Светски куп Кавадарци 2009 |
Среда, 08 Април 2009 16:18 | |||
На 5 Април 2009 година на спортскиот аеродром Мало Коњари во Прилеп се одржа Светскиот куп Кавадарци 2009 во слободнолетачки модели за јуниори Ф1Х, кој го организираше аеро клубот Витачево од Кавадарци.
На натпреварот кој се одржа во идеални услови посебно за јуниори т.е. мирно, тивко и сончево време, учествуваа натпреварувачи од три аеро клубови од Македонија и тоа од Прилеп, Битола и Кавадарци со вкупно 15 натпреварувачи. Напреварот почна во 10 часот и се одржаа предвидените пет турнуси во кои скоро сите натпреварувачи стартуваа. Еден натпреварувач од Кавадарци оправдано поради повреда не можеше да учествува во натпреварот. Натпреварот се одржа во најдобар ред, немаше никакви приговори на организацијата и судењето а резултатите беа повеќе од задоволувачки, барем за првите пет места. На крајот по сумирањето на резултатите првото место го освои Попов Сашко од Кавадарци со 553 бода од можни 600, втор беше Стошиќ Небојша од Кавадарци со освоени 499 бода, за кого ова беше прв натпревар. Третото место го освои Атанасовски Младен од Прилеп со освоени 496 бода, кој на четвртопласираниот Исаков Александар од Кавадарци му избега за само два поена.
По завршувањето на натпреварот и прогласувањето на победниците од страна на постарите моделари од АК Витачево се изврши демонстративно летање на модели од категориите Ф1А и Ф3Ј, што беше и покана за учесниците на овој натпревар за во недела на 12 Април 2009 година на истото место да дојдат и да присуствуваат на Куп натпреварот во радио управувани едрилици во категорија Ф3Ј, кој исто така го организира аеро клубот Витачево од Кавадарци, а доколку има и такви кои се чуствуваат спремни да учествуваат ќе ни биде мило да ги видиме на натпреварот.
|