Историја на авијацијата: Суровите почетоци PDF Печати Е-пошта
Четврток, 28 Септември 2006 11:12

Дедал и ИкарЖелбите на човештвото да лета најверојатно датираат од првиот пат кога преисториските луѓе ги набљудувале птиците, најдобро опишани во легендарната приказна за Дедал и Икар. Денес, илјадници години подоцна, сонот на Дедал е остварен, а за патот до него, авијацијата бележи безброј интересни приказни и важни чекори кои придонесле за нејзиното развивање. На повеќе ќе ги спомнеме најважните.

 

 

 

 

За време на IX век, Маварите Армен Фирман и Абас Казим Ибн Фирнас изработувале и летале со еден вид на параглајдери. Монахот Елмер од Малмесбури го правел истото околу 1010 година, летајќи на растојание поголемо од 200 метри, најверојатно инспириран од описите во приказната на Дедал. За време на посетата на Кина во XIII век, Марко Поло се вратил со неверојатни приказни за луѓе кои носат змаеви на своите грбови и со помош на поволните ветрови летаат на одредено растојание. Скоро два века подоцна, во XV век, Леонардно да Винчи дизајнирал летало (параглајдер, неговите цртежи постојат и денес). Леталото никогаш не било изградено од Леонардно, но неговите планови беа зачувани, па во доцниот XX век беше изградено ова летало со помош на материјали кои би биле достапни на Леонардно во времето кое живеел. Дизајнот изгледал способен да лета, а прототипот успеал да полета меѓутоа многу веруваат поради научното толкување со модерни познавања на аеродинамичките принципи. (Леонардно исто така дизајнирал и хеликоптери, меѓутоа судејќи според цртежите неговите дизајни не би можеле да летаат.)

Трупот на орнихоптерот на Леонардно да Винчи       Крилјата на орнихоптерот на Леонардно да Винчи

 

Во XVII век, турскиот научник Лагари Хасан Келеби се лансирал во воздух со помош на ракета, која ја составил од голем кафез со конусен врв наполнет со барут. Летот бил извршен како дел од прославата по повод раѓањето на ќерката од отоманскиот владател Мурат IV. Се верува дека турскиот научник атерирал близу Босфор и за тоа бил награден од султанот со високо место во Отоманската војска. Летот се верува дека траел околу 20 секунди а најголемата висина била 300 метри.

Иако повеќето луѓе мислат дека човечкиот лет започнал околу раните 1900 години на минатиот век, всушност, човекот летал претходните 200 години. Првиот човечки лет се одржал во Париз, 1783 година, кога Пилатр де Розие и Франсоа Арланде патувале 8 километри во балон на топол воздух, конструиран од браќата Монголфје. Балонот бил напојуван од оган на дрва и не можел да се контролира, одел каде што дува ветрот, народски кажано. Надминувањето на овој проблем не беше решен се до 1852 година, кога Хенри Гифард летал 24 километри во Франција, со мотор на пареа.

Друг битен потфат е изведен во 1884 година, кога првиот потполно контролиран слободен лет беше остварен во војничкиот цепелин Ла Франс од страна на Чарлс Ренард и Артур Кребс. 50 метри долг, цепелинот ги совладал осумтте километри за 23 минути со помош на електричен мотор со сила од 8,5 коњски сили. Како и да е, овие летала воглавно имаа кратка употреба и беа доста неотпорни. Контролираните летови нема да заживеат се додека не се употреби моторот со внатрешно согорување. Иако цепелините беа употребувани во Првата и Втората Светска Војна, па дури и денес имаме ограничена употреба од ентузијасти, нивното развивање беше засенето од производството на потешки-од-воздух летала.

 

USS Akron      Изградбата на USS Shenandoah Bau

Првиот објавен напис поврзан со авијацијата беше ''Скица на машина за летање во воздух'' од Емануел Сведенборг во 1716 година. Летачката машина се состоела од лесна рамка покриена со тврдо платно на која и биле вградени две крила кои се движеле во хоризонтална оска, наместени така што замавот нагоре не создавал отпор а замавот надолу создавал струја која ја кревала машината. Сведенборг знаел дека машината не е способна да лета, но сугерирал дека ова е само почеток и бил уверен дека проблемот ќе биде решен. Сведенборг со ова докажал дека суштината на летањето е напојувањето низ воздухот.

За време на последните година од XVIII век, сер Џорџ Кајли започнал со првите ригорозни проучувања околу физиката на еден лет. Во 1799 година тој испробал план за параглајдер, кој освен платното се друго било модерно и поинаку составено од дотогашните модели. Имајќи одделена опашка која го контролира движењето и поставеноста на пилотот под средишната точка за да добие стабилност, допринесле да го направи својот прв лет на неговиот мал модел во 1804 година. Наредните 50 година Кајли работел на проблемите што ги среќавал, па така ги открил повеќето од основните аеродинамични правила и ги именувал термините како кревање и отпот. Користел мотори на внатрешно и надворешно согорување, напојувани од барут, но првиот кој употребил гума како извор на моќ, бил Алфонс Пенауд. Тој правел малечки модели на летала кои биле напојувани од извртена гума која постепено се одмотувала и со тоа правела пропелерот да се врти. Подоцна Кајли се префрлил кон истражување да направи голема верзија на неговите модели, најпрвин изградил летало кое летало без пилот во 1849 а во 1853 неговиот пајтонџија направил краток лет од Бромптон до Скарборо во Јоркшир.

 

 

Во 1856, французинот Жан-Мари Ле Бри полета со својата едрилица ''L'Albatros artificiel'' која била влечена од коњ на плажа. Постигнал висина од 100 метри со растојание од 200 метри.

Ле Бри во ''L'Albatros artificiel''

Во 1874 година, Феликс ду Темпл го изгради ''Monoplane'', огромен авион направен од алуминиум во Брест, Франција. Авионот имал распон на крилја од 13 метри и тежина од 80 килограми. По повеќе обиди, авионот се кренал од земјата, летал за кратко и се спуштил безбедно назад. Со ова, ''Monoplane'' е запишан како првиот успешно напојуван лет во историјата, иако летот траел многу кратко.

Monoplane

 

1800тите години станаа период на интензивно проучување, карактеризирани од ''џентлментските научници'' кои ги претставуваа скоро сите истражувачки напори се до XX век. Почнувајќи во 1800тите подобрувања беа остварени во конструкцијата што придонесе до првата потполно практична едрилица. Тројца од оваа област беа најактивни: Ото Лилиентал, Перси Пилчер и Октав Шанут. Една од првите модерни едрилици е изградена од Џон Монтгомери, потполно контролирана летала надвор од Сан Диего на 28 август 1883 година. Овој потфат воопшто не бил познат се додека не поминале неколку години. Друг делта параглајдер бил конструиран од Вилхелм Крес во 1877 близу Виена.

Ото Лилиентал од Германија го ископирал дел од истражувањето на венхам, па доста поопширно го објавил во 1889 година. Во 1891 година бил способен да направи летови од 25 метри, а воедно и документирајќи ги искуствата со фотографии, со што станува еден од првите пионери во авијацијата. Исто така, ја промовирал идејата ''скокни пред да полеташ'', образложувајќи дека тоа ќе помогне кон полетувањето на леталото, наместо да се чека научниците да пронајдат доволно силен мотор кој ќе го однесе леталото во воздух. Денес, овој тип на летала се викаат параглајдери.

Се до неговата смрт во 1896 година тој остварил 2500 летови на најразлични модели. Додека летал со еден од неговите последни модели, силен ветар започнал да дува и го скршил крилото, а Лилиентал паднал од 17 метри и го скршил 'рбетот. Починал наредниот ден со последните зборови ''Жртва мора да биде дадена''. Лилиентал работел на мали мотори погодни за придвижување на неговите модели.

 

Ото Лилиентал се спрема да лета

 

Продолжувајќи каде застанал Лилиентал, Октав Шанут откако се пензионирал го финансира развојот на неколку параглајдери. Во летото 1896 година неговата војска тестирала неколку модели во Милер Бич, Индијана, за на крај да установи дека најдобриот модел е двокрилец, кој изгледа неверојатно модерен. Исто како Лилиентал, тој документирал се околу неговото истражување со фотографии. Шанут бил особено заинтересиран околу решавање на проблемот на природна стабилност за време на летот. Овој проблем птиците го совладуваат од инстинкт, меѓутоа луѓето би требало рачно. Највознемирувачкиот проблем била должинската стабилност, бидејќи кога се зголемувал аголот на навалување кај крилото, центарот на притисок се префрлувал напред, правејќи аголот да се зголеми уште повеќе. Без моментално исправување, авионот би изгубил брзина и би паднал. Низ овој период, бројни обиди беа спроведени за да се изгради вистинско напојувано летало. Најголемиот дел беа осудени на неуспех, бидејќи ентузијастите кои ги дизајнирале не ги разбирале проблемите кои Лилиентал и Шанут ги дискутирале.

Во Франција, Клемент Адер успешно го лансирал своето летало ''Eole'' придвижувано од мотор на пареа. Станува првото само-пропелерско летало кое достигнално долга далечина во историјата на летот - 50 метри во Париз 1890 година. По тестот веднаш се префрлил на дизајн во поголем размер, кој го градел 5 години. Моделот, ''Avion III'' бил претежок и едвај можел да се крене од земјата. Леталото изминало далечина од 300 метри на многу ниска висина.

Клемент Адер

Ова се дел од најважните настани кои ги обележаа суровите почетоци на модерната авијација. Во наредниот дел, продолжуваме со настаните кои следат по 1900 година.