North American F-86 Sabre PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 Ноември 2006 09:52

North American F-86 SabreСеверно-американскиот F-86 Sabre е еден од најуспешните и најелегантните ловци од американската флота во 1950-те години. Интересен е фактот кој говори дека постоењето на овој авион се должи на американската морнарица, а не на американските воздушни сили. Во 1945 година со крајот на Втората Светска Војна, USAF експериментира со тогаш познатиот FJ-1 "Fury" кој дотогаш користел прави крилја, односно крилјата бил под прав агол. Со применување на технологијата на закосени крилја, која била докажана во намалување на отпорот, доаѓа до раѓањето на F-86 Sabre.

 

Предностите на овој авион биле зголемената прегледност од кокпитот, огнената моќ од 6 М-3 12.7 мм митралези и J35-A-5 turbojet моторот кој подоцна бил заменет со J-47 turbojet кој официјално го пробива звучниот зид на 26 април 1948 година. Иако овој авион не бил дизајниран за суперсоничен лет, имал капацитет да го пробие звучниот зид додека се спушта нагло надолу, исто како кај Douglas DC-8 i Boeing 747. На 18 мај 1953, Jacqueline Cochran летајќи со канадската верзија F-86E станала првата жена која го пробила звучниот зид. Во поранешна Југославија, како корисник на овој тип на авиони, на 31 јули 1956 година за време на тренажен лет, е забележано првото пробивање на звучниот зид над југословенското небо од страна на полковникот Никола Лекиќ.

Југословенски North American F-86 Sabre

По само неколку години од производството на овој авион доаѓа до негова потполна употреба во Корејската војна, каде за негов противник го среќава познатиот МиГ-15. Двете летала имале слични перформанси, дизајн и наоружување, но сепак F-86 Sabre успеал да воспостави воздушна предност во однос на МиГ-15 со што односот на соборени авион бил 1:8 во полза на F-86. Со докажаните борбени и аеродинамички способности станува стандарден авион во американското воздухопловство. Неколку години подоцна се воведува во НАТО членките и СФРЈ.

 

North American F-86 Sabre

 

 F-86 Sabre

BORG