Еден човек, еден мотор, еден океан. Spirit of St. Louis PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 25 Септември 2006 13:18

Spirit of St. LouisSprit of St. louis е рачно изработен авион користен од Чарлс Линдберг за да го оствари првиот соло без застанување трансатланстски лет на 20 и 21 мај, 1927 година. Тој полета од Roosevelt Airfield во Лонг Ајленд, Њу Јорк и успешно слета на Le Bourget Aerodrome во Париз, Франција. Летот траел 33 часа, 30 минути и 29.8 секунди.

 

 

Познат како Ryan NYP (Рајан Њу Јорк Полиција), авионот бил дизајниран од Доналд Хал од Ryan Airlines базиран на Ryan M-2. Иако дизајниран за летот од Њу Јорк до Париз и изграден во Сан Диего, авионот бил крстен по градот Сент Луис, поради финаниската подршка. Летот бил инспириран од Orteig Prize, награда резервирана за првиот трансатлантски без застанување лет помеѓу Њу Јорк и Париз. Наградата која ја освоил, била 25 илјади американски долари.

Чарлс Линдберг

Хал и тимот на Рајан Ерлајнс работеле заедно со Линдберг за да го дизајнираат и изградат еднокрилец со еден мотор и едно место за седење за само 60 дена со буџет нешто повисок од 10 илјади американски долари. Линдберг бил убеден дека мал авион со сигурен Wright Whirlwind J-5C мотор ги имал најдобрите шанси за комплетирање на летот. Воедно, трката со Атлантикот барала свои прилагодувања. Распонот на крилјата од Ryan M2 бил зголемен за 3 метри со цел да се создаде волумен доволно голем да собере 1,703 литри, пилот и опрема. Но, Линдберг одлучил дека опашката и контролните површини да останат релативно мали за да се намали кочењето и стресот на крилото. Ова придонесло до нестабилни карактеристики на лет, со тенденција на кривење, нуркање и навалување на трупот во одредени моменти. Ова било намерно направено за Линдберг да не биде преудобен и случајно заспие на контролите од авионот. Цврстото плетено седиште со истата намена било направено потполно неудобно. Линдберг исто така барал секоја непотребна тежина да биде отстранета. На пример, воопшто не поседувал радио уред бидејќи сметал е непотребна тежина. Иако Линдберг бил пилот кој разнесувал пошта, на неговото патување одбил да однесе било какво писмо сувенир, бидејќи знаел секој грам ќе чини повеќе гориво.

Spirit of St. Louis

За да заштеди гориво, авионот бил еден од најаеродинамичките авиони од своето време. Линдберг инсистирал големиот главен резервоар на гориво да биде поставен на предиот дел од трупот, пред пилотот. Со ова, при уривање на авионот за време на полетувањето, пилотот би бил во посигурна позиција позади моторот и резервоарите за гориво. Како резултат на ова, авионот немал предно стакло. Линдберг гледал преку двете странични стакла и се ориентирал преку основни навигациски инструменти. Исто така поставил мал перископ со кој внимавал на бродовите кога летал ниско над пристаништата и морските брегови.

Скица на авионот

 

Линдберговиот трансатлантски лет го направил позната звезда преку ноќ. Со познатиот авион одлетал и до Белгија и Англија пред претседателот Кулиџ не испратил воен брод да го врати Линдберг и авионот дома во Соединетите Американски Држави. Линдберг потоа летал со Spirit of St. Louis на турнеи за промоција и добра волја низ САД и Латинска Америка. Последниот лет го имал на 30 Април 1928 година кога авионот летал од Сент Луис до Булинг Филд, Вашингтон каде го преставил историскиот авион на Smithsonian Institution.

Оригиналниот Spirit of St. Louis моментално е изложен во National Air and Space Museum во Вашингтон, веднаш до Bell X-1 i SpaceShipOne.

 

Spirit of St. Louis