе дојдеме до моментот на отварање на клуб што мислиш како ќе отпочне сето тоа од твој агол....?
Еве бидејќи ти сметаш дека треба да се отпочне со здружение на граѓани јас прв ти давам подршка и не 350ден него од мене дупла членарина секој месец односно како за двајца ќе добиеш! Верувам дека тоа ќе го направи и Драган и Славчо и Дуци (па и Цули иако е од Тетово и би доаѓал можеби два-три пати во месецот), можеби уште два-тројца, но што потоа?
Плус цифритре што ги имаш нафрлано за дуќани се повеќе од произволни односно можам да заклучам дека не си во тек со таа проблематика, а особено за централното градко подрачје. Јас живеам во Хром и кај мене во зградите што искачаат на главната улица односно односно ул. Адолф Циборовски (тоа е улицата меѓу Порта Влае и Хром каде што врви 5-ка) се следните - 10Еура од квадрат од предната страна накај улицата - 7-8Еура од квадрат од внатрешна страна односно на Исаија Мажовски - иако тие се малку! Дуќан од 15квадрати - мин 150Еура. За центар не треба ни муабет да се прави, затоа велам дека за муабетов треба да седнеме и да го направиме сите заинтересирани лице в лице. Повторно ќе повторам несакам ова да го сфатиш како критика, а понајмалку дека има некаква зла позадина, чисто другарски!
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 15:44
Location: Skopje

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby bluemax » 10 May 2012, 22:13

Јас ја подржувам идеава за отварање на клуб и најдобро би било да се собереме на кафе
муабет деновиве како што предложи Драган!
bluemax
Едриличар
Едриличар
User avatar
 
Posts: 204
Joined: 23 May 2010, 15:06

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby firefox » 10 May 2012, 22:43

Јас сум за! Сабота или недела во секое време, утре би можел во терминот помеѓу 18ч и 21.30ч вечер, потоа сум на некоја друга дружба! Таман да ја споделам со вас ситуацијата од мој аспект односно од аспект на фирмите кои го потикнаа ова и моменталните согледувања, нормално да слушнам доколку некој има некое свое видување или пак информација, затоа што како што напоменав погоре последните десетина месеци само таму ми е паметот и нема ден, а да не направам некоја нова стратегија. Ова многу ќе ми олесни и се надевам дополнително ќе ми го крене моралот кој во последните месец дена, особено по анкетата тука искрено ми падна. Драган, Славчо и Микс тоа одлично го знаат затоа што сме во контакт, останатите дополнително ќе се запознаат односно запознаеме и секако ќе имаме можност да ги извагаме погледите.
Нека се каже термин јас го прифаќам!
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
User avatar
 
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 15:44
Location: Skopje

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby dragan_mig31 » 11 May 2012, 09:55

Ајде овака.Недела меѓуѕ 5-7 поручек?На кој му одговара нека пише?Ја фајерфокс и леопард сме за.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
User avatar
 
Posts: 23135
Joined: 04 Aug 2006, 13:01
Location: Југославија

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Postby bluemax » 11 May 2012, 11:12

ми одговара само кажете каде
bluemax
Едриличар
Едриличар
User avatar
 
Posts: 204
Joined: 23 May 2010, 15:06

Next

Return to Макетарство и Моделарство / Modeling

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests

cron